Того

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Тогоанска Република
République Togolaise
Знаме
Гесло"Travail, Liberté, Patrie"  (француски)
"Работа, Слобода, Татковина"
ХимнаSalut à toi, pays de nos aïeux  (француски)
"Поздрав за тебе, земјо на нашите предци"

Главен град
(и најголем)
Ломе
6°07′ СГШ 1°13′ ИГД / 
Службен јазик француски
Демоним Тогоанец
Уредување Република
 -  Претседател Фор Гнасингбе
 -  Премиер Жилберт Хунгбо[1]
Независност
 -  од Франција 27 април 1960 
Површина
 -  Вкупна 56,785 км2 (125-та)
 -  Вода (%) 4.2
Население
 -  проценка за 2006 6.милиони (100-та1)
 -  Густина 108 жит/км2 (93-та)
БДП (ПКМ) проценка за 2007
 -  Вкупен $5.212 милијарди [2] 
 -  По жител $806[2] 
БДП (номинален) проценка за 2007
 -  Вкупно $2.497 billion[2] 
 -  По жител $386[2] 
ИЧР (2007) 0.512 (medium) (152-ра)
Валута ЦФА франк (XOF)
Часовен појас GMT (UTC+0)
НДД .tg
Повик. бр. 228

Того (француски: Togo) или официјално Тогоанска Република (République Togolaise) — држава во Западна Африка. Того се граничи со Гана на запад, Бенин на исток и со Буркина Фасо на север. На југ државата излегува на Атлантскиот Океан преку Гвинејскиот Залив каде се наоѓа и главниот град Ломе. Вкупната површина на Того изнесува 57.000 километри квадратни со вкупно население од околу 6.7 милиони жители.

Того е тропска, субсахарска држава која е зависна од земјоделството со клима која е погодна за истото. Официјален јазик во Того е францускиот јазик, но се зборуваат уште многу други јазици. Околу половина од населението живее во сиронаштија со 1.25 американски долари на ден. [3]

Того својата независност ја стекнало од Франција во 1960 година.[4] Во 1967 година, Гнасинбе Ејадема ја предводел војската и станал претседател на Того. До неговата смрт во 2005 година, тој бил африкански лидер кој најдолго бил на таа функција, со период како претседател од 38 години.[5]

Историја[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Историја на Того.

За предколонијалниот период од историјата на денешен Того има малку информации. Познато е дека во период од 11 век и 16 век на овие простори живееле или минувале различни племиња. Поголемиот број од нив живееле или се населувале по бреговите. Во текот на 18 век Того бил колонизиран од страна на Данска. По колонизацијата, населението било главно користено за трговија со робови. Того заедно со соседните региони бил познат под името “Робски брег“. Во 1884 година бил подпишан договор според кој Германија ги зазела териториите на Того под своја контрола, и како германски протекторат останал до крајот на Првата светска војна. Германски Того вклучувал територии од денешна Гана. По Версајскиот договор, Того станал француска колонија. Кон 1950-тите, африканските земји започнале да се припремаат за деколонизација. Француски Того успеал да издвои независност во 1960 година.[6] Во 1963 година билизвршен државен удар во кој бил убиен претседателот Сулванус Олимпио. Во 1967 година, Гнасинбе Ејадема ја предводел војската и станал претседател на Того. До неговата смрт во 2005 година, тој бил африкански лидер кој најдолго бил на таа функција, со период како претседател од 38 години.[5]

Географија и клима[уреди]

Карта на Того.
Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Географија на Того.

Того е мала и тесна западноафриканска држава. Таа граничи со Гана на запад, Бенин на исток и со Буркина Фасо на север. На југ државата излегува на Гвинејскиот Залив, односно Атлантскиот Океан.

Северниот дел од земјата е карактеристичен по своите савани, додека централниот дел од земјата е претежно ридско-планински. Исто како и северниот, така и јужниот дел е претежно со савани, додека пак приморјето е богато со лагуни и мали заливи. Вкупната површина на земјата е 56.785 km2 со густина на население од 98 жители на метар квадратен. Порано, регионот бил познат како Тоголенд.

