Глигор Соколов

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Григор Соколович
Gligor Sokolovich - Liame.jpg
Деец на Македонскиот комитет, Македонската револуционерна организација и војвода на Српскиот комитет на четничката акција
Роден 17 јануари 1870
Небрегово, Македонија
Починал 29 јули 1910
Прилеп, Македонија

Глигор Соколов Ламев бил деец на македонското револуцинерно движење, учесник во Мелничкото востание на Македонскиот комитет, четник на Македонската револуционерна организација, а подоцна се вклучува во Српскиот комитет на четничката акција [1].

[уреди] Биографија

Григор е роден околу 1870 година во прилепското село Небрегово. Останал без образование и бил самоук. Четник е при Дедо Димо и во 1895 година учествувал во Мелничкото востание на Македонскиот комитет.

Во 1897 година бил четник при Ст. Павлов во Кратовско, а во 1900 година бил во четата Мирче Ацев во Прилепско. Во текот на Илинденското востание бил четник во обединетата чета на Сотир Атанасов, Атанас Мурџев, Никола Пушкарев, Крсто Лазаров, Димитар Ганчев и други.

По расправијата со војводата Мурџев заминал за Србија и таму од страна на Милорад Гоќевац бил вклучен во Српскиот комитет на четничката акција [2]. По вклучувањето во Српскиот комитет организирал чета сосатавени од разни компримитирани работници на Македонската револуционерна организација.

Во текот на летото 1904 година Боби Стојчев, по барање на Борис Сарафов, му дозволил Григор да има пристап до курирските служби на Македонската револуционерна организација. Григор себеси се преставувал за војвода на чета која била испратена од македонското друштво во Ниш [3].

Григор Соколов ги елиминирал војводите од Македонската револуционерна организација Стефан Димитров, Панчо Константинов, Георги Ацев, а по негова наредба е убиен и војводата Петар Радев - Пашата.

Григор Соколов е убиен на патот од Прилеп за Небрегово во јули 1910 година од турскиот терорист Шериф (или Шукри[4]), поврзан со деецот на Македонската револуционерна организација, Петар Ацев.

Неговиот најстар син Андон бил доброволец во Српската армија во текот на Првата балканска војна [5]. Блаже Конески е внук на Глигор Соколов.

[уреди] Извори

  1. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 152.
  2. Кръстю Лазаров, Спомени
  3. Христо Силянов, Освободителните борби на Македония, Том II, стр.290
  4. Известия на Института за българска литература. Т. 7, 1958, стр. 359.
  5. Кратка биография
Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици