Шеќер
Од Википедија, слободната енциклопедија
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Шеќерот, сухроза или сахароза, претставува бел кристал на тврд дисахарид. Луѓето најчесто ја избираат сухрозата како средство за менување на вкус или карактеристики (чувство во уста, одржување и текстура) на течности и храна. Шеќерот што се произведува комерцијално се прави од шеќерна трска или шеќерно цвекло.
„Простите“ шеќери, или моносахаридите (како глукоза), содржат енергија која биолошките клетки ја користат и трошат. Во просечна листа на состојки, секој збор што завршува со „оза“ најверојатно претставува вид на шеќер.
За информации за други типови на шеќери, погледнете ги моносахаридите и дисахаридите.
Од готвачки аспект, шеќерот ги прави работите слатки, што е еден од примарните човекови вкусови.
