22 јули
Од Википедија, слободната енциклопедија
22 јули е 203-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (204-и во престапна година). Остануваат 162 денови до крајот на годината.
| << | јули | >> | ||||
| Н | П | В | С | Ч | П | С |
| 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | |
| 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 |
| 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
| 21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 |
| 28 | 29 | 30 | 31 | |||
Содржина |
Настани [уреди]
| 1099 | Прва крстоносна војна: Годфри од Бујон е избран за прв Бранител на Светиот Гроб на Кралството Ерусалим. |
| 1456 | Унгарскиот регент Јанош Хуњади ја пробил опсадата на Белград и им нанел тежок пораз на Отоманските освојувачи предводени од Мехмед II. |
| 1894 | Првата воопшто моторизирана трка се одржала во Франција, на 128-километарски пат помеѓу Париз и Руан. Победил Албер де Дион, основачот на Тур де Франс. |
| 1908 | Младотурците ја презеле власта во Битола и ги ослободиле сите затвореници. |
| 1933 | Американскиот авијатичар Вили Пост го извел првото самостојно летање со авион околу Земјината топка. Прелетал 25.000 километри со 14 застанувања за 7 дена, 18 часа и 45 минути. |
| 1948 | Во Скопје, со одлука на Владата на НРМ, е основан Институтот за национална историја. |
| 1962 | Пропадна првиот американски обид за лансирање автоматска сонда на Венера. Ракетата лансирана од Кејп Канаверал на Флорида ја промени насоката и по неколку минути експлодира. |
| 1992 | Најголемиот колумбиски производител и дилер со дрога Пабло Ескобар побегнал од затвор. Убиен е во декември следната година во Медељин, во престрелка со полицијата. |
Родени [уреди]
| 356 п.н.е. | Александар III Македонски, една од најпознатите личности на стариот век, војсководец и државник. Го порази огромното персиско царство и во своите походи стигна се до Индија. Умре во Вавилон, на 13 јуни 323 година п.н.е. | |
| 1210 | Јоана, кралица на Шкотска. | |
| 1784 | Фридрих Вилхелм Бесел, германски астроном и математичар. | |
| 1822 | Грегор Мендел, австриски ботаничар и генетичар. | |
| 1888 | Селман Ејбрахам Ваксман, американски микробиолог по потекло од Украина, добитник на Нобеловата награда за медицина во 1952 година. | |
| 1894 | Оскар Марија Граф, германски писател. | |
| 1916 | Марсел Сердан, француски боксер. | |
| 1944 | Ананд Сатјананд, Генерален гувернер на Нов Зеланд. | |
| 1969 | Деспина Ванди, грчка пејачка. | |
| 1987 | Дрис Девенинс, белгиски велосипедист. | Селена Гомез, |
Починале [уреди]
| 1461 | Шарл VII Победникот, француски крал. |
| 1676 | Папа Климент X, римски папа. |
| 1822 | Наполеон II, француски крал. |
| 1934 | Џон Дилинџер, американски криминалец. |
| 1968 | Павлос Гипарис, грчки официр. |
| 1979 | Шандор Кочиш, унгарски фудбалер. |
| 1990 | Асан Керим, македонски и југословенски политичар . |
Празници [уреди]
| јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември |