Калиум

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Калиум е хемиски елемент во периодниот систем. Негов симбол е К, а неговиот атомски број е 19. Калиумот е мек сребренобел алкален метал кој е сврзан со други елементи во морската вода и е застапен во многу минерали. Овој елемент оксидира брзо во Земјината атмосфера при што потемнува. Многу е реактивен (особено во вода) и е хемиски сличен со натриумот. Има атомска маса 39,102 и е мек како восокот. Калиумот се топи на 63,65 °C.

Со густина нешто помала од водата, калиумот е вториот најсветол метал после литиумот. Тој е меко цврсто тело кое лесно се сече со нож.

Слично како и другите алкални метали, калиумот реагира бурно со водата, при што се добива хидроген. Кога е во вода, може спонтано да се запали. Неговите соли емитуваат виолетова боја кога се изложени на пламен.