Планински чај

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Планински чај
Научна класификација
Царство: Растенија
Оддел: Скриеносемени
Класа: Дикотиледони
Ред: Мртвокопривовидни
Фамилија: Усноцветни
Род: Sideritis
Вид: Sideritis Scardica

Планински чај (лат: Sideritis Scardica) е едногодишна билка, која расте на високите планини на Балканскиот Полуостров. Позната е во народната медицина по своите лековити својства.

Етимологија[уреди]

Латинското име доаѓа од грчкиот збор за железо Sidiros и латинскиот назив за Шар Планина Scardus.

Животна Средина[уреди]

Расте на поголема надморска височина во суви предели, на песоклива почва, на карпи или карпести пукнатини. Цвета од јуни до август во зависност од регионот и надморската виснина.

Во различни региони виреат разни подвидови познати под повеќе имиња: Шарпланински Чај, Пирински Чај, Овчарски Чај, итн.

Најмногу го има на високите планински пасишта најчесто на висина преку 1500 м.н.в. Може да се одгледува и во вештачки услови во алеи со песок, или масовно да се сади на планинските пасишта.

Постојат неколку слични видови од истиод род за кои не е јасно дали се посебни видови или подвидови[1].

Бидејки билката расте во изолација во високите планинските предели, и монгу често секој вид/подвид е енемичен за таа планинска верига. Кај нас е познато дека чајот што се бере на Галичица е малку различен на вкус и изглед од тој на Шара и Бистра. Исто така може да се најде на осторовите во Егејското Море, најмногу на Крит.

Употреба[уреди]

Планинскиот чај е високо ценета билка во народната медицина. Се употребува како универзален лек против настинки, грип и за целокупно јакнење на имунолошкиот систем. Научните истражувања покажуваат дека е богат со антиоксиданси и може да се користи за превенција и борба против рак. Исто така докажано е дека делува против бактерии и воспаленија, а може да се користи и како алтернативен лек против остеопороза[2].

Растението со своите лековите својства било познато уште од античко време [3]. Со популаризацијата на алтернативната медицина, станува се попопуларно поради своите анти-канцерогени својства. Во Грција е брендиран и заштитен како "грчки планински чај" и се извезува на големо како билошки здрава храна и алтернативен лек.

Кај нас се помалку може да се најде на планините. Дивите берачи го берат во големи количини, уште пред целосно да расцвета. Се продава исушен во снопчиња по пазарите, и се повеќе се одгледува во вештачки услови.

Наводи[уреди]

  1. http://www.jstor.org/pss/1222936
  2. Villar A, Recio MC, Ríos JL, Zafra-Polo MC (Apr 1986). „Antimicrobial activity of essential oils from Sideritis species.“. „Pharmazie“ 41 (4): 298–9. PMID 3523549. 
  3. http://www.aspropotamos.org/ecology.htm