Мудрост Сирахова

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Мудрост Сирахова“ — книга од проширената верзија на Стариот завет, напишана од Сираховиот син Исус од Ерусалим.

Содржина[уреди | уреди извор]

Книгата нема пордедена содржина, туку содржи мудри изреки на разлилни теми, како: Бог е извор на мудроста, а почетокот на мудроста е во стравот од Бога. Господ ги искушува праведниците, а нив ги очекува награда. Децата треба да ги почитуваат родителите и да се грижат за нив. Човекот треба да им помага на слабите, на сиромашните и на оние кои се во неволја. Уште во младоста треба да се бараат мудроста и знаењето. Господ создал сѐ и тој им суди на луѓето за добрите и за лошите дела, а човекот е ништожен и не може да ги оценува божјите дела. Покрај тоа, во книгата се наведени бројни мудри совети, и тоа: за пријателството, за однесувањето на луѓето, за богатите и сиромашните, за разумните и глупавите, за лакомоста, за виното, за клеветењето, за прељубата, за омразата, за позајмувањето, за милостињата, за одгледувањето на децата, за грижата за здравјето и доброто расположение, за смртта, за стравот од Бога, за божјата милост кон праведните и за казната на грешните. Книгата продолжува со пофалба за предците на Израилот, почнувајќи од Енох, Ное, Авраам, Мојсеј и Арон, преку Исус Навин, Самуил и другите израилски судии, Давид, Соломон и останатите цареви, па сè до Илија, Елисеј, Исаија и другите пророци, како и свештениците. Најпосле, книгата завршува со пофална химна за Бога.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Свето писмо на Стариот и на новиот завет (трето издание). Свиндон: Британско и инострано библиско друштво, Скопје: Македонска книга, 1998, стр. 853-896.