Хлорофил

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Заедничка структура на хлорофилот (A), (B) и (D)

Хлорофилот е најважен растителен фотосинтетски пигмент со зелена боја. Синтезата на хлорофилот (кој има сложени и специфични молекули) се врши кога има сончева светлина и магнезиум.

Молекулот на хлорофилот содржи едно порфиринско јадро што е изградено од четири пиролови прстени, во средината комплексно сврзани со еден атом на магнезиумот. Карбоксилната група од третиот пиролов прстен е естерифицирана со метил алкохол, а карбоксилната група од четвртиот пиролов прстен е естерифицирана со фитол.

Хлорофилот во растителниот свет е застапен со неколку видови, и тоа:

  • Хлорофил (А), кој претставува основен активен фотосинтетски пигмент (својствен за сите зелени растенија)

и

  • Хлорофил (B)
  • Хлорофил (C)
  • Хлорофил (D)
  • Хлорофил (E), кои апсорбираната светлинска енергија ја пренесуваат на основниот хлорофил (А) и затоа се само помошни пигменти.

Хлорофилот, пак, кој се наоѓа во некои автотрофни бактерии, се нарекува бактериохлорофил.