Гусла

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Српска гусла

Гуслата е народен гудачки инструмент со една жица на кој се свири со гудало. Најчесто е со една жица, но може да има и две. Како инструмент се среќава воглавно во државите на Балканот. Гусларите во Македонија биле месни или патувачки. Тоа најчесто биле лица со телесен хендикеп или оштетен вид. По ослепувањето на македонските војници по Беласичката битка, начесто знимање на слепите лица било гусларството. Гусларството во XIX век во Македонија било особено застапено во градот Прилеп.