Микрограм

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Микрограм (µг, мкг; меѓународно: µg, mcg) е единица за маса еднаква на милионити дел (1/1.000.000) од грамот[1] (1 × 10−6) или 1/1000 од милиграм. Ова е една од најмалите единици за маса (и тежина) што се користи во макроскопски размери. Симболот „µg“ е утврден во Меѓународниот систем на мерни единици и често се применува во научната литература, но организациите како Заедничката комисија (JCAHO) од САД препорачуваат да не се користи во болници бидејќи рачно напишан, симболот µ наликува на m, што може да доведе до илјадакратно предозирање. Наместо тоа, се препорачува кратенката мкг (mcg).[2]

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. „микрограм“ — Лексикон на македонскиот јазик на оф.нет
  2. „Список на кратенки, симболи и дозни ознаки подлежни на грешки“. ISMP. http://www.ismp.org/tools/errorproneabbreviations.pdf. конс. 2 ноември 2011.  (англиски)