Мали

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Република Мали
République du Mali
Знаме Грб
Гесло"Un peuple, un but, une foi"
„Еден народ, една цел, една вера“
ХимнаLe Mali
„Мали“[1]
Главен град Бамако
12°39′ СГШ 8°00′ ЗГД / 
Најголем град главниот град
Службен јазик француски
Поголем јазик: бамбара
Демоним Малиец
Уредување полупретседателска република
 -  Претседател Амаду Сонго (вршител)
 -  Премиер Модибо Сидибе
Независност од Франција 
 -  Објавена 22 септември 1960 
Површина
 -  Вкупна 1,240,192 км2 (24-та)
 -  Вода (%) 1.6
Население
 -  Попис април 2009 14.517.176[2] (67-ма)
 -  Густина 11.7 жит/км2 (215-та)
БДП (ПКМ) проценка за 2008
 -  Вкупен $15.084 милијарди[3] 
 -  По жител $1.129[3] 
БДП (номинален) проценка за 2008
 -  Вкупно $8.774 милијарди[3] 
 -  По жител $656[3] 
Џини (1994) 50.5 (висок
ИЧР (2007) 0.371 (низок) (178-ма)
Валута Франк (XOF)
Часовен појас GMT (UTC+0)
 -  (ЛСВ) н/п (UTC+0)
Се вози на десно[4]
НДД .ml
Повик. бр. 223

Мали (француски: Mali) или официјално Република Мали (француски: République du Mali) е држава во Западна и Северна Африка, каде е и седма најголема држава на континентот. Мали граничи со Алжир на север, Нигер на исток, Буркина Фасо и Брег на Слоновата Коска на југ, Гвинеја на југозапад и со Мавританија на запад. Вкупната површина на Мали изнесува 1.240.192 километри квадратни каде живеат околу 14.517.176 жители. Главен град на државата е Бамако.

Мали се состои од осум региони и северниот дел е составен од пустината Сахара, додека јужниот дел се наоѓаат реките Нигер и Сенегал. Економијата на Мали се базира на земјоделството и риболовот. Како дел од природното рудно богатство на Мали е златото, ураниумот и солта. Сепак, Мали е една од најсиромашните држави во светот.

Денешното Мали порано било во склоп на три африкански држави: Ганското царство, Малиското царство (чие име го носи) и Сонгајското царство. Во XIX и XX век Мали било под француско раководство и дел од Француски Судан. Во 1959 година Мали и Сенегал се стекнале со независност и ја создале Федерацијата Мали. По една година, Мали се отцепил од федерацијата и станал независна држава.

Етимологија[уреди]

Потеклото на името на Мали не е познато и сè уште е дебата за историчарите. За време на Малиското царство, Мандинка народот се именувал како Малинке од Мали наместо Мандинка од Манден, односно со тек на времето зборот еволуирал. Така околните народи почнале територијата да ја нарекуваат само како Мали.

Историја[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Историја на Мали.

Денешната држава Мали порано било во склоп на три африкански држави: Ганско царство, Малиско царство и Сонгајско царство. Овие царства во текот на своето постоење целосно ги контролирале териториите на транс-сахарската територија со злато, сол и други скапоцени артикли, и притоа биле во директен допир со Медитеранот и Блискиот исток, место каде постоеле големи цивилизации. Во околу 600 година, сонгајските трговци создале сопствени пазари во Кукаја и Гао, со кое го ставиле почетокот на Сонгајското царство. Првите позначајни земји на територијата на денешната држава Мали главно се наоѓале во нејзините планински предели, главно на запад.

Така, во околу 790 година е основано Ганското царство чија престолнина била Кумби Салех. Ганското царство станало едно од најсилните во регионот во периодот од 700-1075 година. Царството ги опфаќало териториите на денешните земји Мавританија, голем дел од Мали и делови од Сенегал. Исламот како религија бил одбиен во земјата, и покрај тоа што соработката со муслиманските земји била на големо ниво. Во 1078 година, Гана се распаднала, главно поради меѓудинастички пресврти и голема промена на политичката структура. Алморавидската династија дополнително придонела за распаѓање на Гана.

