Историја на Маврициус

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Островот бил познат од страна на Арапите и Австронезиците уште во 10 век. Португалците за прв пат го посетиле островот во 1507 година и го оставиле ненаселен. Три брода од холандската морнарица кои тргнале низ Индискиот Океан биле случајно упатени кон Маврициус и пристигнале на островот во 1598. Тие го именувале островот според Принцот Морис Орански. Во 1638 Холанѓаните за прв пат основале населено место. Неколку декади подоцна, холанѓаните го напуштиле островот и Франција го зазела под своја контрола во 1715. Островот станал просперитетна колонија на Француската источноиндиска компанија. Во 1767 година француската влада целосно ја зазела управата над островот, а островот бил претежно користен како база во времето на Наполеонските војни. Во 1810 година островот бил заземен од страна на Велика Британија. Францускиите институции на островот биле сочувани, а францускиот јазик и денес е пораспространет од англискиот јазик. Земјата својата независност ја добила во 1968 година.