25 февруари
Од Википедија, слободната енциклопедија
| << | февруари | >> | ||||
| Н | П | В | С | Ч | П | С |
| 1 | 2 | |||||
| 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 |
| 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 |
| 17 | 18 | 19 | 20 | 21 | 22 | 23 |
| 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | ||
25 февруари е 56-иот ден во годината според григоријанскиот календар. Остануваат 309 денови до крајот на годината (310 во престапна).
Настани:
| 1889 | Формиран округот Чавес во Ново Мексико, САД. |
| 1949 | Со закон на Народното собрание на НР Македонија е основан Универзитетот во Скопје. Со одржувањето на првото Универзитетско собрание на 24.04.1949 година, е означено раѓањето на Универзитетот како највисока научна и образовна институција во Македонија. Во 1969 година, при одбележувањето на 20-годишнината од работата на Универзитетот, тој го доби името Универзитет „Кирил и Методиј“, а на 12.11.1992 година, со одлука на Универзитетскиот совет, Универзитетот „Кирил и Методиј“ пред името на словенските просветители го доби и епитетот свети, значи „Свети кирил и Методиј“. |
| 1994 | Во Брисел официјално започна да работи Амбасадата на Република Македонија. |
Родени:
| 1611 | Евлија Челебија, отомански патеписец. |
| 1643 | Ахмед II, отомански султан. |
| 1682 | Џовани Батиста Моргањи, италјански медицински научник. |
| 1707 | Карло Голдони, италијански комедиограф. |
| 1861 | Рудолф Штајнер, австриски философ. |
| 1888 | Јордан Бадев, македонски револуционер. |
| 1919 | Карл Прибрам, американски научник. |
| 1921 | Роман Качанов, руски аниматор. |
| 1930 | Садик Садику, македонски деец. |
| 1944 | Боре Ангеловски, театарски деец во Македонија. |
| 1950 | Нестор Киршнер, претседател на Аргентина († 2010) |
| 1962 | Пија Мајоко, поранешна американска басистка на женската хеви метал група Vixen. |
| 1974 | Сретко Калиниќ, еден од учесниците во атентатот врз српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ. |
| 1981 | Бурим Хусеини, поранешен член на ОНА. |
Починале:
| 806 | Тарасиј Константинополски, патријарх. |
| 1856 | Николај Иванович Лобачевски, руски математичар. |
| 1899 | Паул Јулиус Ројтер, германски новинар. |
| 1944 | Кузман Јосифовски - Питу, народен херој на Македонија, убиен во Скопје, при пробивањето на блокадата на бугарската полиција. |
| 1983 | Тенеси Вилијамс, американски драмски писател. |
| јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември |