Зимбабве

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Зимбабве
Zimbabwe
Знаме Грб
Гесло"Unity, Freedom, Work", англиски Единство, Слобода, Работа.
ХимнаSimudzai Mureza wedu WeZimbabwe  (шона)
Kalibusiswe Ilizwe leZimbabwe  (северен ндебеле)
„Благословена да е земјата зимбабвејска“

Главен град Хараре
17°50′ ЈГШ 31°03′ ИГД / 
Најголем град главниот град
Службен јазик шона, ИсиНдабеле и Јужноафрикански англиски
Демоним зимбабвиец
Уредување Полу-претседателска република
 -  Претседател Роберт Мугабе
 -  Заменик претседател Џозеф Мсика
Џојс Муџуру
 -  Претседател на Сенатот Една Мадзонгве
 -  Претседател на парламент Лавмор Мојо
Независност од Обединетото Кралство 
 -  Родезија 11 ноември, 1965 
 -  Зимбабве 18 април, 1980 
Површина
 -  Вкупна 390.757 км2 (60-та)
 -  Вода (%) 1
Население
 -  проценка за јануари 2008 13,349,0001 (68-ма)
 -  Густина 33 жит/км2 (170-та)
БДП (ПКМ) проценка за 2007
 -  Вкупен $2.210 милијарда[1] 
 -  По жител $188[1] 
БДП (номинален) проценка за 2007
 -  Вкупно $4.723 милијарди[1] 
 -  По жител $402[1] 
Џини (2003) 56.8 (high
ИЧР (2007) 0.513 (medium) (151st)
Валута Зимбабвески долар (ZWD)
Часовен појас Централно африкански време
 -  (ЛСВ) нема (UTC{{{utc_offset_DST}}})
Се вози на left
НДД .zw
Повик. бр. 263
1 Estimates explicitly take into account the effects of excess mortality due to AIDS.

Зимбабве или Република Зимбабве, со поранешни имиња Јужна Родезија, Република Родезија и Зимбабвеска Родезија, е земја лоцирана во Јужна Африка помеѓу реките Замбези и Лимпопо. Зимбабве се граничи со Јужноафриканската Република на југ, Боцвана на југозапад, Замбија на северозапад и со Мозамбик на исток. Официјален јазик на Зимбабве е англиски јазик, поточно јужноафрикански англиски јазик. Покрај англискиот, голем дел од населението говори шона и северен ндебеле.

Зимбабве е раководена од претседатело Роберт Мугабе, кој е обвинет за прекршување на човековите права во земјата. Земјата се соочува со недостаток на пари што довело до хиперинфлација. Според официјалните власти во Зимбабве, надворешни фактори се виновни за лошата ситуација во земјата, пред се САД, ЕУ и Обединетото Кралство.

Етимологија[уреди]

Името на Зимбабве доаѓа од називот "Dzimba dza mabwe" што значи „голема куќа од камен“ на шона.

Историја[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Историја на Зимбабве.

Едни од најстарите народи кои живееле на денешната територија на Зимбабве (тогаш Родезија) биле Пигмејците. Во текот на 8 век, тие се помешиле со типичните земјоделски народи по име Шона, дел од народите Банту, кои започнале да добиваат злато и мед од богатите семејства во регионот. Во текот на 15 век на овие простори била формирана империјата Мономотапа, која била главната територија која што ги контролирала реоните со злато, кое пак главно било продавано на арапите и португалците. Во следниот 16 век, империјата се распаднала на четири дела, по кое следувале многубројни конфликти и граѓански војни. Во меѓувреме дошле и португалските трговци, а со тоа и армијата на Португалската империја. Во почетокот империјата на Португалците не бележиле којзнае какви успеси, за да сепак кон 18 век испее да ја наложи својата моќ. Во 1911 годфина била основана јужна Родезија а како британска колонија била официјално објавена во 1923 година. Во 1912 година, т.н. бели колонизатори се откажале од намерата да се приклучат кон јужноафриканскиот сојуз. По крајот на Втората светска војна, бројот на белото население драстичо се зголемило. Во периодот од 1953 до 1963 година, Јужна Родезија била дел од федерацијата на Родезија и Њесаленд. По распаѓањето на федерацијата, формално била објавена независноста на земјата, која од 1965 година била преименувана во Родезија.[2][3] По изгласувањето на републиканскиот устав од 1970 година, врските со Велика Британија биле прекинати. По ова следувала осудата од страна на ООН за расизам|расистичката политика на власта. Земјата ги подобрила односите со Јужна Африка, чиоја цел била да излезе од политичката изолација. Од друга страна пак, црното население започнало да формира политички движења. Следувале повторните економски санкции и избувнување на партизански акции, кое го принудило премиерот да си поднесе оставка. Во 1977 година, за нов премиер на земјата бил избран Музорева, но граѓанските конфликти продолжиле. Во негово време земјата била преименувана во Зимбабве-Родезија. Во 1979 година во Лондон се провела конференција на која било подготвено прогласуувањето на независност на земјата. Следната година била прогласена независноста, а на власт дошле социјалистите. Во 1988 година во земјата бил воведен еднопартиски систем.

Географија и клима[уреди]

Политички систем[уреди]

Административна поделба[уреди]

Зимбабве се дели на 8 покраини и 2 града-покраини. Покраините се поделени на 59 окрузи, а тие пак, на вкупно 1.200 општини.

Покраините се следниве:

Економија[уреди]

Население, јазик и религија[уреди]

Најголем дел од населението на земјата, своите корени ги има од народот Банту (98%), 71% од кој и припаѓа на етничката група Шона, а 16% на етничкатљ група Ндебеле.

Во минатото во земјата живеело и мал број на бело население, кое кон средината на 20 век било 5% од целото население на Зимбабве. По прогласувањето на независноста на земјата, процентот на белото население значително се намалил. Денеска, тој процент изнесува 1%. Ова можеби се должи на дискриминаторската политика која ги води земјата кон белото население.

Според податоците од 2005 година населението е следново:

  • 98.8% - црни,
  • 1% бели
  • друѓи

Култура во Зимбабве[уреди]

Музика во Зимбабве[уреди]

Спорт во Зимбабве[уреди]

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „Zimbabwe“. International Monetary Fund. http://www.imf.org/external/pubs/ft/weo/2008/02/weodata/weorept.aspx?sy=2004&ey=2007&scsm=1&ssd=1&sort=country&ds=.&br=1&c=698&s=NGDPD%2CNGDPDPC%2CPPPGDP%2CPPPPC%2CLP&grp=0&a=&pr1.x=68&pr1.y=13. конс. 9 октомври 2008. 
  2. Williams, Lizzie (2005). „Africa Overland“. стр. 169–170. 
  3. Pakenham, Thomas (1992). „Scramble for Africa: White Man's Conquest of the Dark Continent from 1876 to 1912“. стр. 669. 

Видете исто така[уреди]

Надворешни врски[уреди]

Влада
Генерално


Весници


Останати