Боцванска пула

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Боцванска пула
ISO 4217 код BWP
Официјален корисник  Боцвана
Неофицијален корисник  Зимбабве[1]
Инфлација 8,4%,12,5% (CIA World Factbook, 2008 est.)
Извор Банка на Боцвана, 19 февруари 2008
Метод CPI
Подвалута
1/100 тебе
Симбол P
Монети 5, 10, 25, 50 тебе, 1, 2, 5 пули
Банкноти 10, 20, 50, 100 и 200 пули[2]
Централна банка Банка на Боцвана
Мреж. место www.bankofbotswana.bw

Пулата е официјалната валута во Боцвана. Кодот ISO 4217 за валутата е BWP и е поделена на 100 тебе. Пула во превод значи „дожд“ на цвана. Дождот во државата е редок поради пустината Калахари и затоа е ценет. Пула исто така е национално гесло на државата, а „тебе“ значи „штит“. Зборот „пула“ исто така значи благослов.

Историја[уреди]

Пулата била воведена во 1976 година и го заменила јужноафриканскиот ранд. Иако во мај 2005 година се забележала девалвација од 12%, пулата сепак е една од најјаките валути во Африка.

Зимбабве[уреди]

Поради големата хиперинфлација во Зимбабве во 2006 и 2008 година, владата на Зимбабве одлучила да го повлече зимбабвеанскиот долар од оптек. Со тоа се овозможило пулата и рандот да циркулираат во државата, а покрај нив дозволени се и американскиот долар, фунтата и еврото.


Тековен девизен курс на BWP
Од Google Финансии: MKD AUD CAD CHF EUR GBP HKD JPY USD ZAR
Од Yahoo! Финансии: MKD AUD CAD CHF EUR GBP HKD JPY USD ZAR
Од XE.com: MKD AUD CAD CHF EUR GBP HKD JPY USD ZAR
Од OANDA.com: MKD AUD CAD CHF EUR GBP HKD JPY USD ZAR


Наводи[уреди]

  1. Покрај зимбавеанскиот долар, кој е суспендиран од употреба на 12 април 2009, еврото, американскиот долар, фунтата, пулата и јужноафриканскиот ранд се користат во државата. Владините трансакции се одвиваат во американски долари.
  2. „Accessed 2009-09-02“. Banknotenews.com. http://banknotenews.com/files/tag-botswana.php. конс. 28 ноември 2011. 
  • Schön, Günter und Gerhard, Weltmünzkatalog 1900--2010, 39. Auflage, 2011, Battenberg Gietl Verlag, ISBN 978-3-86646-057-7

Поврзано[уреди]

Претходник:
Јужноафрикански ранд
Причина: основање на нова валута
Валута на Боцвана
1976 –
Следбеник:
Моментална