Нане

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Нане
Mentha longifolia
Научна класификација
Царство: Plantae
Оддел: Magnoliophyta
Класа: Magnoliopsida
Ред: Lamiales
Фамилија: Lamiaceae
Род: Mentha
L.
Видови

Види во текстот

Нането (односно Mentha) е род со околу 25 вида (и стотици вариетети[1]) на цветни растенија во фамилијата Lamiaceae. Видовите од родот Mentha имаат субкосмополитско распространување низ Европа, Африка и Азија[2], Австралија и Северна Америка. Постојат и одреден број на хибридни видови.

Различните видови на нане се ароматични, речиси секогаш повеќегодишни, ретко едногодишни тревести растенија. Тие имаат разгранети подземни ризоми и исправени, разгранети стебла. Листовите се наспрамни, од прости издолжени до ланцетни, најчесто перести, со насечени рабови. Бојата на листовите се движи од темнозелена и сивозелена до розева, сина и понекогаш бледожолта.[2] Цветовите се групирани во гроздови (verticil-и) на една исправена боцка, по боја се бели до розеви. Венчето е двоусно со четири субеквални венечни ливчиња, при што горните се обично поголеми. Плодот е мала и сува капсула која содржи едно до четири семиња.

Без разлика што видовите кои го сочинуваат родот Mentha се нашироко распространети и можат да се најдат во многу станишта, сепак, повеќето растат во влажни средини и на влажни почви. Нането расте до 10–120 cm во височина. Како резултат на тенденцијата на брзо распространување, нането се смета за инвазивен вид.[3]

Видови[уреди]

Во следната листа се претставени нехибридните видови на нане. Тука се напишани научното и народното име. Синонимите, заедно со култивираните растенија и вариетети, се испишани под видот.

Хибридни видови[уреди]

Во следната листа се претставени хибридните видови на нане.

  • Mentha × gracilis - Ѓумбирско нане
  • Mentha × piperitaПеперминт
  • Mentha × rotundifolia (M. longifolia × M. suaveolens) - Лажно јаболково нане
  • Mentha × smithiana (M. aquatica × M. arvensis × M. spicata) - Црвено рарипила нане
  • Mentha × villosa (M. spicata × M. suaveolens) - нарекувано и Mentha nemorosa, Големо јаболково нане, Лисичја опашка, Влакнесто нане, Волнено нане, Кубанско нане, Мохито нане, познато и како Yerba Buena во Куба.
  • Mentha × villosonervata (M. longifolia × M. spicata) - Остар заб

Наводи[уреди]

  1. Davidson, Alan (1999). „The Oxford Companion to Food“. Oxford: Oxford University Press. стр. 508. ISBN 0-19-211579-0. 
  2. 2,0 2,1 Brickell, Christopher; Zuk, Judith D. (1997). „The American Horticultural Society: A-Z Encyclopedia of Garden Plants“. New York, NY, USA: DK Publishing, Inc.. стр. 668. ISBN 0-7894-1943-2. 
  3. Brickell, Christopher; Trevor Cole (2002). „The American Horticultural Society: Encyclopedia of Plants & Flowers“. New York, NY, USA: DK Publishing, Inc.. стр. 605. ISBN 0-7894-8993-7.