Едуардо да Силва

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Едуардо
Eduardo da Silva2.jpg
Лични податоци
Полно име Едуардо Алвеш да Силва
Роден на 25 февруари 1983 (1983-02-25) (31 г.)
Роден во Рио де Жанеиро, Бразил
Висина &100000000000001780000001,78 м[1]
Положба напад
Клупски податоци
Сегашен клуб ФК Шахтар Донецк
Број 11
Младинска кариера
Нова Кенеди
ФК Бангу Атлетико
1999–2001 ФК Динамо Загреб
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2001–2007 ФК Динамо Загреб 108 (73)
2002–2003 ФК Интер Запрешиќ (п) 15 (10)
2007–2010 ФК Арсенал 41 (7)
2010– ФК Шахтар Донецк 50 (13)
Репрезентација
2004–2005 Хрватска U21 12 (14)
2004– Хрватска 37 (19)
* Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 24 ноември 2010.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 5 јуни 2011

Едуардо Алвес да Силва (роден 25 февруари 1983 во Рио де Женерио), познат како Едуардо или Дуду, е Хрватски фудбалер со Бразилско потекло кој во момнтов е член на ФК Шахтар Донецк и на Хрватска репрезентација. Моментално Едуардо е на рехабилитациј откако му беше скршена фибулата и изместен зглобот на левата нога на натпреварот на Арсенал против Бирмингем Сити на 23 февруари 2008.[2]

Пред доаѓањето во Арсенал во 2007, Едуардо стана познат преку неговите настапи за Динамо Загреб и Интер Запрешич во неговата втора татковина Хрватска. Иако е роден во Бразил, живее во Хрватска од свои 16 години и има Хрватско државјанство, со што го исполни условот за настап за репрезентацијата на Хрватска.

Клупска кариера[уреди]

Рани години[уреди]

Едуардо израсна во предградието на Рио де Женерио, Бангу, своите први фудбалски чекори ги направи за локалните клубови Нова Кенеди и Бангу Атлетико Клуб [3], иако не играше редовно во младинските категории на овие клубови. Подоцна беше забележан од скаутите на Динамо Загреб по што стана член на младинскиот состав на клубот во 1999. Едуардо остана во Динамо на пробен период до декеври 1999 а потоа се врати во клубот во февруари 2000, и започна со редовно играње за составот за играчи до 17 години. За една година, до летото 2001, стигна до првиот тим и покрај фактот што заработи неколку повреди на почетокот на неговата кариера.[4]

По дебито за првиот тим на Динамо во сезоната 2001–02, Едуардо беше испратен на едногодишен заем во клубот од втората Хрватска Лига Инкер Запрешич (подоцна преименуван во ФК Интер Запрешич) за сезоната 2002–03 за да се здобие со првотимско искуство, постигнувајќи 10 голови на 15 настапи во Втората Лига.

Динамо Загреб[уреди]

Откако се врати од заемот во сезоната 2003–04, Едуардо набрзо стана редовен стартер во првот тим на Динамо Загреб. Беше именуван за Најдобар Играч на Првата Хрватска Лига за 2004 како и за 2006 и 2007, кога стана еден од клучните играчи во составот на Динамо загреб кој освои две последователни титули во Хрватската Лига како и една титула во Хрватскиот Куп. Во 2006, исто така му помогна на Динамо во освојувањето на Хрватскиот Супер Куп, постигнувајќи два гола во победата од 4:1 над Риека.

Во сезоната 2006–07, постигна пет гола во шест натпревари за Динамо Загреб во две кола од Квалификациите за Лигата на Шампионите и во првото коло од Купот на УЕФА. По постигнувањето на два гола во победата од 4:1 на гостувањето кај Екранас, го постигна и првиот Европски гол на новиот стадион на Арсенал во Лондон на 23 август 2006, во двомечот од третото квалификационо коло за Лигата на Шампионите, кој Динамо го загуби со вкупен резултат од 5:1. Исто така ги постигна и двата гола во двомечот со ФК Осер од првото коло на Купот на УЕФА, кој неговиот тим го загуби со вкупен резултат 5:2.

