Чај
Од Википедија, слободна енциклопедија
Чај (од кин. 茶, chá) е пијалок кој се прави со киснење на преработени листови, пупки или ветки од чајната билка (лат. Camellia sinensis), во врела вода неколку минути. Билката може да се преработува со оксидација, загревање, сушење и додавање на други билки, цветови, зачини и овошки. Четирите главни вида на вистински чај се (од најмногу кон најмалку преработениот): црн чај, улонг, зелен чај и бел чај. Поимот „билен чај“ се однесува на инфузии од овошки или билки (како шипинка, камилица, или џиоагулан) кои не содржат Camellia sinensis .[2] Во оваа статија се зборува само за приготвувањето и употребата на чајот од C. sinensis.
Чајот е природен извор на аминокиселината теанин, метилксантини како кофеинот и теоброминот,[3] и полифенолски антиоксидантски катехини.[4] Речиси воопшто не содржи јаглехидрати, масти или пеотеини. Има разладен, малку нагорчлив и устособирачки вкус.[4]
Содржина |
[уреди] Одгледување
Чајната билка е зимзелено растение кое расте на тропска и суптропска клима. Покрај тропските клими (со најмалку 127 cm врнежи годишно), ова растение сака кисели почви. Многу од висококвалитетните чајни билки растат на надморска височина од 1500 метри, бидејќи таму растат побавно и добиваат подобар вкус. Се берат само првите 3-5 cm од зрелото дрво. Овие пупки и листови се берат во „тури“, и за време на сезоната на растење, растението дава нова тура секои 7 до 10 дена.
Ако се остават природно, чајните грмушки ќе прераснат во дрва, но при одгледувањето тие се кастрат до висина на човечка половина за лесна берба.[5]
Се користат две главни сорти, малолисното кинеско растение C. sinensis sinensis и големолисното асамско растение C. sinensis assamica.
[уреди] Преработка и класификација
Овие видови чај се разликуваат по нивната преработка. Листовите на Camellia sinensis набргу почнуваат да венеат и оксидираат ако не се исушат веднаш по бербата. Листаја стануваат сѐ потемни заради разложувањето на хлорофилот и испуштањето на танините. Овој процес, ензимска оскидација, се нарекува ферментација чајната индустрија, иако вистинска ферментација не се случува (т.е. процесот не се должи на микроорганизми). Следен чекор во преработката е да се запре процесот на оскидација во предодредена фаза со загревање, кое ги деактивира одговорните ензими. Кај црниот чај ова се прави истовремено со сушењето. Без внимателна контрола на влажноста и температурата за време на производството и потоа, на растението израснуваат габи. Овие габи причинуваат вистинска ферментација која го контаминира чајот со токсични и канцерогени супстанци и нус-ароми, па со тоа чајот не може да се користи.
Традиционално чајот се класификува по производствената техника :[6]
- Бел чај
- Млади листови (пупки) кои не се оксидирани; пупките може да се штитат од сонце за да се спречи создавањето на хлорофил. Белиот чај се произведува во помали количества од другите видови чаеви, и затоа е поскап чај отколку другите од истото растение добиени по друга метода. Овој вид е малку познат вон Кина, иако веќе забележуваме пораст на интересот кај западните земји.
- Зелен чај
- Процесот на оксидација се запира по минимална оксидација со примена на топлина, или со пареа, или со печење во врели тави, која е традиционална кинеска метода. Чајот може да се остави на сушење во посебни листови или завиткан во мали топчиња за добивање на барутен чај. Овој процес бара време и обично се прави со пека од повисок квалитет. Чајот се преработува ден до два по бербата.
- Улонг
- Оксидацијата се запира некаде помеѓу стандардот за зелен чај и стадардот за црн чај. Трае два до три дена. На кинески, полуоксидираните чаеви збирно се нарекуваат син чај (青茶, буквално: сино-зелен чај), додека поимот „улонг“ се употребува како конкретен назив за извесни полуоксидирани чаеви.[7]
- Црн чај/Црвен чај
- Чајните листови се оксидираат сосема. Црниот чај е најчестиот вид на чај во јужна Азија (Шри Ланка, Индија, Пакистан, Бангладеш и тн.) и од изминатот век во африкански земји како Кенија, Бурунди, Руанда, Малави и Зимбабве. Буквален превод од кинески би бил црвен чај, кој се користи од некои љубители на чај. Кинезите го нарекуваат така бидејќи течноста на чајот е црвена. Европските народи пак го нарекуваат црн чај заради тоа што самите листови се црни. Меѓутоа, црвен чај може да се однесува и на ројбос, кој е сѐ попопуларен јужноафрикански билен чај. Оксидацијата трае помешу две недели и еден месец. Црниот чај понатаму се класификува како ортодоксен или како ГКВ (англ. CTC) (Гмечење, кинење, виткање, производствена метода воведена околу 1932). Немешаните чаеви исто така се распознаваат по плантажата, годината и турата (прва, втора или есенска). Ортодоксно преработените црни чаеви понатами се градираат според попроизводствениот квалитет на листоти според системот портокалов пеко, додека ГКВ чаевите се градират по друг систем.
- Поферментиран чај
- Чаеви кои оксидираат по втор пат, како пуер, лиуан и лиубао. На кинески можат да се категоризираат како темен чај или црн чај. Ова не е исто што и поимот црн чај, кој на кинески се нарекува црвен чај. Пуер е најчестиот ваков чај на пазарот.
- Жолт чај
- Поим кој се користи или за специјален чај преработен слично како зелениот, или за висококвалитетен чај кој се служел на царскиот двор.
- Кукича
- Наречен и зимски чај, се прави од ветки и стари листови искастрени од чајната билка за време на периодот на мирување, кој се пече над оган. Популарен е како здрава храна во Јапонија, како и во макробиотската исхрана.
|
Чаеви да Хонг Пао и улонг |
Зелен пуер туо ча, тип на пресуван свеж пуер |
[уреди] Мешање и адитиви
Речиси сите чаеви во ќесички и скоро сите други чаеви вон Азија се мешавини. Мешањето може да се изведе во рамките на плантажата (како со асамскиот чај), или да се меша од повеќе разни места. Целта е да се добие подобар вкус, подобра цена или обете, бидејќи поскапиот, повкусен чај може да го покрие вкусот на понеквалитетните сорти со кои се меша. Со мешање се добива и поконзистентен вкус, без разлика на варијацијата на вкусови меѓу чистите чаеви.
Се продаваат разни чаеви кои не се чисти, туку имаат разни адитиви за подобрување на вкусот. Чајот е мношне приемчив на придодавање на други ароми; ова може да предизвика проблеми во преработката, превозот и складирањето, но исто така дава констуриирање на речиси бескрајно многу видови, како со вкус на ванила, карамела и многу други.
