Чај (оброк)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Овие статии се дел од
темата oброци
Општопознати оброци...
ПојадокПојчек (Бранч)Mал ручек
ЧајРучекВечера
Останати оброци...
Втор појадок
Илевенсез
Тифин
Десерт
Ужина
Поврзано...

Кујна | Кујни


Чај (оброк, за разлика од напитокот) носи различни значења, зависно од земјата. Може да означува лесен попладневен оброк или голем оброк на пладне или на крајот на работниот ден.

Попладневен чај[уреди | уреди извор]

„Попладневен чај“ (или низок чај) е лесен оброк од Британија (но негови облици постојат насекаде низ поранешната Британска Империја) кој се јаде околу 16:00 часот. Многу делови од овој оброк доаѓаат од восхитот на богатите британци за Кина и Јапонија во 18 век - ориенталната манија.

Оброкот обично се состои од самиот пијалак, послужен во чајник со млеко и шеќер, придружен од леб и путер и извесен вид на колач, мали чајни колачи и/или поголема торта како Батенбург. на формалниот попладневен чај се послужуваат и скоунови (вид земички) и сендвичи со краставица или рибја паштета, наредени на повеќеспратно постолје. Додека попладневниот чај порано бил секојдневен настан, денес многу луѓе го сметаат за почестување и за таа намена одат во хотел, кафуле или чајџилница, иако многу денешни британци сѐ уште пијат зај со парче колач во нивното „време за чај“. И покрај тоа, во денешно време, овој оброк се има претворено во друг оброк кој се служи од 16:00 до 18:00 часот.

Историја[уреди | уреди извор]

Чајот првобитно во Англија се служел во кафеџилници. Заради високите давачки нма него, чајот бил екстремно скап, и бил достапен само на многу богатите. Подоцна чајот добил огромна популарност, и трговците како Томас Твининг почнале да продаваат сушен чај, така што дамите кои не можеле да ги посетуваат чајџилниците можеле да го консумираат дома.

Чајот бил многу вреден и бил чуван од дамата на куќата, наместо од домаќинката. Самата дама го служела чајот, во имитација на јапонската чајна церемонија.

Потодцна и средната класа почнала да ги имитира богатите кога заклучила дека „чајот“ е многу екеномичен начин на пречекување на неформални гости и затоа попладневниот чај наскоро станал обичај.

Современа употреба[уреди | уреди извор]

Бидејќи бројот невработените домаќинки денес е многу помал, попладневниот чај денес се смета за малку старомоден. Не е случај дека сите или повеќето британци консумираат ваков оброк секој ден.

Висок чај[уреди | уреди извор]

Средна класа[уреди | уреди извор]

Висок чај е израз кој се употребува главно во Обединетото Кралство и Ирска за ран вечерен оброк, околу 17:00-18:00 часот, кој се јаде како замена за попладневниот чај и вечерниот оброк. Изразот доаѓа од фактот што оброкот е јаден на „високата“ (трпезариската) маса, за разлика од помалите гарнитурни маси. Денес овој оброк е заменет со подоцниот оброк чај (видете подолу).

Овој оброк обично се состои од ладним меса, јајца и/или риба, колачи и сендвичи, сите послужени во исто време. Колачите можат да бидат цели или пресечени, или мали поединечни колачиња, или мафини, тост или други слатки лебови.

Семејно, овој оброк е понеформална и регулирана ужина, обично со сендвичи, колачиња, печива, овошје и слично. Во спротивно истото би било вечера.

Работничка класа[уреди | уреди извор]

На фармите во Обединетото Кралство, високиот чај е традиционален и многу важен оброк кој работниците го јадат по стемнување, и истиот го комбинира попладневниот чај со вечерниот оброк.

Чај[уреди | уреди извор]

За разлика од горенаведеното, чај може да значи попладневен/вечерен оброк, таканаречен дури и на ручеците каде што се пие пиво, јаболково вино или сок. Традиционално овој оброк се служи околу 18:00 часот (иако во денешно време може да биде и во 21:00 часот).

Во Нов Зеланд чајот (како оброк) се јаде попладне до навечер како дел од трите дневни оброка - појадок, мал ручек (lunch) и чај.

Други употреби[уреди | уреди извор]

Во крикетот, втората пауза за време на играта која трае цел ден или повеќе се нарекува чајна пауза. на оваа пауза играчите и судиите се одмораат и учествуваат во групна ужина.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]