Марко Крале и бегот Костадин

Од Википедија — слободната енциклопедија

Марко Крале и бегот Костадин (српски: Марко Краљевиһ и бег Костадин) - српска епска (јуначка) песна. Песната прв ја запишал Вук Караџиќ, кој ја слушнал од Грујо Меанџиќ од Сентомаш во Бачка.[1]

Содржина[уреди | уреди извор]

Бегот Костадин го кани својот побратим Крале Марко на гости, но тој ја одбива поканата зашто при последната нивна средба бегот постапил нечовечно: најпрвин, две сирачиња барале милост од бегот, но тој го избркал, а тогаш Крале Марко ги однел во чаршијата, ги нахранил, ги облекол и ги испратил во дворецот на бегот, кој тогаш ги дочекал убаво; второ, старите господари кои во меѓувреме осиромашила, бегот ги ставил на дното од трпезата, а на чело ги ставил новозбогатените; најпосле, бегот не ги поканил на трпезата своите родители.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. В.Ђ., „Поговор - О певачима“, во: Војислав Ђурић, Антологија српских народних јуначких песама. Београд: Српска књижевна задруга, 2012, стр. 490.
  2. Војислав Ђурић, Антологија српских народних јуначких песама. Београд: Српска књижевна задруга, 2012, стр. 219-220.