[уреди] Состав
Чајот содржи катехини, вид антиоксиданти. Во свежиот лиснат чај, катехините може да сочинуваат до 30% од сувата мера. Катехините се наоѓаат во највисока концентрација во белиот и зелениот чај, додека црниот содржи значително помалку заради оксидацијата. Чајот содржи и теанин, и стимулантот кофеин околу 3% од сувата мера, што е помеѓу 30mg и 90mg по шолја од 2.5 dl) зависно од типот, марката[8] и начинот на приготвување.[9] Чајот содржи и мали количества на теобромин и теофилин.[10] Чајот содржи исто така и флуорид, со тоа што извесни видови на пресуван чај кои се правад од стари листови и дршки го содржт во најголема мера.[11]
[уреди] Потекло и историја
Во Азија чајот се одледувал илјадници години. Зависно од морфолошката разлика помеѓу Camellia sinensis сор. assamica и Camellia sinensis сор. sinensis, ботаничарите веќе долго сметаат дека чајот е од двојно потекло.[12] Camellia sinensis сор. assamica води потекло од регионот на провинцијата Јунан, Кина до северниот регион на Мјанмар и сојузната држава Асам во Индија.[13] Camellia sinensis сор. sinensis води потекло од источна и југоисточна Кина.[13]
Меѓутоа скорешните истражувања го доведуваат ова во прашање. Истот хромозомски број (2n=30) за двете сорти, лесното вкрстување, и разните типови на хибриди меѓу нив како и спонтаните полиплоиди наведуваат на едноп единствено потекло на Camellia sinensis — регионот во северен Мјанмар, и провинциите Јунан и Сичуан во Кина.[14]
[уреди] Митови за потеклото
Според една позната кинеска легенда, Шеннунг, легендарниот кинески цар, изумител на земјоделството и кинеската медицина, околу 2737 п.н.е. пиел врела вода кога ветрот дувнал и неколку листови од блиското двро паднале во чашката, па течноста почнала да ја менува бојата. Љубопитниот монарх пробал од новонастанатиот пијалок и пријатно се изненадил од вкусот и закрепнувачките својства. Друга варијанта на легендата вели дека царот на себеси ги опитувал лековитите својства на растенијата, од кои некои биле островни, и увидел дека чајот работи како противотров.[15] Шенунг исто така се споменува во познатото дело на Лу Ју Ча Јинг.[16]
Според една легенда од времето на династијата Танг која се раширила заедно со Будизмот, Бодидарма, основачот на школата на Зен Будизам која се заснова на медитација, позната како „Чан“. По медитација пред еден ѕид девет години, тој случајно заспал. Потоа се разбудил со гадост кон својата слабост, па си ги исекол клепките, кои паднале на земја и пуштиле корен, и прераснале во чајни грмушки.[17] ПОнекогаш втората приказна се прераскажува со Гаутама Буда наместо Бодидарма[18] Во друга варијанта на првоспоменатиот мит, Гаутама Буда го открил чајот кога некои листови паднале во вода која вриела.[19]
Без разлика дали овие легенди имаат вистинска основа, чајот игра значајна улога во ависките култури со векови како главен пијалок, лек и статусен симбол. Така не е изненадувачки што неговото откривање се препишува на лица од верско или кралско значење.
[уреди] Кина
Кинезите го употребуваат чајот веќе илјадници години. Додека историски употребата на чајот како лековита билка корисна за останување буден е непозната, во Кина ги наоѓаме најраните записи за консумирање на чај, кои датираат од I милениум п.н.е. Династијата Хан го користела чајот како лек.
Лао-це (~600-517 п.н.е.), класичен кинески философ, зборувал за чајот како „пена од течен жад“ и рекол дека е незаменлива состојка на еликсирот на животот. Според една легенда учителот Лао бил згаден од неморалниот начин на живот на неговиот народ, па пребегнал западно во Дачин. Додека минувал низ Ханскиот премин, му било понудено чај од страна на царинарникот Јин Хси. Можно е Јин Хси да ги има инспирирано писателите на Тао Те Чинг, збирка поговорки од Лао-це. Великодушноста на Јин им помогнала на многу луѓе, и ја започнала традицијата на служење на чај на гости во Кина.
Во 220, познатиот лекар и хирург Хуа Туо го напишал делото Шин Лун, во кој вели дека чајот има способност постојатно да го подобрува мислењето и умствената моќ.
Во 59 п.н.е., Wang Bao wrote the first known book providing instructions on buying and preparing tea, establishing that, at this time, tea was not only a medicine but an important part of diet.
During the Sui Dynasty (589-618 AD) tea was introduced to Japan by Buddhist monks.
Делото Ча Џинг 茶經 од писателот Лу Ју 陸羽(729-804) (династија Танг) е рано дело на таа тема. (Видете и Чајни класици) Според книгата, околу 760 г., пиењето на чај веќе било нашироко распространето. Книгата кажува како се одгледувале чајните билки, како се преработувале лисјата и како се приготвувал чајот како напиток. Исто така делото кажува како чајот се проценувал и каде се произведувале најдобрите листови. Чајот од ова време главно бил пресуван и често се користел како валута, особено подалеку од царството, каде монетите ја губеле вредноста.
За време на династијата Сонг (960-1279), производството и приготвувањето на сет чај се променило. Сега се користеле разни стилови на рефус чај (за зачувување на специфичниот вкус кој го сакале дворјаните), но излегол и чај во прав. Со векови, главниот процес на преработка било барење на листовите. По преодот од пресуван чај во чај во прав, прозиводството на чај за трговија и дистрибуција повторно се променило. Кинезите научиле да го преработуваат чајот на поинаков начин до XIII век. Листовите се печеле, па потоа се ронеле наместо да се барат. Ова е потеклото на денешниот рефус-чај и обичајот на негово подготвување. Во некои села луѓето сѐ уште користат дресирани мајмуни за берење на листовите со потежок пристап по планини и гребени.
Во 1391, дворот на династијата Минг издал указ со кој за плаќање на данок се прифаќа само рефус чај. Како резултат на тоа се зголемиле количествата на произведен рефус чај, а со тоа и напреднале и техниките на негова преработка. Набргу скоро сет чај се правел во цели листови, кој потоа се киснел во земјени садови.
[уреди] Индија
- Видете уште: Асам (чај), Дарџилинг (чај), и Нилгири (чај).
Сѐ уште е спорно дали чајот потекнал од Кина или Индија. Тоа што е сигурно е дека употребата на чајот во Кина најпрвин била медицинска, а потоа напитокот станал популарен пијалок.
Производството на чај во Индија доживува расцут под власта на Британците и денес Индија е најголемиот произведувач на чај во светот. Откога чајот станал главниот топол напиток во Европа и Кина ставила ограничувања на неговиот извоз во надворешниот свет, Британците почнале да одгледуваат чај во северните и источните делови на Индија. Организираното одгледување се рашитило и во јужна Индија за времето на Првата Светска војна, а потоа и во and Шри Ланка.
За време на овој период гледаме стандардизација на многу од процесите во одгледувањето и обработката на чајот, а со сѐ поголемата побарувачка се јавила и механизацијата на производството со цел за задоволување на глобалната побарувачка. Зелениот чај, кој обично се прави во Кина, бил подобрен, а се втемелило и производството на црниот чај, што го продолжило векот на складираниот чај и дозволило чајот да се пренесува во времетраење од сѐ подолги периоди и да стигне на сите страни на светот.
Дарџилинг чајот се одгледува на падините на Хималаите, и е ценет индиски чај. Овој чај бил рекламиран со енергични кампањи на британското кралското семејство и ден денес се вбројува во најдобрите чаеви на светот.
Асамските чаеви се познати по нивниот сладест вкус и се промовирал како млечен чај по новиот процес ан обработка ГКВ (англ. CTC) (гмечење, кинење и виткање) кој бил воведен за обработка на големите количини обрани во дождовната сезона.
Индиските чаеви ширум светот станале познати како млечни чаеви, и на многу пазари почнале да предоминираат над зелените кинески чаеви дотогаш.
Источноиндиската компанија исто така имала интереси долж маршутата до Индија од Велика Британија. Компанијата одгледувала чаеви во Индија. Нејзините продукти биле поводот за Бостонската чајанка во колонијална Америка.
[уреди] Шри Ланка/Цејлон
Во 1960-тите години плантажите кои ги воспоставиле британците прешле во државна сопственост, но сега се повторно приватизирани и под водство на 'плантажни компании', секоја од кои поседува неколку 'поседи' или чајни плантажи.
Шри Ланка е позната по својот висококвалитетен чај и како 3та чајна сила во светот[4] со 9% од светското производство, и една од водечките светски извозници со околу 19% од светската побарувачка. Вкупната површина на плантажи е проценета на некои 187,309 хектари.
Цејлонскиот чај се дели на три групи: висински, среден и низински чај врз основа на географската расположеност.
