18 јули

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
<< јули >>
Н П В С Ч П С
1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31


18 јули е 199-иот ден во годината според григоријанскиот календар (200-и во престапна година). Остануваат 166 денови до крајот на годината.

Настани:

64  Во Рим избувна голем пожар во кој стариот град изгоре до темели. Легендата вели дека пожарот го подметнал неурамнотежениот римски император Нерон. За тоа нема никакви докази во старите извори.
1830  Уругвај го усвојува својот прв Устав.
1846  Во Бостон д-р Вилијам Мортон првпат во својата забна ординација го употреби етерот како средство за наркоза. Тој датум се смета за предпочеток на модерната анестезиологија.
1898  Во Париз француските научници, сопружниците Марија и Пјер Кири го открија полониумот, првиот познат радиоактивен елемент.
1925  Адолф Хитлер го објавува првиот том од својот личен манифестМојата борба“.
1936  Шпанска граѓанска војна: востаниците ја завземаат Галиција, западна Кастиља, западна Андалузија и Арагон.
1968  Во Санта Клара, Калифорнија е формирана корпорацијата Интел.
1967  Во Охрид, на третиот црковно-народен собор, Архиепископскиот синод донесе одлука за прогласување автокефалност на Македонската православна црква како наследничка на обновената Охридска архиепископија. Одлуката ја соопшти новиот Архиепископ Охридски и Македонски г. г. Доситеј.

Родени:

1635  Роберт Хук, англиски физичар.
1664  Франц Лудвиг Фалечко-Нојбуршки, германски епископ († 1732)
1837  Васил Левски, бугарски револуционер.
1877  Елин Пелин, бугарски писател.
1887  Видкун Квислинг, норвешки соработник на нацистите. Неговото име стана синоним за велепредавство на идеалите на сопствената држава.
1918  Нелсон Мандела, јужно-африкански претседател.
1924  Џон Глен, американски космонаут.
1934  Наум Манивилов - Преспански, македонски поет.
1970  Анатоли Тишченко, руски спринт-кануист.
1971  Пени Хардевеј, американски кошаркар.
1980  Кристен Бел, американска актерка.

Починале:

1721  Жан Антоан Вато, француски барокен сликар.
1817  Џејн Остин, англиска писателка.
1872  Бенито Хуарез, мексикански претседател.
1895  Стефан Стамболов, бугарски револуционер.
1949  Вичеслав Новак, чешки композитор.
1997  Јуџин Шумејкер, американски астрогеолог.

Празници:

  Уругвај - Ден на Уставот.
јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември