Индиум

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Индиумот во периодниот систем.
Индиум.

Индиумот е хемиски елемент во периодниот систем со симбол In и атомски број 49. Овој редок, мек, ковлив и леснофузирачки сиромашен метал е хемиски сличен со алуминиумот или галиумот, но повеќе изгледа како цинкот (цинковите руди се исто така примарен извор за овој метал). Неговата најголема денешна употреба е образување на транспарентни електроди од калај-индиумовиот оксид во LCD. Тој е исто така и користен за покривните лежишта во воздухопловството.

Поважни карактеристики[уреди]

Индиумот е многу мек, сребренобел вистински метал кој има светол сјај. Како чист метал, индиумот емитува силно чкрипење кога се витка. И галиумот, и индиумот се способни да го натопуваат стаклото.

Едно невообичаено својство на индиумот е тоа дека неговиот најчест изотоп е многу малку радиоактивен; тој брзо се распаѓа со бета емисија до калај со тек на времето. Оваа радиоактивност не се смета за опасна главно поради тоа што степенот на распаѓање на изотопот е близу 50,000 пати побавно отколку тоа на природниот ториум, со полуживот од 44×1014 години. Исто така, индиумот не е познат кумулативен отров како неговиот сосед кадмиумот и релативно редок.

Примена[уреди]

За прв пат, индиумот се употребувал како прекривка за лежиштата во високоперформансните воздухопловни мотори за време на Втората светска војна. Потоа, неговото производство се зголемило бидејќи се пронашле нови примени во легурите, лемењето и електрониката. Во средните и доцните 1980-сетти, развојот на полупроводниците од индиум фосфид и тенките филмови од калај-индиумовиот оксид за LCD (Liquid crystal display) предизвикале голем интерес. До 1992, употребата на тенките филмови била најголема.

Историја[уреди]

Индиумот (именуван по индиго-линијата во неговиот атомски спектар) бил откриен од страна на Фердинанд Рајх и Херонимус Теодор Рихтер во 1863 година, додека тие ги тестирале цинковите руди со спектрограф во потрага по талиум. Интересно е да се напомене дека повеќето хемиски елементи се откриени додека се барале други. Рихтер го изолирал металот на индиумот во 1867.

Наоѓање[уреди]

Растеглива индиумова жица.

Индиумот се произведува главно од остатоците (талозите) кои се добиваат за време на преработката на цинковата руда, но тој исто така се наоѓа и во железните, оловните и бакарните руди.

До 1924 постоел само околу еден грам на изолиран индиум на планетава. Проценето е дека Земјата содржи околу 0,1 ppm индиум, што значи дека тој е распространет колку среброто, иако индиумот е всушност трипати поскап по тежина. Канада е водечки произведувач на индиум.

Претпазливост[уреди]

Чистиот индиум во својата метална форма најчесто се смета за нетоксичен. Ова не е случај со индиумовите соединенија: постојат некои непотврдени докази кои сугерираат дека индиумот има ниско ниво на токсичност. Но, во заварувачката и полупроводничката индустрија, каде изложувањето на индиум е релативно високо, не се забележани ефекти на токсичност на овој елемент. Некои извори се поконкретни за токсичноста на индиумот. На пример, веб-сајтот WebElements вели дека "Сите индиумови соединенија треба да се сметаат за високотоксични. Тие му штетат на срцето, бубрезите и црниот дроб и можат да бидат тератогени". На пример, анхидридниот индиум трихлорид (InCl3) е доста токсичен, додека индиум фосфидот (InP) е и токсичен, и карциноген.