Епика
| Литература |
|---|
|
Основни облици
|
| Родови |
|
Епика · Лирика · Драма |
| Извори |
| Форми |
| Историја и списоци |
|
Општ преглед на литературата |
| Дискусија |
Епика (од старогрчката придавка ἐπικός (епикос), од ἔπος (епос) „збор, говор, приказна“[1]) е еден од трите рода во уметничката литература, кој опфаќа дела во стих и во проза, во кои вообичаено се раскажува за херојски подвизи или настани значајни за одредена култура или нација.[2] Во поглед на традиционалната теорија на литературата под поимот епика се подразбирале раскажувачки дела само во стихови, како што се епските песни, односно поемите и епопеиите[3], но современата теорија на литература подразбира и прозни дела со раскажувачки карактер како, романот, расказот, новелата и сл.[3]
Епиката се смета за раскажувачка, претставувачка, односно миметична уметност. Со други зборови едно книжевно дело се смета за епско доколку постои раскажување, односно нарација, раскажува или наратор и ликови кои ги градат дејствијата односно сижето и фабулата.[4] Термините епска широчина и епска композиција заедно со објективноста во раскажувањето се три најбитни белези на едно епско дело. Користењето на сижејни методи, како ретроспекции, заедно со деталните описи на ликовите и настаните го прават делото обемно, односно ја градат неговата епска широчина; развојот на дејството по етапи, од друга страна ја означува композицијата на делото.[4][3]
| Ова е недовршена статија за литература. Вие можете да помогнете за нејзината дообработка. |
[уреди] Наводи
- ↑ http://www.etymonline.com/index.php?term=epic
- ↑ Michael Meyer, The Bedford Introduction to Literature, Bedford/St. Martin's, 2005, p2128. ISBN 0-312-41242-8
- ↑ 3,0 3,1 3,2 С. Бојковска, Л. Минова-Ѓуркова, Д. Пандев, Ж. Цветковски, Н. Исакова, Б. Пендовски, Македонски јазик и литература: за I година за реформираното гимназиско образование, IV издание, Просветно дело, Скопје, 2008, стр. 174.
- ↑ 4,0 4,1 Јадранка Владова, Македонски јазик и литература за I година гимназиско образование, Просветен работник, Скопје, 2002, стр. 117.