14 февруари
Од Википедија, слободната енциклопедија
| << | февруари | >> | ||||
| Н | П | В | С | Ч | П | С |
| 1 | 2 | |||||
| 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 |
| 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 |
| 17 | 18 | 19 | 20 | 21 | 22 | 23 |
| 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | ||
14 февруари е 45-иот ден во годината според григоријанскиот календар. Остануваат 320 денови до крајот на годината (321 во престапна).
Настани:
| 1663 | Канада стана француска провинција. |
| 1972 | Советскиот вселенски брод „Луна 20“ се упати кон Месечината. По 11 денови престој, назад донесе примероци од површината на Месечината. |
| 1995 | Перуанските власти соопштија дека го зазеле последното упориште на еквадорската војска на својата територија и прогласија едностран прекин на огнот во 19-дневната војна со Еквадор. |
| 1996 | Република Македонија воспостави дипломатски односи на амбасадорско ниво со Република Бангладеш. |
Родени:
| 1448 | Нанина де Медичи, ќерка на Пјеро ди Козимо де Медичи. |
| 1904 | Вангел Коџоман, еден од основоположниците на современото македонско сликарство |
Починале:
| 869 | Кирил Солунски, еден од творците на првата словенска азбука. |
| 1468 | Јохан Гутенберг, пронаоѓачот на техниката за печатење со подвижни букви. |
| 1779 | Џемс Кук, британскиот морепловец и прославен патник околу светот. |
| 1943 | Никола Петров Русински, истакната личност на националната историја на македонскиот народ, социјалист и револуционер. |
| јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември |