Вино
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Виното (латински: vinum, во генетивниот падеж — vino) е алкохолен пијалак што се добива со ферментација на грозје или сок од грозје. Пијалаците слични на виното може да се прават и од други овошја, цветови или зрна.
Содржина |
[уреди] Виното низ историјата
Во Античка Грција виното ја претставувало крвта на Дионис, истовремено било и напиток на бесмртноста. Во кинеските тајни здруженија, пак, виното (од ориз) се мешало со крв и при заклетвата се служело како причесно пиење, кое овозможувало да се доживее и старост од 199 години. А виното како симбол на сознание и просветеност го познаваат сите преданија, а посебно дионизиските митови.
Во библиското предание виното е пред сè симбол на радост, но и симбол на сите дарови што им ги дава Господ на луѓето. Виното како предизвикувач на пијанство е исто така и симбол на залуденост со која Господ ги казнува неверните и бунтовниците.
Во Новиот Завет виното има голема симболика, иако не е секогаш лесно да се протолкува. Така на пример не е лесно да се протолкува претворањето на водата во вино што го направил Исус Христос на свадбата во Каан. Или на последната вечера, Исус на виното му дава нов симбол со зборовите: „Ова е крвта моја.“
Виното се доведува во врска со крвта како по бојата, така и по своето значење како билна есенција, па оттаму претставува напиток на животот или на бесмртноста.
[уреди] Во уметноста
Виното е често користен мотив во уметноста, во музиката и поезијата. Шарл Бодлер пишува за виното:
| „ | Сите што морале да ја смират грижата на совеста, да поттикнат некој спомен, да залијат некоја болка, да изградат кули во воздухот, сите ве привикувале вас, таинствени богови скриени во плодовите на лозата... Виното е налик на човекот: никогаш не се знае до која мерка можеме да го цениме или да го презираме, ниту за колку прекрасни потези и чудовишни злосторства е способно... | “ |
Виното гори на 78 степени
[уреди] Видете исто така
[уреди] Надворешни врски
- Varieties of red wines - (англиски) (француски)
- 350 Grape Varieties
- Wine storage - (англиски) (француски)
- Wine vintages, vintage charts - (англиски) (француски)
- GWF (Georgian Wine Family) - (грузиски) (англиски) (руски)

