Англиски појадок (чај)

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
„Англиски појадок“ од марката „Твинингс“.

Англиски појадок (англ. English Breakfast tea) е мешавина на црн чај со пол, силен и интензивен вкус предвиден за консумирање со млеко и шеќер, кој традиционално се служи со обилниот англиски појадок.

Во мешавината се користат разни црни чаеви како асамски, цејлонски и кениски, како и кимун. Распространети марки на „Англиски појадок“ се Твинингс, Тетли, Тејлорс од Харогејт, ПГ Типс, Стеш Ти Компани, Липтон, Селестијал Сизонингс, Рингтонс, Зеста и Дилма.

Потекло[уреди]

Постојат разни преданија за потеклото на овој чај. Многумина[1][2] велат дека негов создавач бил некојси Драјздејл од Единбург:

Пред повеќе од стотина години во Шкотска човек по име Драјздејл отишол во дуќан за чај во видокругот на Единбуршкиот замок и им понудил чај наречен „Појадок“ [Breakfast]....[ Во 1982 ] тие сѐ уште го продаваат единствениот чај на пазарот именуван само како „Breakfast“ и ништо повеќе, веројатно сметајќи дека Шкотите ... во тоа време од денот не сакаат да чујат ништо друго освен која мешавина чај отвора очи. [3][4]

Друго објаснение [5] според една статија во часописот „Journal of Commerce“ е дека овој чај датира од 1843 и негов изумител е трговецот Ричард дејвис од Њујорк. Дејвис, кој бил англиски имигрант, почнал на основа на конгу и додал малку пеко и пучонг. Го продавал по 50 центи по фунта, а неговиот успех предизвикал имитатори, така популаризирајќи го.

Видете исто така[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Прашајте го Г-дин Појадок - Каков е чајот „Англиски појадок“? Каква врска има со појадокот? (англиски)
  2. Стеш Ти: Видови на чај (англиски)
  3. Мешани чаеви (англиски)
  4. J. N. Pratt. Tea Lover's Treasury (ISBN 0-89721-178-2)
  5. Историја на чајот „Англиски појадок“ (англиски)