Стадион Емирати

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Координати: Erioll world.svg 51°33′18.08″N, 0°6′30.50″W

Стадион Емирати
Ешбартон Гроув, Емирати, Гроув
Insideemirates1.jpg
Место Ешбартон Гроув, Лондон, Англија
Отворен 22 јули 2006
Сопственик ФК Арсенал
Оператор ФК Арсенал
Подлога Трева, 105 × 68 метри[1]
Главен изведувач ХОК Спорт
Играат/ле ФК Арсенал
Гледачи 60355

Емирати (англиски: Emirates Stadium) е фудбалски стадион во Лондон. Сопственик на стадионот и тим којшто игра на него е Арсенал. Стадионот има капацитет од 60.355[2] седишта со што е трет по големина фудбалски стадион во Англија по Вембли и Олд Трафорд, а трет по големина стадион за универзална употреба во Лондон по Вембли и Твикенхам. Стадионот беше изграден во јули 2006, а за негова изградба беа потрошени 430 милиони фунти, но сите пари не се потрошени само за неговата изградба.[3] Дел од буџетот беше потребен за обезбедување на локацијата.

Стадионот[уреди]

Надворешен изглед на стадионот

Стадионот е изграден од страна на познатиот архитект Сер Роберт МекАлпин. Се наоѓа на само неколку стотина метри оддалеченост од стариот стадион на Арсенал - Хајбери.

На северната трибина од стадионот има 26646 седишта, на јужната 24425 седишта. На овие трибини влезните билетите се поскапи. Најчесто тие се движат од 32 до 66 фунти, а се спуштаат и до 13 фунти на некои натпревари на резервите или пак на младинските натпревари. Најскапи се на дерби натпреварите, купските натпревари или репрезентативните натпревари и се движат од 46 до 94 фунти. Сезонските билети на овие трибини се движат од 885 до 1825 фунти (сезона 2006-2007).

Централната трибина со 7139 седиштта е поатрактивна и за неа сезонските влезни билети се движат од 2500 до 4750 фунти и во оваа цена се вклучени и купските натпревари, како и натпреварите на меѓународната сцена.

На стадионот има и трибина од 2222 седишта на којашто може да се набават билети и за групи од по 10, 12 или 15 гледачи, а тие за една сезона се движат и до 65000 фундти и во нив се вклучени сите натпревари во сезоната како и многу други поволности.

Во свечената ложа билетите се најскапи и се движат нешто над 25.000 фунти за една сезона, меѓутоа во нив има и поволности како бесплатен ручек во ресторан, бесплатен пијалок во бар, обезбедено паркинг место, побрз излез од стадионот итн.

Димензиите на фудбалскиот терен на стадионот се 105 × 68, а на тревнатиот дел 113 × 76. На стадионот секогаш се отстапуваат и места за гостинските навивачи кои се семестени во неговиот југоисточен дел. Обично се обезбедуваат од 1500 до 4500 седишта, а за време на купските натпревари и до 9000 (оваа бројка е 15% од капацитетот). Влезниот тунел на стадионот е свртен на запад.

Име[уреди]

Навечер знакот на Стадионот се осветлува.

Името на стадионот е директно поврзано со спонзорот на Арсенал. На 5 октомври 2004 Арсенал склучи договор со авиокомпанијата Емирати, со времетраење од 15 години, вреден 100 милиони фунти. Договорот го опфаќа и спонзорство на дресовите со времетраење од 8 години, почнувајќи од сезоната 2006-07.[4]

Најфанатичните навивачи и натаму го користат името Ешбартон Гроув, според името на местото на кое е изграден стадионот.[5] Оваа разлика меѓу официјалното и навивачкото име е слична како онаа со Хајбери, чие официјално име е Стадион Арсенал.[6] За време на натпреварите од Лигата на Шампионите стадионот не се именува како Стадион Емирати, поради фактот што Емирати не се спонзор на ова натпреварување. Овој пример на Арсенал е сличен со примерот на Баерн Минхен кој го имаше истиот проблем со компанијата Алианц и нивниот стадион во Минхен.[7] УЕФА го нарекува стадионо Арсенал,[8] име кое исто така се користеше и за Хајбери.

