Од Википедија, слободна енциклопедија
29 јули е 210-иот ден во годината според григоријанскиот календар (211-и во престапна година). Остануваат 155 денови до крајот на годината. Шаблон:Јули 2008
[уреди] Починале
| 1856 |
Роберт Шуман, германски композитор и музичар, еден од најзначајните претставници на романтизмот во музиката. Особено се истакнува како автор на клавирски минијатури и соло-песни, а компонира и камерна и сценска музика, четири симфонии и една опера. Роден е на 8 јуни 1810 година. |
| 1890 |
Винсент ван Гог, голем холандски сликар, зачетник на пост-импресионизмот. |
| 1982 |
Владимир Зворник, „таткото на телевизијата“. Во 1926 година успеа електронски да ја разложи сликата. Тој придонесе телевизијата, како електронски систем да ја претвори во практичен систем во најширока употреба. Измисли повеќе од 120 електронски и електротехнички апарати. |
| 1983 |
Луис Буњел, француско-мексикански филмски режисер од шпанско потекло. Познат е по своите надреалистички остварувања. Има снимено 32 филмови, меѓу кои како најзначајни се издвојуваат Ангелот на смртта, Тој мрачен предмет на желбите и Дискретниот шарм на буржоазијата. Роден е во 1900 година. |
[уреди] Празници
29 јули (празници)