Едуардо своите најдобри настапи за Динамо ги остваруваше во Хрватското Првенство, постигнувајќи 18 голови на 18 натпревари се до зимската пауза во сезоната 2006–07, вклучитеклно и по два гола на три натпревари и еден хет-трик, како и седум асистенции. Исто така беше и единствениот играч кој стартуваше на сите 18 натпревари до зимската пауза. На средината на ноември 2006, постигна два хет-трика во два последователни натпревари за Хрватска и Динамо Загреб во период од само 4 дена.

Во победата од 4:0 на дерби натпреварот против ФК Загреб на 12 мај 2007, Едуардо го постигна својот 30 и 31 гол во сезоната 2006–07 со што стана најдобар стрелац во историјата на Хрватската Лига, кршејќи го притоа рекордот стар 13 години на поранешниот играч на Динамо Загреб Горан Влаович од 29 голови постигнати сезоната 1993–94. Сезоната ја заврши со 34 голови на 32 настапи. Во последниот натпревар од сезоната на 19 мај 2007, стана првиот играч кој постигнал хет-трик во дербито против Хајдук Сплит, на натпреварот кој заврши со резултат 3:0.

Арсенал[уреди]

На 3 јули 2007, Арсенал потврдија дека бил постигнат договор со Динамо Загреб за трансфер на Едуардо, цената на трансферот е непотврдена но има шпекулации дека се работи за околу 7,5 милиони фунти.[5][6] Првичното барање за работна дозвола беше одбиено од Министерството за внатрешни работи на Британија, но на жалбениот процес на 2 август одлуката беше поништена.[7] Дебито на Едуардо за Арсенал беше на 19 јули кога во 69 минута влезе како замена во пријателскиот натпревар против Генчербирлиги во Австрија[8],а првиот старт му беше против Лацио во победата од 2:1 на Амстердамскиот турнир. На тој натпревар го постигна и својот прв гол, со глава по корнерот изведен од Томаш Росицки.

На 19 август 2007, го направи своето Премиерлигашко деби во натпреварот против Блекбурн Роверс кој заврши 1:1, на тој натпревар беше заменет од Денилсон во 65 минута. Десет дена подоцна, го постигна и својот прв натпреварувачки гол за Топчиите во квалификациите за Лигата на Шампионите против Спарта Прага, со што го постави конечниот резултат од 3:0 на неколку минути пред крајот. Првиот гол од фазата по групи го постигна на 19 септември 2007, повторно поставувајќи го конечниот резултат од 3:0 во последната минута од судиското продолжение против Севиља.

Додека сèуште се трудеше да си обезбеди место во првиот тим на Арсенал, Едуардо продолжуваше да ја покажува својата способност да постигнува голови во Лига Купот, постигнувајќи по два гола на два последователни натпревари, против Шефилд Јунајтед и Блекбурн Роверс, со што му помогна на тимот да стигне до полуфиналето. Едуардао доби поголема минутажа поради повредата на Робин Ван Перси, често во тандем со Адебајор. При крајот на ноември 2007, повторно постигна гол против Севиљл во Лигата на Шампиони, овојпат постигнувајќи го единствениот гол во поразот на Арсенал од 3:1.

Едуардо најпосле успеа да се утврди во стартниот состав за време на Божиќните и Новогодишните натпревари, постигнувајќи ги своите први два гола во Премиер Лигата во победата од 4:1 на гостувањето кај Евертон на 29 декември 2007; со првиот гол го изедначи резултатот, а со вториот зголеми на 2:1 во првите 15 минути од второто полувреме. На 1 јануари 2008, го постигна првиот гол за Арсенал по само 72 секунди на натпреварот против Вест Хем Јунајтед; Арсенал победи на тој натпревар со 2:0. Во првиот викенд од новата година имаше успешен деби натпревар во ФА Купот на гостувањето кај второлигашот Барнли, постигнувајќи го првиот гол на натпреварот, и асистирајќи му на Никлас Бентнер во второто полувреме. Во следните три натпревари од јануари, овозможи уште три гола, асистирајќи за два и изнудувајќи пенал за третиот. Потоа му помогна на Арсенал да се врати на врвот на табелата во почетокот на февруари, постигнувајќи гол во победата од 3:1 на гостувањето кај Манчестер Сити и асистирајќи му на Филип Сендерос во победата од 2:0 против Блекбурн на Емирати.

