28 април
Од Википедија, слободната енциклопедија
| << | април | >> | ||||
| Н | П | В | С | Ч | П | С |
| 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | |
| 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 |
| 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
| 21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 |
| 28 | 29 | 30 | ||||
28 април е 118-иот ден во годината според григоријанскиот календар (119-и во престапна година). Остануваат 247 денови до крајот на годината.
Настани:
| 518 | Катастрофален земјотрес го разрушил Скупи |
| 1945 | Бенито Мусолини и неговата љубовница Клара Петаки се застрелани од стрелачки вод составен од членови на италијанското движење на отпорот. |
| 1964 | Излегло првото издание на Битолски весник, еден од најстарите весници во Македонија. |
| 1969 | Претседателот на Франција, Шарл де Гол поднесе оставка на функцијата по 11 години владеење. Тој се повлече од функцијата по референдумот за регионализација на државата и укинување на Сенатот, на кој, мнозинство од гласачите се изјаснија против неговите идеи. |
| 1980 | Американскиот државен секретар Сајрус Венс поднесе оставка на функцијата по неуспешната мисија на командосите за спасување на американските заложници во Иран. |
| 2001 | Кај Вејце, Тетовско, на ѕверски начин се масакрирани 8 припадници на македонските безбедносни сили од страна на припадници на т.н. ОНА. Настанот се смета за едно од најголемите ѕверства во поновата македонска историја. |
| 2001 | Милионерот Денис Тито станал првиот вселенски турист во светот. Платил 20 милиони УСД за да лета на Руската ракета Сојуз ТМ-32 и минал скоро 8 дена во вселената. |
| 2004 | Кандидадот на СДСМ Бранко Црвенковски е избран за Претседател на Република Македонија со убедлива победа против кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Сашко Кедев. |
Родени:
| 1924 | Кенет Каунда, замбиски државник, прв претседател на Замбија. |
| 1937 | Садам Хусеин, ирачки диктатор. |
| 1984 | Дмитриј Торбински, руски фудбалер. |
| 1988 | Хуан Мата, шпански фудбалер. |
- 1980 - Каролина Гочева, македонска пејачка
Починале:
| 1918 | Гаврило Принцип, атентаторот на Франц Фердинанд. |
| 1945 | Бенито Мусолини, италијански диктатор и фашист. |
| 1992 | Френсис Бејкон, најпознатиот англиски сликар на 20. век. |
| јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември |