Зајакнато вино

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Чаша порто, едно од најпопуларните зајакнати вина

Зајакнато вино е вино со додаден алкохол, чиј најчест додаток е вињак.

Првичната причина за зајакнување била конзервирање на виното, бидејќи повеќе алкохол и слаткост го зачувуваат (кога ќе се додаде уште шеќер пред завршување на ферментацијата, ова го убива квасецот и остава преостанат шеќер). Иако постојат и други методи на конзервација, овој процес продолжува да живее до ден денес, и потрошувачите имаат развиено вкус за вака обработените вина.

Чести видови на зајакнато вино се:

Зајакнатите вина се разликуваат од жестоки пијалоци направени од вино. Додека обете имаат поголем процент на алкохол, жестоките пијалоци се добиваат со дестилација, додека на зајакнатите вина им се додаваат жестоки пијалоци. Затоа зајакнатите вина имаат процент на алкохол помеѓу оној на виното и оној на жестоките пијалоци.

Зајакнување[уреди]

За време на ферментацијата, квасните клетки во ширата и понатаму претвораат шеќер во алкохол сѐ додека растворот не добие јачина од 16-18% - зависно од толеранцијата на тој исцедок квасец. Кај некои исцедоци алкохолната толеранција е уште пониска. Сега добиениот алкохол станува токсичен за квасните клетки и ги прави импотентни и повеќе не можат да се размножуваат и тие умираат. Кај највеќето вина, ако ферментацијата се остави до крај, добиеното вино се смета за суво. Меѓутоа кај некои стилови на вино, како доцнобербеното и ботритизираното вино, природно високата содржина на шеќер му пречи на квасецот, па така ферментацијата запира пред виното да стане суво.

При додавање на високоалкохолен лозов пијалок како бренди (обично 40-60%) кон ширата која ферментира, ова предвремено ја сопира ферментацијата и оставајќи извесна количина преостанат шеќер. Што порано низ процесот на ферментација ова ќе се случи, толку послатко ќе биде добиеното вино. За посуви стилови на вино како шери, зајакнувањето се додава по или кон крајот на ферментацијата. Слаткоста на виното може да се зголеми и подоцна со додавање на неферментирана шира или додатен лозов жесток пијалок.

Додека додавањето на лозови жестоки пијалоци е најчест начин за зајакнување на вино, дестилираниот пијалок може да биде добиен од разни извори како шеќерна трска, шеќерна репка, па дури и нафта. Кој вид на жесток пијалок е дозволен за зајакнување зависи од регионалните закони. Потеклото на жестокиот пијалок како и методот по кој е дестилиран има свој ефект врз вкусот на добиеното вино.

Надворешни врски[уреди]