Историја на Нигерија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Дел од серијалот за Нигерија

Историја на Нигерија

Flag of Nigeria.svg

Рана историја
Јоруба
Кралство Нри
Канем-Борну
Кралство Калабар
Колонизација
Независност
Прва република
Втора република
Трета република
Четврта република
Нигерија

Портал:Нигерија

Рана историја[уреди]

Најраните извори за живот на територијата на денешна Нигерија датираат од 9000 п.н.е. Во 4000 п.н.е. на овие простори било развиено земјоделството и грнчаријата. Во Таруга биле отворени првите работилници за обработка на метали. Во околу 1000 п.н.е. на овие простори се развила цивилизацијата Нок[1], која мистериозно до денеска исчезнала. Според некои истражувачи и историчари, се смета дека цивилизацијата исчезнала главно поради болести или глад. Некои сметаат пак дека оваа цивилизација е директен наследник на египетската цивилизација.[2] Се смета дека оваа цивилизација го дала почетокот на железната епоха во супсахарска Африка. Големиот број на скулптури се сметаат за главен доказ за постоењето на предколонијална цивилизација на овие простори.

Среден век[уреди]

На територијата на Нигерија до 16 век постоеле голем број на империи и царства, а како најголемо е онаа на Нри кое било основано во 9 век. Ова царство постоело околу 1000 години, но и покрај својата мала територија, тое остало огромно културно и политичко наследство во југоисточна Нигерија. Во следните векови се појавиле поголем број на царства, од кои најзначителни се Бенинска империја, Јоруба, Ифе, голем број на град-држави, Царство Сонгхај и Борнуанска импеирја. Во Северна Нигерија во 9 век било формирано трговското царство Канем-Борну, со седиште околу езерото Чад. Својата моќ на царството се согледувала во својата трговска размена со Берберите.

Колонизација и независност[уреди]

Европските трговци на бреговите од земјата пристигнале или започнале да се населуваат од 17 век. Локалното население главно било користено за трговија со робови кои главно биле транспортирани во Северна Америка или Јужна Америка. Кон крајот на 19 век, Англичаните успеале да ја заземат контролата врз Западна Африка, а Нигерија станала протекторат на Британската империја од 1 јануари 1901 година. Во 1914 година била создадена т.н. Колонија и протекторат Нигерија, која била формално разделена на јужна и северна, како и колонијата Лагос. По крајот на Втората светска војна започнало да се создава национално движење за добивање на независност на земјата. Така ова се остварило во октомври 1960 година, по кое Нигерија била конструирана како федеративна република. На чело на државата застанал монарх, а законодавната власт припаѓала на парламентот. Во 1963 година земјата била официјално признаена за федерална република, а генералот Намди Азикиве станал првиот претседател на земјата. Таа држава во историјата на Нигерија е позната како Прва нигериска република. Овој период бил одбележан со голем број на етнички конфликти, главно поради голем број на вероисповеди и народи од една страна, и економската состојба на земјата од друга страна.

Модерно време[уреди]

На 15 јануари 1966 година во земјата се случил државен удар во кој бил убиен претседателот Абубакар Тафава. Следувал период на милитаристичко управување на земјата, но сепак земјата не успеала да излезе од економските си проблеми. Во 1967 година полковникот Емека Оџувку успеал да се одвои и да прогласи независност на источниот регион на земјата под името Република Биафра. По ова следувала граѓанската војна која довела до смрт на повеќе од еден милион луѓе и победа над Биафа.[3] Во 1975 година милитаристите биле симнати од власт од страна на Муртала Мохамед, кој на власт пак се задржал само една година кога повторно бил извршен државен удар, овој пат од страна на генералот Олусегун. По ова, овој период од историјата на Нигерија е познат како Втора нигерска република. Во тој период бил донесен нов устав. Но во 1983 година републиканците биле симнати од власт и повторно била наложена воена управа од страна на Врховниот воен совет, кој траел две години. Во 1985 година генералот Ибрахим Бабангида успеал да ја зазеде власта и ги обвинил поранешните водачи на земјата дека ги нарушиле основните човечки права. Тој ги ослободил политичките затвореници и дал голем улог во економското развивање на земјата. Овој период е познат како период на Трета нигерска република. Во 1992 година се спровеле избори во кој како победник излегол Мошуд Абиола. Бабангида не ги прифатил резултатите. По ова следувале протести и конфликти. Власта била предадена на Ернест Шонекан кој управувал привремено и закажал избори за 1994 година. Но на 17 октомври 1993 година министерот на одбраната Сани Абача успеал да му одаде притисок на Шонекан, кој си поднел оставка, по кое тој ја презел власта. Тој владеел до 1998 година, кога починал од инфаркт. Власта била заземена од Абдулсалами Абубакар со кое е даден почетокот на Четвртата нигерска република.

Конфликтот од 2010[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Нередите во Јос, 2010.

Во почетокот на 2010 година, во Нигерија избувнале немири помеѓу христијанското и муслиманското население во Централна Нигерија, во близина на градот Јос. Конфликтот главно и во елина имал религиозен карактер[4][5], како и етничките и економските разлики. [6] Првиот облик на насилство започнал на 17 јануари 2010 и траел најмалку четири дена. голем број на куќи, цркви, џамии, возила биле уништени за време на конфликтот.[7] Најмалку 200 луѓе биле убиени. Конфликтите продолжиле и во наредните месеци (март). Според New York Times, голем број на христијански жители биле заклани.[8]

На 7 март 2010 година, повеќе од 100 христијани биле убиени од страна на Хауса-Фулани, во селото Дого-Нахава, во близина на градот Јос.[9][10] Нападите продолжиле четири часа,[11], вклучувајќи и и соседните села.[12]Поради ова се јавил голем страв од страна на селаните, кои во целина биле христијани.[13] Голем број на згради пострадале во нападите. .[13]Поолемиот дел од жртвите биле жени и деца.[9] Помеѓу жртвите се нашло и едно тримесечно бебе. [14]Труповите биле расфрлени по улиците.[11]Вицепретседателот Гудлук Џонатан изјавил дека убијците ќе бидат фатени.[10]Бројот на жртвите подоцна се искачил на 300[15], а подоцна и на 500.[16]Стотици луѓе ги напуштиле своите домови од страв дека напаѓачите повторно ќе се вратат.[17]

Наводи[уреди]

  1. Shaw, Thurstan, Nigeria: Its Archaeology and early history. Retrieved 22 февруари, 2007.
  2. „artsmia.org : viewer“. Artsmia.org. http://www.artsmia.org/viewer/detail.php?id=5368&i=20&v=12&dept=8&op=1449. конс. 21 ноември 2008. 
  3. John de St. Jorre. The Nigerian Civil War. London:Hodder and Stoughton, 1972
  4. „Nigeria religious riots 'kill 200' in Jos“. BBC News. 20 јануари 2010. http://news.bbc.co.uk/2/hi/8468456.stm. конс. 8 март 2010. 
  5. Baldauf, Scott (8 март 2010). „Nigeria violence: Muslim-Christian clashes kill hundreds“. BBC News. http://www.csmonitor.com/World/Africa/2010/0308/Nigeria-violence-Muslim-Christian-clashes-kill-hundreds. конс. 8 март 2010. 
  6. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Duffield.
  7. Curfew relaxed in Nigeria's violence-wracked city: army“, Agence France-Presse (конс. 26 јануари 2010).
  8. Adam Nossiter, New York Times. Ethnic Violence in Nigeria Has Killed 500, Officials Say Retrieved 8 март, 2010.
  9. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Central_Nigeria_clashes_lead_to_.27scores_of_deaths.27.
  10. 10,0 10,1 „Acting president orders "roving band of killers" to be apprehended“. France24. 7 март, 2010. http://www.france24.com/en/20100307-acting-president-jonathan-goodluck-jos-dogo-nahawa-nigeria-sectarian-violence. конс. 7 март, 2010. 
  11. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Clashes_Kill_Dozens_in_Central_Nigeria.
  12. Obateru, Taye, Eyoboka, Sam; Salem, Tordue. „Jos boils again“, Vanguard Media, 7 март, 2010.
  13. 13,0 13,1 „Officials: Attack on Nigerian town kills more than 100“. CNN. 7 март, 2010. http://edition.cnn.com/2010/WORLD/africa/03/07/nigeria.violence/. конс. 7 март, 2010. 
  14. name="Clashes Kill Dozens in Central Nigeria">Adam Nossiter. „Clashes Kill Dozens in Central Nigeria“, The New York Times, 7 март, 2010 (конс. 7 март, 2010).
  15. Shuaibu Mohammed (7 март, 2010). „UPDATE 5-Up to 300 feared dead in central Nigeria clashes“. Reuters Africa. http://af.reuters.com/article/nigeriaNews/idAFLDE6260AW20100307?feedType=RSS&feedName=nigeriaNews&utm_source=feedburner&utm_medium=feed&utm_campaign=Feed%3A+reuters%2FAfricaNigeriaNews+%28News+%2F+Africa+%2F+Nigeria+News%29. конс. 7 март, 2010. 
  16. „Nigeria religious clashes 'kill 500' near Jos“. BBC. 8 март 2010. http://news.bbc.co.uk/2/hi/africa/8555018.stm. конс. 8 март 2010. 
  17. „Christians slaughtered in Nigeria“. The New Zealand Herald. 7 март, 2010. http://www.nzherald.co.nz/world/news/article.cfm?c_id=2&objectid=10630648. конс. 8 март, 2010.