Асам (чај)

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Асам
Assam tea.png
Тип: црн, зелен, бел
Други називи: нема
Потекло: Асам, Индија
Краток опис: Остар и сладест со светла боја и овошна жичка.

Асамцрн чај кој го носи името на регионот каде се прозиведува: Асам, Индија. Овој чај расте на морска височина и е познат по својот полн вкус, острина, сладест вкус и силна, светла боја. Асамските чаеви или мешавините со Асам често се продаваат како „појадочни“ („breakfast“) чаеви. Такви примери се „Англиски појадок“, „Ирски појадок“ и „Шкотски појадок“.

Иако „Асам“ како поим начелно се однесува на црните чаеви од Асам, регионот исто така произведува релативно помали количества на зелени и бели чаеви со својствени карактеристики.

Историски, Асам е вториот најголем производител на чај по Кина. Кина и Асам се единствените две поднебја во светот од каде чајот потекнува. Чајот Асам направил револуција во чајните навики бидејќи произведувањето од разни типови на чајни билки, давало разни типови на чај.

Географија[уреди]

Чајната билка (Camellia sinensis var assamica) се одгледува во асамските низини, за разлика од Дарџилингот и Нилгири-чајот кој се одгледува по планините.

Историја[уреди]

Постои санскритски медицински текст од XX век од Асам наречен Нидана кој споменува листови наречени шамапатра од кои се правел шамапани. Историчарите се несогласни за тоа дали ова е првото споменување на чај во Индија.

Пред да за почне комерцијализацијата на чајот во Асам, мештаните ги џвакале листовите по малку преработка. Оваа навика и денес е пристуна во недостапните региони близу Асам.

Зачетоци[уреди]

Разни фази на производството на чај во Асам. Гравура, 1850

Се смета дека билката ја открил Роберт Брус како расте во дивина. Според друга верзија, асамскиот благородник Маниран Деван го одвел Бруса до билката 1823. Пред неговата смрт 1825, Брус оваму го пренел на брат му Чарлс, кој пратил семиња од билката во Калкута во 1831. Во 1833 британците го изгубиле мнополот на трговијата со чај со Кина и Чајниот Одбор го пратил секретарот Џорџ Гордон во Кина да ги проули методите и да започне плантажи во Асам. Тој се вратил со кинеската сорта и работниците. Донесените работници од Бихар и Ориса подоцна формираат значајна демографска група во Асам. Се увидело дека локалната сорта е посоодветна на локланата клима. Со вкрстување на кинеската чајна билка се дошло до индиски хибрид, со голема разноврсност и јачина. Ова се смета за најважната еволуција во комерцијалното исползување на чајната билка.

На 8 мај, 1838 во Лондон биле испратени 350 159 kg чај „Асам“, и се продале во Индија Хаус, Лондон на 10 јануари, 1839. Луѓето биле воодушевени од чајот и така се радила асамската чајна индустрија. Чарлс Брус и други, заедно со Манирам Деван, започнале со расчистување на џунглите и садење на плантажи.

На 26 февруари, 1858 Манирам Деван, едиствениот мештанин во овој бизнис бил обесен под обвинение на заговорништво и учество во Сепојскиот бунт од 1857 против британците на основа на пронајдено писмо.

Современи напредоци во чајната индустрија[уреди]

Асамски чај од марката „Твинингс

Денес Асам го произведува повеќе од половина од чајот во Индија. На меѓународниот пазар, чајот „Асам“ се препознава по официјалното лого избрано од Чајниот Одбор на Индија. Најголемиот дел од чајот се продава на аукција во Гувахати.

Во 1970-тите ситните земјоделци со земја по д 1 хектар започнале да одгледуваат чај. Ова производство се зголемило во 1990-тите и денес претставува 10% од производството на чај во Асам. Одгледувањето на чај е важна индустриска гранка во регионот и 17% од населението е вработено на тој начин.

Во последно време чајната индустрија во Индија се соочува со криза заради намалениот извоз и намалената потрошувачка на домашниот пазар. Меѓутоа се очекува продажбата на асамски чај во САД да се зголеми бидеќи сè повеќе американци пијат чај и бараат добар квалитет.

Видете исто така[уреди]

Надворешни врски[уреди]

Наводи[уреди]