Историја на Египет

Од Википедија — слободната енциклопедија
Дел од темата Египет

Историја на Египет

Рана историја
Персиски Египет
Птоломејски Египет
Римски Египет
Христијански Египет
Муслимански Египет
Османлиски Египет
Династија Мухамед Али
Модерна историја
Египет

Портал:Египет

Праисторија[уреди | уреди извор]

Египет претставува многувековна држава, која се наоѓала во североисточна Африка, по долниот тек на реката Нил. Се смета дека во Египет имало населување на човекот дури пред 250 000 години. Во текот на 4000 година п.н.е. од многу мали територијални единици – номи, биле создадени две големи империи - Горен и Долен Египет со главни градови Ераконопол и Буто. Успехот за создавањето и обединувањето на државата се припишува на управникот на Горен Египет - Менес. Во времето на неговото владеење (3100 п.н.е.), главен град станал Мемфис, кој се наоѓал во јужниот дел на реката Нил. Првите споменици, кои се напишани со египетски хиероглифи се однесуваат кон крајот на четвртото и почетокот на третото ијладалетие п.н.е.

Стар Египет[уреди | уреди извор]

Во периодот помеѓу 28 век п.н.е. - 23 век п.н.е. се формирала т.н. древно-египетската цивилизација. Единството на древниот Египет се однесувало во господарството на фараонот кој имал неограничена власт низ целата држава. Фараонот бил глава на митот кон сите богови во древниот Египет при што и самиот тој бил сметан за бог. Тоа тврдење најмногу доаѓа до израз при градењето на пирамидите за кои се смета дека всушност биле гробници на фараоните како Џосер, Снофер, Кеопс (Хуфу), Кефрен (Хафра) и Микерин (Менкаур). Исто така многу нараснал и култот кон богот на сонцето Амон Ра, а фараоните се нарекувале дека се негови синови.

Во текот на 23-21 век древниот Египет се распаднал на множество номови (деловни единици). Новото државно обединување на древниот Египет започнало со нараснувањето на силите на номарсите на Хераклеопол (во Среден Египет). Тиванскиот фараон Ментухотеп I станал владетел на обединетиот Египет. Во текот на 21-18 век за покровител на фараоните бил објавен богот Амон. Аменемхет I ја преместил престолнината од Тива во Итауи и по само неколку години повторно се распаднал обединетиот Египет. Во текот на 18-16 век Древниот Египет бил заземен од страна на азиските Хикси, кои со презимањето на власта на Долен Египет си создале свој град со име Аварис и кој всушност станал и главен град во источниот дел на делтата на реката Нил. Ослободувањето на земјата му успева на Јахмос I. Во време на владеењето на Аменхотеп III, древниот Египет го достигнал своето величество. Од провинциите во Азија, древниот Египет добивал како даноци мед, олово, сребро, животни, вино, слонова коска и слично. Од државата Пунт пак, каде царевицата Хатшепсут испраќала експедиција, во древниот Египет пристига исто така голема „помош“. Овде бил воздигнат и новиот сончев бог Атон, каде поради негова чест била основана нова престолнина - Ахетатон. По смртта на Ехнатон, престолнината била вратена во Тива во 1335 година п.н.е.

Кон 1290 г. п.н.е., фараонот Рамзес II повторно ја зајакнал моќта на Египет. Водел големи борби со Хетите и нивните сириски сојузници. Главен град во времето на владеење на овој фараон станува Пер-Рамзес. Во 945 година п.н.е либискиот военоначалник Шешонк I се прогласил за фараон, а за своја престолнина го избрал градот Бубастис во делтата на Нил. Тој го презел Ерусалим и го ограбил. Во 671 г. п.н.е. асирската војска на Асархаддон го презема и го ограбува Мемфис. Во 667 г. и 663 г. п.н.е. Асирците ја преземаат Тива. Псаметих I успева повторно да го обедини Египет. Во времето на Нехо II, син на Псаметих I, бил направен канал, кој го поврзувал Нил со Црвеното Море. Во текот на 332 г. п.н.е. во Египет навлегла војската на Александар Македонски и државата станала дел од неговата империја. По распадот на неговата империја, Египет попаднал под власт на Птоломеј Лаг — основачот на македонската династија на Птоломеите Лагиди (305-30 г. п.н.е.). Главен град станал Александрија.

За време на управувањето на царевицата Клеопатра - последна од династијата на Птоломеите, Египет се вовлекол во политички борби со Рим.

Римско владеење[уреди | уреди извор]

Римското владеење на Египет започнало во 30 п.н.е. година, каде последната кралица Клеопатра извршила самоубиство како последен владетел од династијата на Птоломеите. Првиот римски цар, Октавијан Август, Египет го престроил во посебна провинција со кој управувал префект лично поставен од царот, додека пак членовите на сенаторскиот сталеж им бил забранет влез во земјата без претходно одобрување. Во времето на римското владеење, Египет била најбогатата провинција од сите останати римски провинции. Освојувањето на Египет по текот на Црвено Море се случило во времето на Клавдиј (4154), додека пак Адријан (117138) го посетил Египет на двапати. По кризата во 3 век, Египет за мал период станал дел од Зенобиската империја, но во 298 година Диоклецијан го вратил Египет и го поделил на три провинции. По разрушувањето на Ерусалим во 70 година, градот Александрија станал еден од најголемите образовни еврејски центри во дијаспората. Од 2 век, Александрија станала и важен христијански центар, каде според легендата и евангелието, била основана епископијата од страна на Свети Марко. Најзначајни александриски теолози од тоа време се Климент Александриски, Ориген и други. По 324 година, кога Константин Велики го обединил царството под своја контрола, завршило и прогонувањето на христијанските верници.