[уреди] Јапонија
За прв пат зелениот чај во Јапонија се споменува во будистички текст од IX век. Чајот станал пијалок на верските класи во Јапонија кога јапонските свештеници и пратеници, пратени во Кина да ја учат тамошната култура, го донеле чајот во својата татковина. Старите записи велат дека првите чајни семиња ги донел свештеникот по име Саичо (最澄? 767-822) во 805 и уште еден по име Kūkai (空海? 774-835) во 806. Станал пијалок на царските класи кога јапонскиот цар Сага (嵯峨天皇?), почнал со активна поддршка на неговото одгледување. Семките се увезувале од Кина, и така започнало одгледувањето на чајот во Јапонија.
Во 1191, познатиот зен свештеник Еисаи (栄西? 1141-1215) донел чајни семиња во Кјото. Некои од овие семиња му биле дадени на свештеникот Мјое Шонин, и станале основа за чајот Уџи. Најстарата книга за чај во Јапонија, Киса Јоџоки (喫茶養生記? How to Stay Healthy by Drinking Tea), била напишана токму од Еисаи. Тој одиграл круцијална улога во воведувањето на пиењето на чај кај воинските класи, кои се здобиле со политичка важност по Хејанскиот период.
Зелениот чај станал главен пијалок на култивираните луѓе во Јапонија -- напиток за племството како и за свештенството. Чајот станувал сѐ подостапен, иако сѐ уште привилегија на погорните класи. Современата чајна церемонија се развила низ неколку века, и за тоа биле одговорни зен-будистичките свештеници под првично водство на свештеникот Сен но Рикју (千 利休? 1522-1591). Впрочем, и пијалокот и неговата церемонија, играле важна улога во феудалната дипломатија.
Во 1738, Соен Нагатани го развил јапонскиот сенча (煎茶?), буквално печен чај, кој е неферментиран облик на зелен чај. Овој и денес е најпопуларниот вид на чај. Во 1835 пак, Кахеи Јамамото го изумил гјокуро (玉露?), буквално роса скапоцен капен, со засенување на чајните дрва за време на неделите кои ѝ претходат на бербата. На крајот на периодот Меиџи (1868-1912), започнало машинското производство на зелен чај кое го заменило рачното.
[уреди] Кореја
Првиот документиран чаен обред како дар за прадедовски бог датира од 661 г. кон духот на кралот Суро, основачот на кралството Геумгван Гаја (42-562). Записите од времето на династијата Горјео (918-1392) укажуваат на тоа дека биле давани дарови за духовите на уважени свештеници.
За време на династијата Чосон (1392-1910), кралското семејство Ји и аристократијата се користеле со чај за едноставна церемонија неречена „дневен чаен обред“, која била обична дневна церемонија, додека церемонијата наречена „посебен чаен обред“ била резервирана за специјални прилики. Овие поими не ги наоѓаме во ни една друга земја. Кон крајот на династијата Чосон, обичниот народ почнал да го следи трендот на употреба на чај во прадедовските обреди, по кинескиот пример заснован на книгата на Чу Хси за формалностите во семејството.
Најчести била керамиката, па поредок бил порцеланот, а најредок бил оној со змејови. Првите видови на чај во чајната церемонија биле пресуван црн чај, еквивалентот на одлежаниот пуер кој е сѐ уште популарен во Кина. Меѓутоа свештениците почнале да увезуваат пофини видови на чај во Кореја, и чајната церемонија. Најчесто се служи зелениот чај, „чаксол“ или „чугно“. Мешутоа во различни доба од годината може да се служат и „Бјеоксорјунг“ Чунхачун, Вучеон, Чаксеол, Чукро, Окчеон, како и локалните чаеви од хризантема, лист од рајско јаболко, див пелин.
[уреди] Тајван
Тајван (или Формоза) е познат по производството на Улонг-чај и зелен чај.
[уреди] Велика Британија
Чајот во Велика Британија почнал да се увезува во 1660 кога кралот Чарлс II примил две унци [20]. Истата година Семјуел Пипс запишал дека пиел „кинески пијалок кој никогаш пред тоа не сум го пробал“ [21]. Веројатно е дека во прво време чајот се увезувал преку Амстердам или преку морнари на бродовите на исток [22].
Редовната трговија започнала со Гуангџоу (кантон) [23]. Трговијата била управувана од два монопола; кинеските трговски компании хонги и британската источноиндиска компанија [24]. Хонгите го набавувале чајот од доставници кои имале комплексен ланец на снабдување од планините каде тој растел [25].
Источноиндиската компанија донела многу производи во татковината, од кои чајот бил само еден, но истиот станал најуспешен [26]. Првично бил рекламиран како лековит пијалок или тоник [27]. Кон крајот на XVII век чајот го пиеле потесни кругови од британското општество, како аристократската елита [28]. Во 1690 никој не можел да предвиди дека до 1750 чајот ќе стане национален пијалок [29].
Порастот на увозот и продажбата на чај во периодот од 1690 до 1750 оди паралелно со порастот во увозот и продажбата на шеќерна трска: британците пиеле не само чај, туку сладок чај[30]. Така двата трговски триаголника се сретнале во шолјата: шеќерот од трговскиот триаголник Британија-Африка-Источни Индии и чајот од триаголникот Британија-Индија-Кина [31].
Британија ја плаќала Кина за чајот, но Кинезите немале многу потреба од британски добра, па така тој бил исплаќан во сребрени шипки. Критичарите посочуваат на ова како голема штета за британското богатство, заради губење на среброто [32]. Како алтернатива, Британија започнала со производство на опиум во Индија и така ја принудила Кина да тргува чај за опиум како дел од неколку мировни договори по т.н. Опиумски војни. Чајот станал важно мазиво за глобалната трговија на Британија, со тоа што допринесувал кон глобалната предоминантност на нивната империја кон крајот на XVII век [33].
[уреди] Чајот се шири во светот
За прв пат вон јужна и источна Азија чајот се поменува од арапски патник, кој запишал дека по 879 г. главен извор на приход на Кантон биле даноците на сол и чај. Марко Поло ја запишал смената на министерот за финансии на Кина во 1285 заради неговото произволно покачување на давачките за чај. Патниците Џовани Батиста Рамузио (1559), Л. Алмеида (1576), Мафеи (1588) и Таксиера (1610), исто така го споменуваат чајот. Во 1557, Португалија поставила трговски врски со Макао и набргу се расчуло за кинескиот пијалок „ча“, но не се споменува дали пијалокот бил донесен во Португалија. Во раниот XVII век, брод на холандската источноиндиска компанија ги донел првите листови зелен чај во Амстердам од Кина. Чајот бил познат и во Франција до 1636. Накратко уживал популарност во Париз околу 1648. Историјата на чајот во Русија датира исто така од XVII век. Кина за прв пат му понудила чај на дар на царот Михаил I во 1618. Рускиот амбасадор го пробал пијалокот, но не бил заинтересиран и ја одбил понудата, па така го одложил воведувањето на чајот во Русија педесет години. Во 1689, чајот редовно се увезувал во Русија од Кина по каравани од стотици камили кои патувале по една година, и со тоа чајот бил ценето добро. Чајот се јавува кај германските аптеки во 1657 но никогаш не станал популарен, освен во крајбрежните заедници како Источна Фризија.[34] Чајот јавно за прв пат дошол во Англија во 1650-тите, кога почнал да се служи во кафеџилници. Од тука тој бил однесен во британките колонии, Америка и на други места.
[уреди] Потенцијални здравствени ефекти на чајот
Разни независни институти имаат утврдено неколку позитивни здравствени ефекти на чајот.
[уреди] Чајна култура
Во многу култури, чајот се пие во друштвени прилики, како пладневен чај и чајанка. Може да се пие изутрина за подобра будност; содржи теофилин и врзан кофеин[4] (наречен и „теин“), иако постојат и декофеинизирани чаеви. Во многу култури како во арапската чајот е централен елемент во друштвените собири.
