Историја на Того

Од Википедија — слободната енциклопедија
Того (октомври 1914)
Знаме на Того (1957-1958)

За предколонијалниот период од историјата на денешен Того има малку информации. Познато е дека во период од 11 век и 16 век на овие простори живееле или минувале различни племиња. Поголемиот број од нив живееле или се населувале по бреговите. Во текот на XVIII век Того бил колонизиран од страна на Данска. По колонизацијата, населението било главно користено за трговија со робови. Того заедно со соседните региони бил познат под името “Робски брег“. Во 1884 година бил подпишан договор според кој Германија ги зазела териториите на Того под своја контрола, и како германски протекторат останал до крајот на Првата светска војна. Германски Того вклучувал територии од денешна Гана. По Версајскиот договор, Того станал француска колонија. Кон 1950-тите, африканските земји започнале да се подготвуваат за деколонизација. Француски Того успеал да издвои независност во 1960 година.[1] Во 1963 година билизвршен државен удар во кој бил убиен претседателот Сулванус Олимпио. Во 1967 година, Гнасинбе Ејадема ја предводел војската и станал претседател на Того. До неговата смрт во 2005 година, тој бил африкански водач кој најдолго бил на таа функција, со период како претседател од 38 години.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. According to CIA world factbook on Togo: https://www.cia.gov/library/publications/the-world-factbook/geos/to.html Архивирано на 31 август 2020 г.
  2. "Obituary: Gnassingbe Eyadema". (2005, February 5). BBC News. Retrieved May 22, 2007.