Бугарштици

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Бугарштици се епски народни песни од 17 век и 18 век, со подолг стих. Тие претставуваат мртва литература денес, затоа што се појавиле во одреден временски интервал.

Карактеристики[уреди]

Основната карактеристика на бугарштиците е повеќеслоговниот стих. Кај нив, бројот на стиховите е 16, а карактеристичен е рефренот кој е по 6 слога.

Јазикот кај нив е доста чист, со мал број турцизми, додека архаизмите претставуваат составен дел на оваа поезија. Често се користи инфинитивната форма, а доста застапени се деминутивите. По својата основна интонација се меланхолични и баладични. Бугарштиците го обработуваат мотивот засебно, и го поставуваат во сооднос со другите, поблиски мотиви. Така на пример, колку ликовите на јунаците се поблиску прикажани, толку потрагична ќе ни биде нивната судбина. Кај бугарштиците не се развива фабула за да се прераскаже настанот, ниту пак ја има онаа епска широчина или објективност што постои кај епската песна. Творецот е пристрасен и не е рамнодушен. И кога постои фабула, тоа е само за да се нијансираат мотивите психолошки, без оглед позитивно или негативно.

Најпрвин бугарштиците биле лирска поезија, но во вториот период од создавањето започнало нивното клонење од лирика кон епика, што се случувало во 17 и 18 век. Всушност, многу записи тоа го потврдуваат. Многумина ликови ко исе среќаваат во лириката, нашле свое место во бугарштиците. На пример, Крале Марко, Милош Обилиќ, Царица Милица, Цар Душан, и други.

Бугарштиците ги опфаќаат феудалните односи на српскиот и хрватскиот двор.

За името[уреди]

Не само што Петар Хекторовиќ ги дал првите бугарштици, туку тој всушност ги именувал - бугаршќине. Науката се обидува да го испита и да го објави потеклото на бугарштиците. Една хипотеза вели дека зборот доаѓа од глаголот „бугарити“, што значи „тажно пеење“. Друга хипотеза вели дека името на овие песни етимолошки се поврзува со Бугарија, и уште една хипотеза името на овие песни го поврзува со глаголот „вулгарис“, што значи „народна песна“, која денес е општо прифатена.

Хипотезата дека името на овие песни се поврзува со Бугарија, ја поддржувал Ватрослав Јагиќ.


Наводи[уреди]