Во светот постојат разни чајни церемонии од кои најпозната е јапонската комплексна, формална и мирна церемонија. Други примери се кинеската чајна церемонија во која се користат традиционални начини на подготовка. Една форма на кинеската чајна церемонија е гонгфу чајната церемонија, во која се користат мали грнчарии и улонг чај.
[уреди] Македонија
Во Македонија денес културата на пиење на чај е дијаметрално поделена, и тоа главно по верски линии: додека муслиманите се дружат во чајџилници, христијаните се собираат во кафулиња или кафеани. Кај љубителите на кафе постои консензус дека „чај се пие само кога си настинат“. Покрај тоа, во Македонија популарни се чаеви од билки и цветови кои всушност и не се вистински чај: липа (лат. tiliae floss), нане (лат. menthae folium), камилица (лат. chamomillae floss), хибискус (лат. hibisci floss), бозел (лат. sambuki floss), планински чај (лат. origani vulgaris herba), магдонос (лат. petroselini folium), како и сушени плодови од овошје (брусница, малина, шипинка) и др.
Во моментов (јули/2008) е во тек постапка за заштита на Македонскиот планински чај како автентичен напиток со географско потекло[35]
[уреди] Подготовка
Традиционалниот начин на подготовка на чај од рефус листови е да се стават или директно, или во чајно јајце во чајник па да се истури вода на вриење (или многу врела зависно од видот на чајот) преку листовите. Во втората половина на XX век употребата на чајни ќесички во голема мера ја има заменето употребата на рефус чај на западот; со ова пијалокот се приготвува директно во шолја.
Историски во Кина чајот се дели на неколку инфузии. Првата инфузија веднаш се истура за да го измие чајот, а потоа втората и другите инфузии се пијат. Третата до петтата се сметаат за најдобри инфузии, иако разни чаеви се отвораат различно и може да бараат повеќе инфузии за да заживеат.[36]
Најдобрата температура за подготовка на чај зависи од неговиот тип. Чаеви со малку ли без воопшто оксидација, како зелениот или белиот чај, се подготвуваат на пониски температури околу 80°C, додека пооскидираните чаеви треба да се приготвуваат на повисоки температури околу 100°C.[37][38]
Соодносот на чајот и водата е очигледно од големо значење, но сепак ова не постои универзално правило. Основна рецепта би било една кафена лажичка чај со мал врв (околу 5ml) на секои 200ml вода.[39] Ова може да варира во зависност од чајот и вкусот, со тоа шшто посилниот Асам кој се пие со млеко би се правел со повеќе листови, а понежните висински чаеви како Дарџилинг се подготвуваат со помалку (бидејќи посилните средни вкусови ги покриваат шампшањските ноти).
Друг начин на проверка на чајот е потуртање на листовите во шолјата со врела вода, па пробување на пијалокот на секои 30 секунди. Како што листовите се одвиткуваат, оддаваат разни вкусови, па затоа вкусот еволуира.[40]
[уреди] Црн чај
- Кај црниот чај водата се додава кога е на точка на вриење (100°C). За поделикатните чаеви се препорачуваат пониски температури. Ова има исто толку голем ефект на финалниот вкус колку и изборот на тип на чај. Честа грешка при приготвувањето на црн чај е користењето на вода со прениска температура. Се препорачува чајникот да се загрее пред подготовката на чај, со тоа што се истура малку врела вода во него, се промешува и се истура. Црниот чај не смее да кисне помалку од 30 секунди или повеќе од 5 минути. Со подолго кисенње чајот станува горчлив. Кога чајот киснел доволно долго според вкусот на пијачот, треба да се процеди при самото служење.[41]
[уреди] Зелен чај
- Водата за зелениот чај треба да биде на температура од 80°C до 85°C; листовите со повисок квалитет бараат пониска температура. Пожешка вода ќе ги изгори листовите, давајќи горчлив вкус. Препорачливо е садот (или чајникот) да биде претходно загреан, за чајот да не може веднаш да истине.[41]