Џејмс Џојс
| Џејмс Џојс | |
Џејмс Џојс, ок. 1918 |
|
| Занимање | писател, поет, учител |
|---|---|
| Правец | модернизам |
| Значајни дела | Даблинци (1914), Портрет на младиот уметник (1916), Улис (1922), Будењето на Финеганови (1939) |
| Сопружник | Нора Барнакл (1931-1941) |
|
|
|
|
Влијаел(а) врз
|
|
Џемс Џојс (2 февруари 1882 - 13 јануари 1941) бил ирски писател и често е сметан за еден од најпознатите личности во светската како и во англиската литература. Најпознат е по неговото дело „Улис“ и по контраверзното дело „Будењето на Финеганови“. Исто така Џејмс Џојс е доста познат и по колекцијата на раскази „Даблинци“, приказни што го претставуваат животот во Даблин. Се смета за родоначелник и втемелувач на модерниот прозен и експериментален пристап, познат под името „состојба на свеста“. Портрет на младиот уметник е автобиографски роман, во кој за првпат ја употребил техниката „струја на свеста“, а целосна примена на оваа техника наоѓаме во неговото централно дело Уликс. Во Будењето на Финеганови го прикажува текот на свеста во сон. Со своите дела Џемс Џојс извршил големо влијание врз светската книжевност.
[уреди] Дела
- „Стивен Хиро“ (1904-6)
- „Камерна музика“ (1907)
- „Џакомо Џојс“ (1968)
- „Даблинци“ (1914)
- „Портрет на младиот уметник“ (1916)
- „Изгнаници“ (1918)
- „Улис“ (1922)
- „Собрани песни“ (1936 )
- „Будењето на Финеганови“ (1939)