Историја[уреди]

Потребата за нов стадион[уреди]

Историјата на стадионот започнува во втората половина на деведесетти години кога раководството на клубот процени дека има побарувачка на билети, за уште најмалку 20000 гледачи. Стариот стадион Хајбери беше со капацитет од 38419[9] седишта, што беше многу малку за еден клуб како Арсенал. Неможноста за надградба на истиот (поради местоположбата, како и статусот на зграда со историско значење на Источната трибина) неминовно доведе до планирање изградба на нов, модерен стадион со речиси двоен капацитет. Сепак наоѓањето на место за градба во Лондон беше многу тешко.

Клубот беше подготвен да прифати и локација во близината на автопатот М25 доколку нема друг избор, но сепак преферираше локација во Ајлингтон во близина на Хајбери. Преселба на Вембли (Арсенал ги играше своите натпревари од Лигата на Шампионите на стариот Вембли во сезоните 1998-99 и 1999–2000) но сепак на крајот се повлече од тој план.[10] Кога реконструкцијата на Вембли започна во 2002, почна да се шпекулира дека Арсенал и Тотенхем ќе се преселат таму кога ќе биде завршен, иако Ешбартон Гроув беше веќе започнат.[11]

Изборот на Ешбартон Гроув[уреди]

Клубот успеа да најде локација, индустриски имот на Ешбартон Гроув, на само 500 метри од Хајбери. Планот беше објавен во ноември 1999. Како датум за отварање на новиот стадион беше планиран август 2003; ова подоцна беше поместено за летото 2006 поради тешкотии со планирањето и финансиите. Новата локација имаше неколку закупувачи, најзначајно фабриката за рециклирање на Ајлингтон и Дирекцијата на Поштата. За да може да започне со градба, клубот требаше да ја откупи земјата од нив и да им плати за релокацијата (Арсенал купи 10 акри (40000 квадратни метри) земјиште во Лоу Роуд, за да ја изгради новата фабрика за рециклирање, и нови простории за поштата во Хамилтон Парк); ова беше скап потфат, и причина поради која беше одложено отварањето.

Противење[уреди]

Стадионот Емирати за време на изградбата.

И покрај фактот што Арсенал се наоѓаше во Ајлингтон веќе 80 години, неколку локални групи на трговци и жители на Ајлингтон се противеа на плановите за новиот стадион. Оние кои требаше да се преселуваат покренаа и правни постапки против клубот во јули 2002, но не постигнаа ништо со тоа.[12] Стадионот беше едно од главните прашања на локалните избори во мај 2006.[13] Полицијата бараше навивачките автобуси да се паркираат во Спортскиот Центар Собел кој се наоѓа во близината, а не во подземната гаража на стадионот. Кога Арсенал игра натпревари на Ешбартон Гроув, 14 улици целосно или делумно се затвараат за сообраќај. Овие точки беа услови за добивање на сертификат за Здравје и Безбедност, без кој стадионот немаше да може да работи.[14][15]

Изградба[уреди]

Внатрешноста на стадионот.

Изградбата на стадионот Емирати започна во февруари 2004, а за полесен пристап до стадионот беа изградени и два моста над Северната железничка пруга во Лондон, коишто беа завршени летото 2004. Градбата беше готова во август 2005, а потоа започна да се уредува и внатрешноста. Клубот објави дека сите ложи се веќе купени,[16] а до февруари 2006 беа продадени 90% од влезниците, а останатите до мај истата година. Првото столче на новиот стадион беше поставено на свечена церемонија од страна на играчот од средниот ред на Арсенал, Абу Диаби, на 13 март 2006.[17] Рефлекторите првпат беа успешно тестирани на 25 јуни, а следниот ден беа поставени стативите.