Климата на Того е тропска со просечна температура од 27 степени целзиусови на брегот или 30 степени целзиусови во северните предели. Како резултат на тоа, климата е сува со тропски савани.

Политички систем[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Политики на Того.

Политиките на Того се во рамките на претседателска република. Претседателот на Того е шеф на државата и шеф на владата. Извршната власт е во рацете на владата, додека законодавната е поделена помеѓу владата и собранието. Того е повеќепартиски систем со регуларни избори за претседател.

Административна поделба[уреди]

Карта на регионите во Того.

Того, административно, е поделено на 5 региони, кои пак се поделени на 30 префектури и една општина.

Економија[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Економија на Того.

Економијата не Того е доста зависна од трговијата и земјоделството, сектори кои вработуваат околу 65% од вкупното работоспособно население. Од извозот, 40 % заземаат памукот, кафето и какаото. Того е држава која може сама да произведе храна за населението кога природните услови се поволни. Во индустрискиот сектор, ископувањето фосфат не е веќе главна дејност бидејќи економијата се осврнала кон извоз на цемент во околните држави. Того е регионален комерцијален и трговски центар, со постојано промовирање за странски инвестиции.

Население, јазик и религија[уреди]

Тогоански жени.
Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Демографија на Того.

Со население од 6.619.000 во 2009 година, Того е 107 држава во светот според бројот на население. Поголемиот дел од населението живее во рурални предели, односно 65% од населението.

Во Того живеат 40 различни етнички групи, од кои најбројни се Еве на југот од земјата и се 46% од населението. Во средината на земјата живеат Котоколи и Чамба, етничката група Кабје живее на север. Помали етнички групи се Мина, Моси и Аџа и потомци на Европејци кои живеат во државата.

Околу 29% од населението се Христијани, 20% се Муслимани и 51% се припадници на локални религии.[7] Официјален јазик во државата е францускиот јазик.

Култура[уреди]

Таберма.
Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Култура во Того.

Културата на Того е доста богата поради различноста на етничките групи кои придонесуваат за тоа. Најмногу влијание се чувствува од етничките групи Еве, Мина, Тем, Чамба и Кабре. Иако има толку многу етнички групи, официјален јазик е францускиот, но се зборуваат и јазиците на веќе споменатите етнички групи.

Половина од населението на Того негува традиционални религиски и културни вредности, иако другата половина се христијани или муслимани.

Наводи[уреди]

Користена литература[уреди]

  • Schnee, Dr. Heinrich, (former Governor of German East Africa), German Colonization, Past and Future - the Truth about the German Colonies, George Allen & Unwin, London, 1926.
  • Bullock, A.L.C., Germany's Colonial Demands, Oxford University Press, 1939.
  • BBC News Country Profile - Togo
  • Godfrey Mwakikagile, Military Coups in West Africa Since The Sixties, Huntington, New York: Nova Science Publishers, Inc., 2001.
  • Bordalo, Adriano A. Savva-Bordalo, Joana. The Quest for Safe Drinking Water: An Example From Guine-Bissau (West Africa). Water Research. Vol. 41. Iss. 13. Jul 2007. p. 2978-86.
  • Hirsch, Dean. Bringing "Water of Life" to Africa. Fund Raising Management. Feb 1989. p. 24 (3 pp.).
  • Mihindu-Ngoma, Prosper. Clean Water at Low Cost. World Health. Geneva: Jul 1992. p. 27 (1 pp.).
  • Smith, Craig C. Rural boreholes and wells in Africa-economics of construction in hard rock terrain. American Water Works Association. Journal. Denver: Aug 2003. Vol. 95, Iss. 8, p. 100.

Поврзано[уреди]

Надворешни врски[уреди]

Влада
Општо
Вести