Региони во Мали
Од Википедија, слободната енциклопедија
Мали се дели на 8 региони и еден престолнински округ. Секој од нив го носи името на неговиот административен центар. Регионите се поделени на вкупно 49 окрузи (cercles). Окрузите и престолнинскиот округ потоа се делат на 703 општини.[1]
Податоците за населението се водат според пописите од 1998 и 2009 г.[2]
| Регион | Површина (км2) |
Население (1998) |
Население (2009) |
|---|---|---|---|
| Бамако[3] | 252 | 1.016.296 | 1.809.106 |
| Гао | 170.572 | 341.542 | 544.120 |
| Кајес | 119.743 | 1.374.316 | 1.996.812 |
| Кидал | 151.430 | 38.774 | 67.638 |
| Куликоро | 95.848 | 1.570.507 | 2.418.305 |
| Мопти | 79.017 | 1.484.601 | 2.037.330 |
| Сегу | 64.821 | 1.675.357 | 2.336.255 |
| Сикасо | 70.280 | 1.782.157 | 2.625.919 |
| Томбукту | 496.611 | 442.619 | 681.691 |
Наводи[уреди]
- ↑ „Закон Бр. 99-035/ од 10 август 1999 г. за создавањето на територијални заедници на окрузите и регионите“, Министерство за територијална управа и локални заедници на Република Мали, 1999, http://www.matcl.gov.ml/PDF/LoiCreationCercleReg.pdf (француски)
- ↑ „Провизорни резултати на пописот од 2009 г.“, Национален институт за статистика на Република Мали, http://instat.gov.ml/documentation/mali.pdf (француски)
- ↑ престолнински округ
- Делумно од статијата „Територијални заедници на Мали“ на Википедија на француски јазик
Поврзано[уреди]
|
|||||||||||