Полониум

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Полониум (Po, латински - polonium) е металоид од VIА група. Името го добил по латинскиот назив за Полска.[1]

Историја[уреди]

Полониумот е откриен од страна на Марија Кири (истовремено со родиум), која го изолирала од пехбленда (уранинит).

Застапеност[уреди]

Полониум во земјината кора се наоѓа само во траги и тоа само во рудите на уран. Не може во големи количини да се наоѓа во минералите поради краткото време на полураспаѓање. Рамнотежната количина е околу 0,004 mg на еден тон. Полониум има 33 изотопи чии атомски маси се наоѓаат измеѓу 194 и 218. Нема постојани изотопи. Најпостојан изотоп е изотопот 209 (со време на распаѓање од 105 години), но тој не се јавува во природата, туку е добие со вештачка синтеза на јадро на бизмут со бомбардирање на неутрони. Најпостојан изотоп кој се јавува во природата е изотопот 210, кој има време на полураспаѓање од 135 дена.

Добивање[уреди]

Полониум во природата се јавува како оксид. Сепак неговата количина во рудите е доста мала така да во индустријата најисплатливо добивање е со бомбардирате на неутрони од бизмут. Неговата годишна проукција во светот изнесува се на се од 20 до 30 грама. Значаен извор на овој елемент е распаднат радон од болниците каде овој гас се употребува за лечење на рак.

Соединенија[уреди]

Познати се неколку соединенија на полониум: хидрид PoH2, оксиди: PoO, Po2O3, PoO2 и PoO3, сулфид (со што се разликува од селен и телур), хлориди: PoCl2 и PoCl4 и металооргански соединенија. Тие соединенија немаат практична употреба поради огромните трошкови при продукцијата на полониумот.[2]

Својства[уреди]

Чистиот полониум е радиоактивен, сребреносив метал. Неговите физички и хемиски својства се слични со оние на селен.

Извори[уреди]

  1. Housecroft C. E., Sharpe A. G. (2008). Inorganic Chemistry (3rd ed.). Prentice Hall. ISBN 978-0131755536
  2. Parkes, G.D. & Phil, D. (1973). Melorova moderna neorganska hemija. Beograd: Naučna knjiga.

Додатна литература[уреди]

Parkes, G.D. & Phil, D. 1973. Мелорова модерна неорганска хемија. Научна књига. Београд.

Група
Периода
1 1
H
  2
He
2 3
Li
4
Be
  5
B
6
C
7
N
8
O
9
F
10
Ne
3 11
Na
12
Mg
  13
Al
14
Si
15
P
16
S
17
Cl
18
Ar
4 19
K
20
Ca
21
Sc
22
Ti
23
V
24
Cr
25
Mn
26
Fe
27
Co
28
Ni
29
Cu
30
Zn
31
Ga
32
Ge
33
As
34
Se
35
Br
36
Kr
5 37
Rb
38
Sr
39
Y
40
Zr
41
Nb
42
Mo
43
Tc
44
Ru
45
Rh
46
Pd
47
Ag
48
Cd
49
In
50
Sn
51
Sb
52
Te
53
I
54
Xe
6 55
Cs
56
Ba
* 72
Hf
73
Ta
74
W
75
Re
76
Os
77
Ir
78
Pt
79
Au
80
Hg
81
Tl
82
Pb
83
Bi
84
Po
85
At
86
Rn
7 87
 Fr 
88
Ra
** 104
Rf
105
Db
106
Sg
107
Bh
108
Hs
109
Mt
110
Ds
111
Rg
112
Cn
113
Uut
114
Fl
115
Uup
116
Lv
117
Uus
118
Uuo
 
* Лантаноиди 57
La
58
Ce
59
Pr
60
Nd
61
Pm
62
Sm
63
Eu
64
Gd
65
Tb
66
Dy
67
Ho
68
Er
69
Tm
70
Yb
71
Lu
** Актиноиди 89
Ac
90
Th
91
Pa
92
U
93
Np
94
Pu
95
Am
96
Cm
97
Bk
98
Cf
99
Es
100
Fm
101
Md
102
No
103
Lr
Алкални метали Земноалкални метали Лантаноиди Актиноиди Преодни метали
Полуметали Металоиди Неметали Халогени Благородни гасови