Повреда[уреди]

На 23 февруари 2008, на натпреварот против Бирмингем Сити, Едуардо беше жртва на малициозен старт, во кој му беше скршена левата фибула и имаше отворена дислокација на скочниот зглоб, виновникот Мартин Тејлор заработи црвен картон.[9][10] Физиотерапевтот на Арсенал Гери Луин откако дозна за колку сериозна повреда се работи, веднаш побара носилка. Едуардо доби осумминутна терапија на теренот, пред да биде однесен директно во Болницата Сели Оук во Бирмингем, каде што му беше извршена операција.[11] Особено корисен во моментот на повредата беше Жилберто, бидејќи тој беше единствениот во близина кој говореше Португалски и помогна во преведување на упатствата од медицинскиот тим до Едуардо. Следниот ден, Едуардо беше префрлен во Лондонска болница за понатамошен третман,[12] подоцна му се заблагодари на Луин за тоа што му го спасил стапалото.[13]

Неговата Повреда беше толку графичка што Скај Спортс, кој вршеше директен пренос на натпреварот, донесе одлука да не покажува забавени снимки од стартот.[11] Сепка, емисијата Натпревар на денот 2 подоцна покажа снимка на која јасно се гледаше зглобот на Едуардо во неприродна положба.

Арсен Венгер, за време на интервјуто за Скај Спортс по натпреварот, побара доживотна забрана за играње фудбал за Тејлор.'[14] Подоцна го повлече овој коментар, признавајќи дека бил изјавен во момент на гнев.

Иако Тејлор беше обвинет за намерен старт, неговите соиграчи и ментори изјавија дека не би можел да направи нешто такво намерно.[15] Подоцно беше објавено дека Тејлор изјавил дека го посетил Едуардово болницата и дека неговото извинување било прифатено.[16] Едуардо потоа изјави дека не се сеќава на посета од Тејлор ни па на стартот кој ја предизвика повредата.[17]

Експертите првично прогнозираа дека ќе му требаат 9-12 месеци за опоравување[18] со можност за враќање до крајот на 2008.[19] Откако беше отпуштен од болница на 27 февруари 2008,[20] Венгер изјави дека очекува Едуардо целосно да закрепи.[21]

Сепак, до крајот на мај Едуардо веќе имаше започнато да оди со помош на патерици.[22] Неколку видеа од интервјуа на кои изведува лесни вежби со терапевт излегоа набрзо потоа. Едуардо изјави дека ќе може да се врати до крајот на јули и дека најверојатно ќе биде подготвен за стартот на новата сезона.[23]

Едуардо доби дополнителна подршка од тимот кој го подржувал во своето детство, Васко де Гама.[24] Знамиња со пораки за подршка се истакнуваат на нивниот стадион Естадио Сао Жануарио во Рио де Женерио.[25] Исто така добива голема подршка и од Хрватска, како и од сите здруженија на навивачи на Арсенал во светот.

На 23 октомври 2008, Арсен Венгер потврди дека Едуардо ќе почне да се натпреварува до средината на ноември. [20]

Репрезентативна кариера[уреди]

До 21[уреди]

Во 2002, Едуардо доби Хрватско државјанство и беше повикан да игра за тимот за играчи до 21 година на Европското Првенство во 2004 во Германија. Настапи во сите три натпревари на Хрватска пред нивната елиминација во фазата по групи. Постигна и еден гол на неговото деби против тимот за играчи до 21 година на Србија и Црна Гора. Потоа беше повикан да игра за Хрватска и на квалификациите за Европското Првенство 2006 за играчи до 21 година, настапувајќи 9 пати и постигнувајќи 7 гола. Но Хрватска не успеа да се квалификува откако загуби со вкупен резултат 5:2 од Србија и Црна Гора во плејофот; Едуардо ги постигна двата гола за Хрватска. За репрезентацијата за играчи до 21 година имаше вкупно 12 настапи и 8 гола.

Сениорска репрезентација[уреди]

Во меѓувреме, беше повикан и за настап во сениорскиот тим. Го направи своето сениорско деби на натпреварот со Република Ирска на 16 ноември 2004 на 21 годишна возраст. Во 2005, настапи на уште два пријателски натпревари, како и на Карлсберг Купот во Хонг Конг. Го постигна неговиот прв гол за сениорскиот тим на Хрватска на овој турнир, постигнувајќи го третиот гол во победата од 4:0 против Хонг Конг во плејофот за третото место на 1 февруари 2006. Исто така беше и во поширокиот состав за Светското Првенство 2006 во Германија, но тогашниот селектор на Хрватска Златко Крањчар не го поведе на турнирот под изговор дека Едуардо „е млад играч“, дека неодењето „не ја намалува неговата вредност“, и дека „сериозно ќе смета на него во блиска иднина“.

По Светското Првенство 2006, Едуардо се врати во репрезентацијата која сега имаше нов селектор, Славен Билиќ, и беше стартер на пријателскиот натпревар со Италија на 16 август 2006, постигнувајќи го првиот гол во победата од 2:0. Едуардо се воспостави како еден од клучните играчи во квалификациите за Европското Првенство 2008. Прв натпревар под ново раководство му беше гостувањето кај Русија на 6 септември 2006 натпревар кој заврши со 0:0. Првиот гол му беше на 11 октомври 2006 во победата од 2:0 на домашен терен против Англија, кога го отвори резултатот откако со глава го совлада изгубениот Пол Робинсон. Во следниот натпревар, на гости кај Израел на 15 ноември 2006, постигна хет-трик во тесната победа од 4:3 против посилниот Израел.

На следниот натпревар на Хрватска, првиот натпревар од 2007, дома против Македонија на 24 март 2007, Едуардо го постигна решавачкиот гол во 88 минута со што и донесе победа од 2:1 на Хрватска, откако на полувремето губеше со 1:0. На следните три натпревари Едуардо беше херој за Хрватска, постигнувајќи ги трите гола во победите од 1:0 на гости и 2:0 дома против Естонија, како и во последниот натпревар од квалификациите на домашен терен кога го постигна единствениот гол во победата од 1:0 против Израел на 13 октомври 2007. Му асистираше на Ивица Олиќ за вториот гол на Хрватска во победата од 3:2 против Англија на Вембли — победа која и ги одзеде шансите на Англија за квалификација на Европското Првенство. Едуардо ги заврши квалификациите со 10 голови на 12 натпревари со што го зазеде второто место на табелата на стрелци, зад напаѓачот на Северна Ирска Дејвид Хили кој имаше 13.

Репрезентативни голови[уреди]

