Историја на Бенин

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Дел од серијалот за Бенин

Историја на Бенин

Flag of Benin.svg

Рана историја
Француски Бенин
Република Дахомеј
Ерата на Матео Кереку
Бенин

Портал:Бенин

Дахомејското кралство било формирано од различни етнички групуи на абомејското плато. Историчарите тврдат дека несигурноста произлезена од тргувањето со робови придолено до масивно иселување на народот во модерниот град Абомеј, вклучувајќи и луѓе од етничките групи Аџа и Гбе за кои се верува дека го основале градот. Аџаците и Фоните создале нова етничка група именувана како Дахомејци. И покрај тоа што основачите на земјата биле во почетокот против ропството, сепак трговијата со робови била активна во регионот на Дахомеј во продолжение на триста години.

Кон средината на 19 век, земјата започнала да ја губи својата регионална надмоќ, кое и дозволило на Франција да завладеат со територијата во 1892 година. Во 1899 година земјата станала дел од колонијата Француска Западна Африка. Во текот на 1958 година земјата добила автономија под името Република Дахомеј, а по само две години, на 1 август 1960 година земјата ја прогласила и својата независност. Во текот на следните дванаесет години, земјата била опфатена со етнички конфликти, проследена со неколку државни удари и преврати, при кое доминирале трите основни фигури: Суру Арити, Јубер Мага и Жастен Ахомадегбе. Трите страни се согласиле да формираат претседателски совет по 1970 година. Но во 1972 година се случил воен реврат кој бил воден од страна на Матео Кереку. Така милитаристите го ставиле почетокот на комунистичката ера на земјата. По зазимањето на власта земјата била преименувана во Народна Република Бенин (1975 година). Сепак, кон крајот на 80-тите од минатиот век, Кереку решил да ги изостави комунистичките идеи по големата економска криза на земјата, враќајќи го парламентарниот капиталистички систем во 1990 година. Но на изборите во 1991 година тој бил победен од Никефор Согло,[1] со кое станал првиот африкански претседател којшто својата функција ја напуштил преку избори. Тој повторно се вратил на власт во 1996 година по изборите, а истото го забележил и во 2001 година. На изборите во 2006 година не учествувале ниту Кереку ниту Согло, бидејќи според уставот на земјата немале право заради својата возраст.[1]


Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 "Background Note: Benin". U.S. Department of State (June 2008). Оваа статија содржи текст од овој извор, кој е во јавниот домен.