Земноалкален метал

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Атомски број Хемиски елемент Хемиски симбол
4 Берилиум Be
12 Магнезиум Mg
20 Калциум Ca
38 Стронциум Sr
56 Бариум Ba
88 Радиум Ra

Земноалкалните метали се серии на елементи во втората група (според МУЧПХ) на периодниот систем: берилиум (Be), магнезиум (Mg), калциум (Ca), стронциум (Sr), бариум (Ba) и радиум (Ra) (иако радиумот понекогаш не се смета за земноалкален метал како резултат на неговата радиоактивност).

Земноалкалните метали се именувани по нивните оксиди, земноалкалите, чии старомодни имиња беа берилија, магнезија, варовник, стронција и барита. Овие беа именувани како земноалкални поради нивната интермедиерна природа меѓу алкалите (оксиди на алкалните метали) и реткоземните (оксиди на реткоземните метали). Класификацијата на некои инертни супстанци како 'земјени' е стара неколку милениуми. Најраниот познат систем кој бил користен од Античките Грци се состоел од четири елементи, вклучувајќи ја и почвата. Подоцна, овој систем бил рафиниран од философите и алхемичарите, како Аристотел (4 век п.н.е.), Парацелзус (прва половина на 16 век), Џон Бекер (средината на 17 век) и Георг Стал (доцен 17 век), за да подоцнежните мислители да ја разделат 'земјата' во три или повеќе типови. Сфаќањето дека 'земјените' не се елементи туку соединенија се припишува на хемичарот Антоан Лавоазје. Во неговата Traité Élémentaire de Chimie (Елементи на Хемијата) од 1789, тој ги нарекол нив Substances simples salifiables terreuses, или солобразувачки земјени елементи. Подоцна тој сугерирал дека земноалкалните метали може да се метални оксиди, но признавал дека ова е само претпоставка. Во 1808, по терк на Лавоазјевата идеја, Хемфри Дејви стана првиот кој добил примероци на металите по пат на електролиза на стопена земја.

Земноалкалните метали се сребренкасто обоени, меки, со мала густина метали, кои реагираат брзо со халогените и образуваат јонски соли, како и со водата (иако не толку брзо како со алкалните метали) при што образува силни алкални (базни) хидроксиди. На пример, додека натриумот и калиумот реагираат со водата на собна температура, магнезиумот реагира само со пареа, а калциумот само со жешка вода.

Mg + 2H2O → Mg(OH)2 + H2

Берилиумот е исклучок: Тој не реагира со вода или пареа, и неговите халиди се ковалентни.

Сите земноалкални метали имаат по два електрона во нивната најнадворешна обвивка, така што енергетски поволната состојба за постигнување пополнета електронска обвивка е да изгубат по два електрона за да формираат наелектризирани позитивни јони.

Листа на елементи

Име | Атомски симбол | Атомски број | Точка на вриење | Точка на топење | Густина | Атомска маса
Групи:   1 -  2 -  3 -  4 -  5 -  6 -  7 -  8 -  9 - 10 - 11 - 12 - 13 - 14 - 15 - 16 - 17 - 18
Периоди:  1  -  2  -  3  -  4  -  5  -  6  -  7  -  8  -  9
Серии:   Алкали  -  Земноалкални  -  Лантанидиs  -  Актиниди  -  Преодни метали  -  Сиромашни метали  -  Металоиди  -  Неметали  -  Халогени  -  Благородни гасови
Блокови:  s-блок  -  p-блок  -  d-блок  -  f-блок  -  g-блок