Наставка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Афикси
претставка
наставка
циркумфикс
дуплификс
инфикс
меѓуфикс
трансфикс
симулфикс
супрафикс
дисфикс

Во лингвистиката наставка или суфикс (понекогаш нарекуван постфикс или завршеток) е афикс кој е сместен веднаш после коренот на зборот. Чести примери се завршетоците кои покажуваат граматички падеж кај именките или придавките и глаголските завршетоци што ја формираат конјугацијата на глаголите. Особено во студијата на семитските јазици, суфиксот се нарекува аформатив бидејќи може да ја промени формата на зборовите на кои се додава. Во индо-европските изучувања е направена разлика помеѓу суфикс и завршеток (види Proto-Indo-European root). Суфиксите можат да носат граматички информации и тоа се флективни суфикси или лексички информации кога се работи за деривациски суфикси. Еве некои примери од англискиот јазик: - girls (девојки), каде што суфиксот -s обележува множина; - He makes (Тој прави), каде што суфиксот -s обележува трето лице еднина во сегашно време; - It closed (Затвори), каде што суфиксот -ed обележува минато време. Многу синтетички јазици: чешки, германски, фински, латински, унгарски, руски, турски, итн. употребуваат огромен број на завршетоци. Суфиксите што се употребуваат во англискиот јазик често имаат француско, латинско или грчко потекло.


ФЛЕКТИВНИ СУФИКСИ

Флективните суфикси вршат граматички промени на зборот во рамките на неговата граматичка категорија. Суфиксот –ed се додава на коренскиот збор и јасно имплицира минато време. Некои флективни суфикси кои се користат денес во англискиот јазик се следниве:

-s – трето лице, сегашно време

-ed – минато време

-ing – трајно време

-en – минат партицип

-s - множина

-en – множина (неправилна)

-er – компаратив

-est – суперлатив

-n't – негација


КОМПАРАТИВ Во граматиката компаративот е форма на придавката или прилогот кои пак означуваат степен, вид на личност, предмет кој има поголем или помал квалитет од друга личност или друг предмет и е употребен во контекст условувајќи врска. На пример: исто како и, од, како и... Ако се споредуваат три или повеќе нешта, тогаш се работи за суперлатив.


СТРУКТУРА

Структурата на компарацијата во англискиот јазик се состои од основната форма на придавката и прилогот плус суфиксот -er или (кај повеќесложните зборови навлезени од други јазици) more (по/повеќе), less (помалку) или fewer (неколку, помалку) пред придавката или прилогот. Формата е обично следена од than (отколку, од) и именката со која е споредувана. На пример: "He is taller than his father" ( Тој е повисок од неговиот татко) или "The village is less picturesque than the town nearby" ( Селото е помалку живописно од градот што е во близина).


СЛОЖЕНИ РЕЧЕНИЦИ

Во сложените реченици можат да се употребат два споредбени сврзника. На пример: 1. as...as (исто како / како и) "The house was as large as two put together." (Куќата беше голема исто како да беа две куќи заедно.); 2. not so / not as ...as (не толку ... како што ) "The coat of paint is not as [not so] fresh as it used to be." (Платното за цртање не е толку свежо како што беше.); 3. the same ... as (исто како / како и) "This car is the same size as the old one." (Оваа кола е со иста големина како и старата.); 4. less / more ... than (помалку / повеќе од) "It cost me more to rent than I had hoped." (Чини повеќе отколку што се надевав.)


ПРИЛОЗИ

Во англискиот јазик, прилозите обично се формирани со додавање на -ly на крајот на придавката. Компаративните more (повеќе) или less (помалку) се додаваат пред прилогот. Кај некои неправилни прилози како fast (брзо) или hard (тешко) не се додава more (повеќе), туку суфиксот –er како кај придавките. На пример: "My new car starts faster than the old one." (Мојата нова кола вози побрзо од старата.) или "She studies harder than her sister does." (Таа учи повеќе од нејзината сестра.) Кај некои едносложни придавки, компарацијата може да биде употребена заедно со компарацијата на прилозите без притоа да се промени значењето на зборот. На пример: "My new car starts more quickly than the old one." (Мојата нова кола пали побрзо од старата) or "My new car is quicker than the old one." (Мојата нова кола е побрза од старата.) Ако придавките имаат неправилна компарација, тогаш мора да се употреби и прилог. На пример: "She writes better than I do." (Таа пишува подобро од мене.) или "He threw the ball farther than his brother did." (Тој ја фрли топката подалеку од неговиот брат.)


НУЛТА КОМПАРАЦИЈА

Во нултата компарација споредбата нема појдовна точка и ваквите компарации се употребуваат во реклами. На пример, во тврдења како "our burgers have more flavor" (нашите бургeри имаат повеќе вкус) не знаеме со што се врши споредбата. Во некои изјави лесно се заклучува кој е испуштениот елемент при нултата компарација. Во други случаи, говорителот или писателот е нејасен во своите намери.


ПОГОЛЕМО / ПОМАЛО

Таксономската и географска категоризација вообичаено ги вклучуваат придавките greater (поголемо) или lesser (помало) кога има поголема или помала разлика. Овие придавки можат да се појават и како нулта компарација кога се кажани без нивниот спротивен пар. Тешко е да се следат greater (поголемо) и lesser (помало) низ нивниот развиток. Не може да се каже кога точно станале широко прифатени, но очигледно е дека со текот на времето тие стануваат придавки губејќи ја нивната компаративна конотација. Кога се однесува на предградија, greater ја вклучува метрополата заедно со предградијата. Иако изгледа како компарација, во потесна смисла на зборот, оваа форма упатува само на градот. На пример Greater London значи исклучиво градот Лондон или Greater New York значи градот Њу Јорк. Ова не е компарација во граматичка смисла на зборот.


СУПЕРЛАТИВ

Во граматиката суперлативот на придавките или прилозите е нивната највисока форма која укажува дека едно нешто има највисок степен за разлика од другите нешта со кои се врши споредбата. На пример, ако Александар има 40 години, Денис 35, а Џеф 25, тогаш велиме дека Александар е најстар затоа што ги надминува годините на Денис и Џеф, а Џеф е најмлад затоа што ги надминува годините на Александар и Денис во спротивна насока. Ако Џеф има 25 години, Винсент 23, а Давид 19, сега претходно најмладиот Џеф е најстар од нив тројцата (Џеф, Винсент и Давид). Некои граматичари се спротиставуваат на компаративните и суперлативните зборови како full (полно), complete (комплетно, целосно), unique (уникатно, единствено) или empty (празно) кои по дефиниција означуваат тоталитет, отсуство или апсолутизам. Како и да е, ваквите зборови се најчесто вметнати во современото говорење и пишување.



АНГЛИСКИ ЈАЗИК Во aнглискиот јазик, компаративната и суперлативната форма се формирани со флексија на придавката или прилогот. Структурата на суперлативот се состои од основната форма, позитив, која е дел од придавката или прилогот и суфиксот -est, или (обично од зборовите од латинско или романско потекло) "most" или "least" пред придавката или прилогот. Оној збор од кој се гради суперлатив секогаш е следен од "of" (од) или некој друг предлог, и една или повеќе именки кои се предмети на споредување.

ДЕРИВАЦИОНИ СУФИКСИ

Во примерот: "The weather forecaster said it would be clear today, but I can't see clearly at all."-(Временскиот прогнозер рече дека времето ќе буде ведро денес, но јас воопшто не гледам ведрина.) суфиксот –ly го менува зборот од придавка во прилог. Но, со деривација може да се формира и различен семантички збор во рамките на истата лексичка категорија. Во примерот: "The weather forecaster said it would be a clear day today, but I think it's more like clearish!" (Временскиот прогнозер рече дека денеска времето ќе биде ведро, но јас мислам дека е заоблачено.) суфиксот –ish го менува значењето на зборот од „ведро“ во „помалку ведро, не толку ведро“. Во продолжение се дадени некои деривациски суфикси што се користат во денешниот англиски јазик:

• -fy – terrify, horrify

• -ly - gentlemanly

• -able/-ible - fashionable, seasonable, sensible

• -ful - harmful

• -ness - darkness

• -less – jobless

• -ism - baptism

• -ment – replacement

• -ist - violinist

• -al - arrival

• -ish – greenish