# Датум Место Противник Постигна Резултат Натпреварување
01 1 февруари 2006 Стадион Хонг Конг, Хонг Конг  Хонгконг
0 – 3
0 – 4
Карлсберг Куп 2006
02 16 август 2006 Стадион Армандо Пичи, Ливорно, Италија  Италија
0 – 1
0 – 2
Пријателски
03 11 октомври 2006 Стадион Максимир, Загреб, Хрватска  Англија
1 – 0
2 – 0
Квалификации за ЕП 2008
04 15 ноември 2006 Стадион Рамат Ган, Рамат Ган, Израел Израел Израел
1 – 2
3 – 4
Квалификации за ЕП 2008
05 15 ноември 2006 Стадион Рамат Ган, Рамат Ган, Израел Израел Израел
1 – 3
3 – 4
Квалификации за ЕП 2008
06 15 ноември 2006 Стадион Рамат Ган, Рамат Ган, Израел Израел Израел
2 – 4
3 – 4
Квалификации за ЕП 2008
07 24 март 2007 Стадион Максимир, Загреб, Хрватска Македонија Македонија
2 – 1
2 – 1
Квалификации за ЕП 2008
08 2 јуни 2007 Талин, Естонија  Естонија
0 – 1
0 – 1
Квалификации за ЕП 2008
09 22 август 2007 Кошево, Сараево, Босна и Херцеговина  Босна и Херцеговина
0 – 1
3 – 5
Пријателски
10 8 септември 2007 Стадион Максимир, Загреб, Хрватска  Естонија
1 – 0
2 – 0
Квалификации за ЕП 2008
11 8 септември 2007 Стадион Максимир, Загреб, Хрватска  Естонија
2 – 0
2 – 0
Квалификации за ЕП 2008
12 12 септември 2007 Андора ла Велја, Андора  Андора
0 – 5
0 – 6
Квалификации за ЕП 2008
13 13 октомври 2007 Стадион Максимир, Загреб, Хрватска Израел Израел
1 – 0
1 – 0
Квалификации за ЕП 2008

Статистика[уреди]

(заклучно со февруари 23, 2008)[26]
Клуб Сезона Лига Куп Европа Репре. Вкупно
Настапи Голови Асист. Настапи Голови Асист. Настапи Голови Асист. Настапи Голови Асист. Настапи Голови Асист.
ФК Динамо Загреб 2001–02 4 0 - - - - - - - - - - 4 0 -
ФК Интер Запрешич 2002–03 15 10 - - - - - - - - - - 15 10 -
ФК Динамо Загреб 2003–04 24 9 - - - - - - - - - - 24 9 -
ФК Динамо Загреб 2004–05 21 10 - - - - - - - 2 0 - 21 10 -
ФК Динамо Загреб 2005–06 27 20 - - - - - - - 3 1 - 27 20 -
ФК Динамо Загреб 2006–07 23 34 - 8 8 - 4 3 - 4 7 - 39 39 -
Арсенал 2007–08 16 4 5 8 5 3 5 3 0 4 5 - 29 12 8
Вкупно 2001-08 135 87 5 8 5 3 5 3 0 - - - 151 95 8

Почести[уреди]

Клупски почести[уреди]

  • Хрватска Прва Лига (2006, 2007)
  • Хрватски Куп (2004, 2007)
  • Хрватски Суперкуп (2003, 2004, 2006)

Индивидуални почести[уреди]

  • Играч на годината во Хрватска (2004, 2006)
  • Играч на годината во Хрватската прва лига (2004)
  • Втор стрелец во Хрватската прва лига (2006) Најдобар стрелец (2007)

Белешки[уреди]