Малиското царство е формирано во текот на XIII век. Таа била муслиманска земја. Центарот на империјата се наоѓал во горниот дел по текот на река Нигер. Моќта на царството се гледала главно во трговијата со злато со арапскиот свет. Најголеми градови биле Гао и Тимбукту. Во текот на XIV век, царството го достигнало најголемиот територијална опфат, дури до Атланскиот Океан, за да во следниот XV век започне полека да се распаѓа. Во XVII век царството се распаднало. Била формирана друго царството познатол како Бамбарско царство. Бамбарското царство постоела како централизирана држава во периодот од 1712-1861 година, главно во централниот и јужниот дел на Мали. До крајот на XIX век на овие простори постоеле уште Масинско царство, Тукулерско царство и Васулско царство.

Во 1960 година, Француски Судан и Сенегал станале независни држави под името Федерација Мали. По една година, Сенегал се повлекол од сојузот, по кое Суданската република го преименувала своето име во Мали. Прв претседател на земјата станал Модибо Кеита. Во 1968 година се случил државен удар, а од 1974 година бил изгласен нов устав со кое бил создаден еднопартиски систем. По две години сепак била формирана првата демократска партија. На изборите од 1979 година партијата освоила најголем број на гласови. Политичката состојба во земјата се стабилизирала во 1981 година. Во 1985 година, поради граничен спор избувнал конфликт помеѓу Мали и Буркина Фасо.

Географија и клима[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Географија на Мали.
Хомбори.

Мали е држава без излез на море во Западна Африка и дел во Северна Африка. Со своите 1.240.000 километри квадратни Мали е 24 најголема држава во светот. Голем дел од земјата се наоѓа во јужниот дел од Сахара, каде има топли и суви савани.[5] Мали е претежно рамна земја.

Климата на Мали е тропска и сува.[5] Голем дел од земјата има слаби врнежи од дожд и сушите се честа појава.[5] Врнежливата сезона во Мали е од јуни до декември. За време на овој период, реката Нигер се прелива и создава делта. [5]

Државата има залиха од неколку природни ресурси, како на пример злато, фосфат, каолинит и сол. Големи проблеми жителите во Мали имаат со ерозијата, сечата на шуми и проширување на пустинските предели, но и проблеми со вода за пиење.[5]Martin, p. 134.</ref>

Политички систем[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Политики на Мали.

Мали е полу-претедателска република со усвеон последен устав на 12 јануари 1992 година. Според уставот, власта во Мали е поделена на извршна, законодавна и судска.[6]

Извршната власт е во рацете на претседателот кој е избран за мандат од пет години и можност за два мандати.[6][7] Премиерот е назначен од страна на претседателот и тој го назначува Советот на министри.[6][8] Законодавно тело во Мали собранието кое е еднодомно со пратеници избрани за петгодишен мандат. Уставно, судската власт е независна.

Административна поделба[уреди]

Карта на Мали.

Мали се дели на осум региони и главниот град (како престолнински округ). Регионите се поделени на околии, околиите се поделени на окрузи. Окрузите пак, се делат на општини.

Регионите се:

Економија[уреди]

Пазар во Кати.
Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Економија на Мали.

Мали е една од најсиромашните држави во светот.[9] Просечната годишна плата изнесува 1.500 долари. Помеѓу 1992 и 1995 година, Мали промовирал програма со која за нијанса се подобрила економската слика и тоа резултирало со тоа што Мали станал член на Светската тговска организација.[10]

Главната индустриска гранка на Мали е земјоделството. Најизвозена суровина е памукот и се извезува во Сенегал и Брегот на Слоновата Коска.[11][12] Додатно на памукот, Мали произведува ориз, пченка, зеленчук и тутун. Златото, земјоделството и сточарството сочинуваат 80% од економијата.

Население, јазик и религија[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Демографија на Мали.
Религија во Мали
религија процент
Ислам
  
90%
Христијанство
  
5%
Локални религии
  
5%

Во јули 2009 година населението на Мали броело околу 13 милиони жители, со годишен природен пораст од 2.7%. Населението е претежно рурално, односно 68% живеат во рурални средини и 5-10% се номади.[13] Повеќе од 90% од населението живее во јужниот дел од земјата. Повеќе од 48% од населението се помлади од 15 години.

Во Мали живеат значителен број африкански етнички групи. Најголема етничка група се Бамбара кои сочинуваат 36,5% од населнието. Бамбара, заедно со Сонинке, Хасонке и Мандинка се дел од Манде групата народи и се 50% од населението во Мали. Други позначајни етнички групи се Пеул со 17%, Волтајци со 12%, Сонгаи со 6% и Туарези и Мори со 10%.