Официјално отворање[уреди]

На свеченото отворање на стадионот присуствуваа и го отворија Принц Филип, војвода од Единбург на 26 октомври 2006 (четврток), но на свеченото отворање не присуствуваше британската кралица Елизабета II (која е декларирана како навивач на Арсенал), чиј татко, британски крал Едвард VIII ја има отворено западната трибина на стадионот Хајбери во 1932 година. Подоцна, како извинување за неприсуството на церемонијата, таа на свечен прием во Бакингемската Палата пречека дел од играчите и стручниот штаб на клубот.

Значајни настани[уреди]

За да добие дозвола за отварање, клубот мораше да одржи три настани. Првиот беше отворен ден за акционерите на 18 јули, вторит отворен тренинг на кој беа поканети 20000 одбрани навивачи и членови на клубот на 20 јули. Третиот на 22 јули беше првиот натпревар.

  • Првиот натпревар на новиот стадион беше прошталниот натпревар на легендата Денис Беркамп, против неговиот прв клуб, Ајакс.[18] На натпреварот играа четири тимови; во првото полувреме играа тогашните тимови на Арсенал и Ајакс, а по паузата се одржа нтпреварот на „Легендите“. Арсенал победи со 2:1; Играчот на Ајакс Клаас Јан Хунтелаар стана првиот кој постигнал гол на новиот стадион, а Тиери Анри го постигна израмнувачкиот, и првиот гол за Арсенал на ЕШбартон Гроув.[19]
  • Првиот натпревар (со натпреварувачко значење) на стадионот беше натпреварот од ФА Премиер Лигата против Астон Вила на 19 август 2006, кој заврши 1-1. Арсенал мораше да чека до 23 септември 2006 за првата победа во Премиер Лигата, поразувајќи го Шефилд Јунајтед со 3:0.
  • Првиот Европски натпревар беше реваншот од третата квалификациона рунда наЛигата на Шампиони на 23 август 2006 против Динамо Загреб.
  • Првиот меѓународен натпревар беше пријателскиот помеѓу Аргентина и Бразил, на 3 септември 2006; Бразил победи 3:0 со двата гола на Елано и еден на Кака.[20]
  • Првиот пораз на Арсенал беше на 7 април 2007 со 1:0 од Вест Хем, на 23 натпревар кој Арсенал го одигра на тој терен. Тое е и единствениот пораз на Арсенал на новиот стадион (заклучно со 28 април, 2008). Интересен е фактот, што Вест Хем се и последниот клуб кој го порази Арсенал на Хајбери, на 1 февруари 2006.
  • Брус Спрингстин со неговиот бенд ќе го одржи првиот концерт на стадионот. Концертот е закажан за 30 мај 2008.[21]

Посетеност[уреди]

Стадионот Емирати има висока посетеност. Неговиот капацитет е 60355[2] седишта, намалување од свеченото отворање кога беше 60443 гледачи,[22] а најголем број гледачи на еден натпревар присуствуваа на ремито на Арсенал од 2:2 против Манчестер Јунајтед на 3 ноември 2007 од 60161[23]. Просечната посетеност во првата сезона изнесуваше 59837 гледачи, а просекот во Премиер лигата изнесува 60045 гледачи.[24]

Белешки[уреди]