  1. „Soccernet Profile“. ESPN. 25 февруари 1983. http://soccernet.espn.go.com/players/profile?id=38178&cc=3888. конс. 7 јуни 2011. 
  2. „Eduardo set for early return“. Setanta Sports.com. 2008-05-31. http://www.setantasports.com/en/Sport/News/Football/2008/05/30/Premier-League-Eduardo-on-return-date/?facets/sport-space/great-britain-locale/football/. конс. 31 мај 2008. 
  3. „Club profile“. Arsenal.com. http://www.arsenal.com/player.asp?thisNav=first+team&plid=76158&clid=4421&cpid=703. 
  4. „Bio bih u divljim ligama Brazila da nisam došao u Dinamo“ (на Croatian). Jutarnji list. 2008-01-13. http://www.jutarnji.hr/clanak/art-2008,1,13,,104812.jl. конс. 22 јануари 2008. 
  5. „Arsenal snap up striker da Silva“. BBC Sport Online. 2007-07-02. http://news.bbc.co.uk/sport1/hi/football/teams/a/arsenal/6260864.stm. конс. 3 август 2007. 
  6. „Eduardo da Silva completes Arsenal move“. Arsenal.com. 2007-07-03. http://www.arsenal.com/news/news-archive/eduardo-da-silva-completes-arsenal-move. конс. 18 август 2008. 
  7. „Striker da Silva gets work permit“. BBC Sport Online. 2007-08-02. http://news.bbc.co.uk/sport1/hi/football/teams/a/arsenal/6919965.stm. конс. 3 август 2007. 
  8. Richard Clarke (2007-07-20). „Eduardo — I must do more to prove myself at Arsenal.“. Arsenal.com. http://www.arsenal.com/article.asp?thisNav=News&article=477751&lid=NewsHeadline&Title=Eduardo+-+I+must+do+more+to+prove+myself+at+Arsenal. конс. 22 јули 2007. 
  9. „Arsenal rocked by Eduardo injury“. BBC Sport Online. 2008-02-23. http://news.bbc.co.uk/sport1/hi/football/eng_prem/7260564.stm. конс. 23 февруари 2008. 
  10. „Wenger retracts Taylor criticism“. BBC Sport Online. 2008-02-24. http://news.bbc.co.uk/sport1/hi/football/eng_prem/7261153.stm. конс. 24 февруари 2008. 
  11. 11,0 11,1 Rob Parrish (2008-02-23). „Eduardo suffers horror break“. Sky Sports. http://www.skysports.com/story/0,19528,11095_3185899,00.html. конс. 23 февруари 2008. 
  12. „Update: Eduardo moved to London“. Arsenal.com. 2008-02-24. http://www.arsenal.com/article.asp?thisNav=News&article=488015&lid=NewsHeadline&Title=Update:+Eduardo+moved+to+London. конс. 24 февруари 2008. 
  13. „Eduardo: Lewin saved my foot“. Team Talk. 2 март 2008. http://www.teamtalk.com/football/story/0,16368,2483_3223721,00.html. конс. 24 мај 2008. 
  14. „Wenger blasts Taylor“. Sky Sports. 2008-02-23. http://www.skysports.com/story/0,19528,11670_3186388,00.html. конс. 23 февруари 2008. 
  15. „Bruce defends under-fire Taylor“. ESPNSoccernet.com. 2008-02-23. http://soccernet.espn.go.com/news/story?id=510646&cc=5739. конс. 24 февруари 2008. 
  16. „Taylor makes visit“. Sky Sports. 2008-02-24. http://www.skysports.com/story/0,19528,11661_3191398,00.html. конс. 27 март 2008. 
  17. „Eduardo cannot recall Taylor's hospital visit“. telegraph.co.uk. 2008-03-24. http://www.telegraph.co.uk/sport/main.jhtml?xml=/sport/2008/03/24/sfnars124.xml. конс. 27 март 2008. 
  18. Club releases statement on Eduardo injury“, Arsenal.com (конс. 25 февруари 2008).
  19. Arsenal's Eduardo could be back in 2008“, CNN.com (конс. 25 февруари 2008).
  20. 20,0 20,1 Eduardo released from hospital after injury“, Arsenal.com (конс. 27 февруари 2008).
  21. Eduardo will make full recovery - AW“, FOX Sports, 2008-02-29, http://msn.foxsports.com/soccer/story/7855090/Eduardo-will-make-full-recovery---AW, конс. 1 март 2008 
  22. Posljednje zbogom štakama: Eduardo počeo trčati! - Sport - Index.hr
  23. Sky Sports | Football | Premier League | News | Eduardo set for July return
  24. Eduardo dreams of playing for Vasco“, Globoesporte.com (конс. 10 март 2008). (на Portuguese)
  25. Eduardo to be honoured“, Lancenet.com.br (конс. 10 март 2008). (на Portuguese)
  26. History, soccernet.espn.go.com, accessed 20 јануари 2008.

Надворешни врски[уреди]