Официјален јазик е францускиот, но над 40 јазици се зборуваат во земјата. Лингва франка е јазикот бамбара. Над 90% од населението се муслимани.

Култура[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Култура во Мали.

Музичката традиција на Мали воглавно потекнува од гриотите, односно наречени „чувари на спомените“. Музиката е разновидна и вклучува повеќе елементи и жанрови. Најзначаен музичар е Тумани Диабате.

Иако литературата е послабо промовирана во Мали, секогаш Мали бил еден од центрите за интелектуалност во регионот.

Наводи[уреди]

  1. Presidency of Mali: Symboles de la République, L’Hymne National du Mali
  2. „Mali preliminary 2009 census“. Institut National de la Statistique. http://instat.gov.ml/voir_actu.aspx?lactu=44. конс. 12 јануари, 2010. 
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 „Mali“. International Monetary Fund. http://www.imf.org/external/pubs/ft/weo/2009/02/weodata/weorept.aspx?sy=2006&ey=2009&scsm=1&ssd=1&sort=country&ds=.&br=1&c=678&s=NGDPD%2CNGDPDPC%2CPPPGDP%2CPPPPC%2CLP&grp=0&a=&pr.x=45&pr.y=14. конс. 1 октомври 2009. 
  4. Which side of the road do they drive on? Brian Lucas. August 2005. Retrieved 2009-01-28
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 5,4 Mali country profile, p. 5.
  6. 6,0 6,1 6,2 Mali country profile, p. 14.
  7. Constitution of Mali, Art. 30.
  8. Constitution of Mali, Art. 38.
  9. Central Intelligence Agency (2009). „Mali“. The World Factbook. https://www.cia.gov/library/publications/the-world-factbook/geos/ml.html. конс. 12 јануари, 2010. 
  10. „Mali“. U.S. State Department. 1 мај 2008. http://www.state.gov/r/pa/ei/bgn/2828.htm. конс. 4 јуни 2008. 
  11. Hale, Briony. „Mali's Golden Hope“, „BBC News“, BBC, 13 мај 1998 (конс. 4 јуни 2008).
  12. Cavendish, p. 1367.
  13. Mali country profile, p. 6.

Користена литература[уреди]

  • African Development Bank (2001). „African Economic Outlook“. OECD Publishing. ISBN 9264197044. 
  • Campbell, Bonnie (2004). „Regulating Mining in Africa: For Whose Benefit?“. Uppsala, Sweden: Nordic African Institute. ISBN 978-0761475712. 
  • Cavendish, Marshall (2007). „World and Its Peoples: Middle East, Western Asia, and Northern Africa“. Tarrytown, New York: Marshall Cavendish. ISBN 978-0761475712. 
  • Constitution of Mali. (француски) A student-translated English version is also available.
  • DiPiazza, Francesca Davis (2006). „Mali in Pictures“. Minneapolis, Minnesota: Learner Publishing Group. ISBN 978-0822565918. 
  • Hudgens, Jim, Richard Trillo, and Nathalie Calonnec. The Rough Guide to West Africa. Rough Guides (2003). ISBN 1-84353-118-6.
  • Mali country profile. Library of Congress Federal Research Division (January 2005). This article incorporates text from this source, which is in the public domain.
  • Martin, Phillip L. (2006). „Managing Migration: The Promise of Cooperation“. Lanham, Maryland: Lexington Books. ISBN 978-0739113417. 
  • May, Jacques Meyer (1968). „The Ecology of Malnutrition in the French Speaking Countries of West Africa and Madagascar“. New York, New York: Macmillan Publishing Company. ISBN 978-0028489605. 
  • Mwakikagile, Godfrey. Military Coups in West Africa Since The Sixties, Huntington, New York: Nova Science Publishers, 2001.
  • Milet, Eric & Jean-Luc Manaud. Mali. Editions Olizane (2007). ISBN 2-88086-351-1. (француски)
  • Pye-Smith, Charlie & Rhéal Drisdelle. Mali: A Prospect of Peace? Oxfam (1997). ISBN 0-85598-334-5.
  • Velton, Ross. Mali. Bradt Travel Guides (2004). ISBN 1-84162-077-7.

Видете исто така[уреди]

Надворешни врски[уреди]

Општо
Туризам