  1. „Questions & Answers“. „Arsenal.com“. 2006-08-22. http://www.arsenal.com/article.asp?thisNav=&article=411451. конс. 2006. 
  2. 2,0 2,1 „Statement of Accounts and Annual Report 2006/2007“. Arsenal Holdings plc. мај 2007. http://www.arsenal.com/userIncludes/docs/Arsenal_Annual_Report_May_2007_FINAL.pdf. конс. 19 декември 2007. 
  3. arsenal.com, Results for the year ended 31 мај 2007, page 7.
  4. „Arsenal name new ground“. „BBC Sport“. 2004-10-05. http://news.bbc.co.uk/sport1/hi/football/teams/a/arsenal/3715678.stm. конс. 2006. 
  5. Brian Dawes (2006-05-26). „The 'E' Word“. „Arsenal World“. http://www.arsenal-world.co.uk/news/loadnews.asp?cid=TMNW&id=283908. конс. 2006. 
  6. „Farewell to Highbury“. „Arsenal.com“. http://www.arsenal.com/clubnews.asp?thisNav=The+Club&lid=Farewell+to+Highbury&Title=Farewell+To+Highbury. конс. 2006. 
  7. „UEFA likely to fine Bayern for breaching advertising laws“. „World Soccer News“. 2005-10-06. http://www.wldcup.com/news/2005Oct/20051006_32335_world_soccer.html. конс. 2006. 
  8. Matthew Spiro (2006-09-26). „New home, old mentality at Arsenal“. „UEFA.com“. http://www.uefa.com/competitions/UCL/FixturesResults/Round=2357/Match=1116342/Report=PR.html. конс. 2006. 
  9. „Highbury“. „Arsenal.com“. http://www.arsenal.com/article.asp?thisNav=The+Club&article=344883&Title=Highbury#. конс. 2006. 
  10. „Arsenal Stadium“. „Islington Council“. http://www.islington.gov.uk/Environment/Planning/MajorSchemes/ArsenalStadium/default.asp. 
  11. „Arsenal rule out Wembley move“. „BBC Sport“. http://news.bbc.co.uk/sport1/hi/football/3084518.stm. 
  12. „Арсенал ја поминува последната пречка“. „BBC Sport“. http://news.bbc.co.uk/sport1/hi/football/teams/a/arsenal/2164143.stm. 
  13. LD LOSE TO NOC, bbc.co.uk Local Election 2006.
  14. „Local Opposition to Stadium Defeated“. „Islington Gazette“. http://www.islingtongazette.co.uk/content/islington/gazette/news/story.aspx?brand=ISLGOnline&category=news&tBrand=northlondon24&tCategory=newsislg&itemid=WeED05%20Jul%202006%2016%3A00%3A13%3A093. 
  15. „Stadium Update“. „anr“. http://www.arsenalnewsreview.co.uk/news/278/42.html. 
  16. „First ball kicked at Emirates Stadium“. „Arsenal.com“. http://www.arsenal.com/emiratesstadium/article.asp?article=301327&Title=First+ball+kicked+at+Emirates+Stadium&lid=the+stadium+-+Latest+News. 
  17. „Diaby grabs a Seat for Success“. „Arsenal.com“. http://www.arsenal.com/emiratesstadium/article.asp?article=370851&Title=Diaby+grabs+a+Seat+for+Success&lid=the+stadium+-+Latest+News. 
  18. „Gunners Set Dennis Date“. „Sky Sports Online“. http://home.skysports.com/list.asp?HLID=379263&CPID=8&title=Gunners+set+Dennis+date&lid=2&channel=Football_Home&f=rss. 
  19. „Bergkamp given rousing farewell“. BBC Sport. 2006-07-22. http://news.bbc.co.uk/sport2/hi/football/teams/a/arsenal/5203954.stm. конс. 2007. 
  20. „Brazil 3-0 Argentina“. „BBC Sport“. http://news.bbc.co.uk/sport1/hi/football/internationals/5310364.stm. 
  21. Emirates Stadium to host first concert“, Arsenal.com, 2007-12-03 (конс. 3 декември 2007).
  22. „The real capacity of Emirates Stadium“. „Arsenal.com“. 16 август 2006. http://www.arsenal.com/article.asp?thisNav=news&article=410117&cpid=703&title=The+real+capacity+of+Emirates+Stadium. конс. 24 декември 2007. 
  23. Man Utd game attracts record attendance“, „Arsenal.com“, 2007-11-05 (конс. 24 декември 2007).
  24. „Nearly two million through the Emirates gates“. „Arsenal.com“. http://www.arsenal.com/article.asp?thisNav=news&article=467873&cpid=703&title=Nearly+two+million+through+the+Emirates+gates. конс. 2007. 

Надворешни врски[уреди]