Византиско владеење[уреди | уреди извор]

Во времето на Византиското Царство, престолнина на царството станал градот Цариград (денес Истанбул). Така, испораката на житото се преусмерила од Рим кон Цариград. По смртта на Теодосиј I во 395 година, Римското Царство била поделена на два дела, по кое Египет припаднал на Источното Римско Царство или Византија. Христијанизацијата на Римското Царство напредувала постепено. Теодосиј во 391 година започнал да налага антипагански закони. Во негово време бил уништен храмот посветен на богот Серапис во Александрија. Во тоа време се појавило учењето на Ариј или аријанство. Тоа како ерес било осудено во 324 година на Првиот вселенски собор во Никеја. И покрај тоа, ова учење било во голема мера зачувано во земјата, сè до крајот на 4 век. Во тој период, како најголем бранител на никејскиот симбол на верата се истакнува Свети Анастасиј, епископ на Александрија, каде Александрија станал голем град-центар на христијанството. По Четвртиот вселенски собор се формирала Египетска коптска црква.[1]

Персиско владеење[уреди | уреди извор]

Персиското освојување на Египет се случило во 618 година. Иако царот Ираклиј успеал да ги прогони Персијците во 629 година, сепак следниот напад не бил доволен да се зачува земјата. Во периодот од 623-642 година, Египет бил освоен од страна на Арапите, кои го донеле исламот и арапскиот јазик. Со земјата во почетокот владееле намесниците на калифите. Во текот на 9 век, силата на Адасидите од Багдат ослабнала, па земјата била раководена од страна на династија Тулунида (868905) и династија Ихшидида (935969). Во 969 година Египет бил освоен од страна на династијата на Фатимидите, кои биле шиити. Градот Каиро станал пресолнина на нивната земја во 973 година. Во 1099 година, во текот на првата крстоносна војна паднал градот Ерусалим во рацете на христијаните. Владетелот на фатимидите, Саладин, во 1168 година ги започнал своите војни против крстоносците. Не само што постигнал големи успеси против христијанската војска, туку Саладин го симнал од власт на последниот фатимидски владетел, повторно го воведел сунитскиот ислам и се прогласил за султан во 1175 година. Во следните векови, Египет бил на неколкупати напаѓан од страна на крстоносците, но безуспешно. Во 1250 година власта преминала во рацете на Мамелуците, кои во 1277 година ја зазеле Арка истерувајќи ги крстоносците од Светата Земја.

Османлиско и британско владеење[уреди | уреди извор]

Египет под власта на Османлиското Царство се нашол во 1517 година, во времето на Селим II. Значењето на Египет за Отоманците било економско и стратешко.[2][2] Приходите од порезот на земјата, царевината за морските и речните патишта биле користени за финансирање на војската. Градот Каиро станал голем центар во рамките на империјата. Во текот на XVIII век, Египет започнал со своите акции за добивање на автономија. Во 1798 година земјата била заземена од страна на Наполеопн Бонапарта. Сепак, Французите се повлекле во 1801 година. Во 1854 година Франција добила концесија за изградба на Суецкиот Канал, отворен во 1869 година. Поради големите трошоци, египетскиот кедив бил принуден каналот да го продаде на Обединетото Кралство. Поради големото незадоволство, во 1879 година на чело со Ахмед Ураби, било формирано првото национално движење. Во 1882 година тој станал претседатењл на владата. Плашејќи се од губењето на контролата на каналот, Франција и Обединетото Кралство извршиле воена интервенција врз египетската војска.

По Првата светска војна, Османлиите конечно биле поразени и Британија добила голема контрола над земјата. По војната продолжиле конфликти за независност на земјата, која ја добила во 1922 година на чие чело застанал кралот Фуада II. Во 1936 година бил постигнат договор помеѓу Британија и Египет според кој британските трупи го контролирале само Суецкиот Канал во земјата.

Модерна историја[уреди | уреди извор]

На почетокот на Втората светска војна, Египет повторно станал протекторат на Велика Британија. Во 1952 година бил извршен воен удар,[3] и на чело на земјата дошол Гамал Абдел Насера, и за нов крал бил избран Фуад II. Во 1953 година Египет бил прогласен за република.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Kamil, Jill. Coptic Egypt: History and Guide. Cairo: American University in Cairo, 1997. p. 39
  2. 2,0 2,1 Abu-Lughod, Janet L. Before European Hegemony The World System A.D. 1250-1350. New York: Oxford UP, USA, 1991. PP. 243
  3. Nejla M. Abu Izzeddin, Nasser of the Arabs, published circa 1973, p 2.