Дарџилинг (чај)
Од Википедија, слободната енциклопедија
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (август 2010) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Тип: | Црн |
| Други називи: | Шампањ меѓу чаевите |
| Потекло: | Дарџилинг, Индија |
| Краток опис: | Овошно-пикантен. |
Дарџилинг е чај кој традиционално се цени високо над сите други црни чаеви, особено во Обединетото Кралство и земјите од поранешната Британска империја.
По соодветно приготвување, чајот е редок и светол со цветна арома и донекаде остра танинска карактеристичност и пикантност која познавачите често ја опишуваат како мушкат.
Фалсификатите се сериозен проблем во глобалната трговија со чај; ширум светот се продава повеќе од 40,000 тони Дарџилинг чај, додека самото производство на таквиот чај се движи од 8,000 до 11,000 тони, вклучувајќи ја локалната потрошувачка. Како мерка против ова, Чајниот Одбор на Индија има развиено метод на цертификација и лого.
Содржина |
Видови [уреди]
- Прва тура се бере од средината на март по пролетните дождови, има блага и многу светла боја и лесна арома.
- Втора тура се бере во јуни и дава килибарест и поостар напиток.
- Есенска тура се бере на есен по дождовната сезона, и е донекаде помалку нежен по вкус и пикантност.
Чајот кој се бере на лето (или во дождовната сезона) понекогаш се продава, но по пониски цени.
Наводи [уреди]
- Darjeeling Tea, Листа на поседи (англиски)
Видете исто така [уреди]
Надворешни врски [уреди]
- Историја на чајот Дарџилинг (англиски)