Дисахарид

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај

Дисахаридите се олигосахариди, односно јаглехидрати изградени од две моносахаридни единици. Најважните дисахариди се состојат од две хексози и нивната заедничка формула е C12H22O11, молекулската тежина им е 342, 2, а процентниот состав на одделните хемиски елементи е: C - 42, 08%, H - 6, 48%, O - 51, 44%.

Се разликуваат два типа на дисахариди:

[уреди] Номенклатура

Имињата на дисахаридите се образуваат така што името на моносахаридот, чијшто полуацетален хидроксил влегува во соединение, добива наставка "ид", а моносахаридот кој се сврзал со алкохолен хидроксил останува со непроменето име, на пример, малтозата е глукозидо - глукоза, а лактозата галактозидо - глукоза.

Некои дисахариди се наоѓаат слободни во природата (сахароза, лактоза, трехалоза), а други ги изградуваат полисахаридите (скроб, целулоза) или се составен дел на некој гликозид.

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици