Изотоп
Од Википедија, слободната енциклопедија
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Изотопи се облици на хемиски елемент чии атоми имаат ист атомски број, Z, но различни атомски маси, A. Зборот изотоп, значи на исто место, доаѓа од фактот дека сите изотопи на еден елемент се сместени на истото место во периодниот систем.
Атомскиот број се однесува на бројот на протони во атомот. Одовде, изотопи на одреден елемент имаат ист број на протони. Разликата во атомските маси произлегува од разликата во бројот на неутрони во атомското јадро.