Африканска Унија
|
Африканска Унија
الاتحاد الأفريقي Union africaine Unión Africana União Africana Umoja wa Afrika |
||
|---|---|---|
| Химна Let Us All Unite and Celebrate Together |
||
| Административен центар | Адис Абеба, Етиопија | |
| Работни јазици | арапски англиски шпански француски португалски свахили |
|
| Членство | 53 африкански земји | |
| Лидери | ||
| - | Претседател | Џакаја Киквете |
| - | Претседател на комисија | Жан Пинг |
| Основана | ||
| - | како Организација на африканско единство | 25 мај 1963 |
| - | како Африканска Унија | 9 јули 2002 |
| Површина | ||
| - | Вкупна | 29.757.900 km2 (1 ва1) 11.489.589 sq mi |
| Население | ||
| - | проценка за 2005 | 850 милиони |
| - | Густина | 25.7/km2 (177 та1) 66,6/sq mi |
| БДП (ПКМ) | проценка за 2003 | |
| - | Вкупен | US$ 1.515 трилиони (16 та1) |
| - | По жител | $1,896 |
| БДП (номинално) | проценка за 2003 | |
| - | Вкупно | $514 милијарда |
| - | По жител | $643 |
| Часовен појас | (UTC-1 to +4) | |
| 1 | Ако се смета за една држава. | |
Африканската Унија е меѓународна организација во која членуваат 53 африкански држави. Основана е на 9 јули 2002 година и е создадена од Африканската економска заедница и Организација на африканско единство. Седиштето е во Адис Абеба во Етиопија.
Африканската Унија се стреми да има една валута - афро валута. Исто така се стреми за обединување на воените сили, но и сите други институции на членките. Целта на унијата е да и помогне на демократијата на африканските држави, човековите права и економијата на африканските држави особено преку прекинување на внатрешните конфликти во Африка и создавање на единствен пазар.
Содржина |
[уреди] Членство
- Моментални членки
- Поранешни членови
Мароко ја напуштила (Организација на африканско единство) во 1984 година.
[уреди] Проблеми на Унијата
Африканската унија се соочува со многу проблеми, вклучувајќи ги и проблемите со здравјето како што е на пример маларијата и сидата. Исто така се соочува и со политички проблеми како на пример судар со недемократските општества и режими и многу граѓански војни, економските проблеми како што се проблеми со зголемување на стандардот на живеење, сиромаштијата, неписменоста, еколошки проблеми и проблеми со меѓународни законски акти, а особено деколонизацијата на Западна Сахара.
[уреди] Економија
Комбинацијата на африканските држави во унијата претставува 17 светска економија со БДП од 500 милијарди американски долари, и е веднаш зад Холандија. Со споредна на БДП со ППП, економијата на Африканската Унија брои 1.515 трилиони американски долари и ја рангира Унијата на 11 место веднаш зад Бразил. Во исто време, Унијата има долг од 200 милијарди американски долари.
Целите на Африканската Унија вклучуваат и создавање на единствена трговска зона, потрошувачка унија, единствен пазар, централна банка и монетарна унија а особено единствена валута. Плановите за валутата се да се направи единствена валута до крајот на 2023 година.[1].
[уреди] Јазици на Африканската Унија
Во согласност со уставниот акт на Африканската Унија, работни јазици во рамките на Унијата се арапски јазик, англиски јазик, француски јазик и португалски јазик како и африкански јазици ако е можно користење на истите.[2] Со протокол на уставен акт на Унијата прифатен во 2003 (кој сѐ уште не на сила) се додадени шпански јазик, свахили и секој друг африкански јазик и работните шест јазици се именувани како официјални јазици. [3] Во праксата, преводот на документите на Африканската Унија на било кој од официјалните јазици создава значителен застој и потешкотии за развој на бизнисот. Во 2001 година е создадена Африканска академија на јазици за да промовира африкански јазици помеѓу африканското население.
[уреди] Географија
Членките на Африканската Унија ја покриваат речиси сета територија на Африка и неколку острови покрај бреговите на Африка. Географијата на Африка е многу разновидна, меѓу кои и најголемата пустина Сахара, големи и пространи џунгли и савани и најголемата река во светот Нил.
Африканската Унија има површина од 29,922,059 km² со 24,165 km² брег. Поголем дел од оваа површина се наоѓа во континентална Африка, а додека сосем мал дел отпаѓа на острови како што се Мадагаскар и некои околни острови и заедно се околу 2% од вкупната површина.
[уреди] Симболи
Грбот на Африканската Унија се состои од златна лента закачен со црвени прстени и палмови листови од околу и формираат круг во кој е претставена Африка со златна боја. Црвените прстени ја претставуваат африканската солидарност и пролиената крв за слобода на Африка од колонизаторите. Палмовите листови го претставуваат мирот во Африка. Златната боја и мотиви го претставуваат богатството на Африка а додека зелената боја ги претставуваат надежта и аспирациите на африканските нации. Африка е претставена без граници како симбол на единството на државите.
Знамето на Африканската Унија е претставено со зелени хоризонтални ленти и тенки златни линии а додека во центарот се наоѓа грбот на Африканската Унија. Исто така и во знамето зелената боја ги претставува надежта и аспирациите на африканските нации а златната боја го претставува богатството на Африка. Боите ги претставуваат панафриканските бои и колорит.
Африканската Унија прифатила нова химна која се вика Let Us All Unite and Celebrate Together или „Ајде сите да се обединиме и прославуваме заедно“.
[уреди] Надворешни врски
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Африканска Унија“ |
- Африканска Унија oфицијална страница
- Африканска Унија - Мисија во ООН
- Самит на Африканската Унија 2002 во Дурбан, Јужна Африка
- Самит на Африканската Унија 2003 во Мапуто, Мозамбик
- African Union Summit 2005 in Sirte, Libya.
- 6th African Union Summit 2006 во Картум, Судан.
- 7th African Union Summit 2006 во Банџул, Гамбија.
- 7th African Union Summit 2006 во Банџил, Гамбија, создадена од владата.
- African Economic Community
- BBC Profile: African Union
- Africa turns from instability and conflict to mutual co-operation Jane's Intelligence Review, September 2006
- Open Directory Project - African Union
- AfriMAP
- Southern Africa Regional Poverty Network страна на Африканската Унија.
- Institute for Security Studies (South Africa) регионални организации
- AU Monitor
- US-Africa.org
- African Elections Database
- Africare.org
- Femmes Africa Solidarité
- Picture of the African Union
[уреди] Наводи
- ↑ „Profile: African Union“, BBC News, 2006-07-01. Проверено на 2006-07-10.
- ↑ Article 25, Constitutive Act of the African Union.
- ↑ Article 11, Protocol on Amendments to the Constitutive Act of the African Union