Историја на Мали

Од Википедија — слободната енциклопедија
Дел од темата Мали

Историја на Мали

Рана историја
Империја Гана
Империја Мали
Сонгајска империја
Бамбарска империја
Масинска империја
Toucouleur империја
Wassoulou империја
Француски Судан
Мали

Портал:Мали

Денешната држава Мали порано било во склоп на три африкански држави: Империјата Гана, Империјата Мали (по која и државата е именувана) и Сонгајска Империја. Овие империи во текот на своето постоење целосно ги контролирале териториите на транс-сахарската територија со злато, сол и други скапоцени артикли, и притоа биле во директен допир со Средоземјето и Блискиот Исток, место каде постоеле големи цивилизации. Во околу 600 година, сонгајските трговци создале сопствени пазари во Кукаја и Гао, со кое го ставиле почетокот на Сонгајската Империја. Првите позначајни земји на територијата на денешната држава Мали главно се наоѓале во нејзините планински предели, главно на запад.

Така, во околу 790 година била формирана Империја Гана чија престолнина била Кумби Салех. Империјата Гана станала една од најсилните во регионот во периодот од 700-1075 година. Територијата на империјата ги опфаќала териториите на денешните земји Мавританија, голем дел од Мали и делови од Сенегал. Исламот како религија бил одбиен во земјата, и покрај тоа што соработката со муслиманските земји била на големо ниво. Во 1078 година, Гана се распаднала, главно поради меѓудинастички пресврти и голема промена на политичката структура. Алморавидската династија дополнително придонела за распаѓање на Гана.

Империјата Мали била формирана во текот на 13 век. Таа била муслиманска земја. Центарот на империјата се наоѓал во горниот дел по текот на реката Нигер. Моќта на империјата се гледала главно во трговијата со злато со арапскиот свет. Најголеми градови биле Гао и Тимбукту. Во текот на 14 век, империјата го достигнала своето најголемо проширување, дури до Атлантскиот Океан, за да во следниот 15 век започне полека да се распаѓа. Во 17 век империјата се распаднала. Била формирана друга империја позната како Бамбарска империја. Бамбарската империја постоела како централизирана држава во периодот од 1712-1861 година, главно во централниот и јужниот дел на Мали. До крајот на 19 век на овие простори постоеле уште Масинска империја, Toucouleur империја и Wassoulou империја.

Во 1960 година, Француски Судан и Сенегал станале независни држави под името Федерација Мали. По една година, Сенегал се повлекол од сојузот, по кое Суданската република го преименувала своето име во Мали. Прв претседател на земјата станал Модибо Кеита. Во 1968 година се случил државен удар, а од 1974 година бил изгласен нов устав со кое бил создаден еднопартиски систем. По две години сепак била формирана првата демократска партија. На изборите од 1979 година партијата освоила најголем број на гласови. Политичката состојба во земјата се стабилизирала во 1981 година. Во 1985 година, поради граничен спор избувнал конфликт помеѓу Мали и Буркина Фасо. Во септември 2021 година, беше потпишан договор помеѓу државата Мали и приватна руска воена компанија поврзана со руската воена група Вагнер. Документот предвидува распоредување платеници во земјата, во врска со армијата на Мали, и заштита на високи личности.