Замбези
Од Википедија, слободната енциклопедија
Замбези е четврта по должина река во Африка. Извира како рекичка на ридовите Калена во југозападна Замбија и потоа тече кон исток, собирајќи ја водата од многуте мали притоки. Замбези достигнува ширина од околу 1,700 м пред да се спушти низ величествените Викториини Водопади, високи 108 м течејќи низводно од водопадите, на местото каде што реката ја создава границата меѓу Замбија и Зимбабве, нејзината длабока и широка долина ја потопи езеро долго 280 км, создадено во 1959 год., по изградбата на браната Кариба, каде што се произведува електричната енергија за таа област.
Поврзано [уреди]
| Оваа статија место во Африка е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |