Пираноза

Од Википедија — слободната енциклопедија
α-D-гликопираноза.

Пираноза е збирен израз за јаглехидрати коишто имаат хемиска структура која вклучува шестчлен прстен составен од пет јаглеродни атоми и еден кислороден атом. Името произлегува од неговата сличност на кислородното хетероциклично соединение пиран.

Формирање на пираноза[уреди | уреди извор]

Пиранозниот прстен е формиран преку реакција на хидроксилната група на јаглеродниот атом 5 (С-5) од еден шеќер со алдехидот на јаглеродниот атом 1. Ова образува интрамолекуларен хемиацетал. Ако реакцијата е меѓу C-4 хидроксилната група и алдехидот, тогаш се формира фураноза. Пиранозната форма е термодинамички постабилна од фуранозната, што може да се види од дистрибуцијата на овие две циклични форми во раствор.