Сомелиер

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Сомелиер проверува вино
Сомелиеров нож, важна алатка за сомелиерот

Сомелиер (фр. sommelier) е обучен стручњак за вино со големи познавања, кој работи во ресторан и специјализира во сите аспекти на служењето на вино. Тој игра поспецијализирана и поинформирана улога отколку винскиот келнер.

Во работата на еден сомелиер спаѓа набавка на вино, негово чување и ротација на вински подрум. Тој е одговорен и за изготвување на вински карти како и за послужувањето на вино и за обуката на друг персонал во рестаранот. Тој работи заедно со готвачкиот персонал и спарува или предлага вино кое би одело најдобро со некое јадење на менито. Може да се рече дека улогата на сомелиерот денес е стратешки на исто рамниште со онаа на главниот говач. Професионалниот сомелиер исто така работи во самата сала и е во директен контакт со гостите. Тој има одговорност да работи во рамките на вкусот и буџетот на гостинот.

Во денешно време еден сомелиер има поширока улога отколку само работа со вино, па така во неа спаѓаат сите аспекти на ресторанската услуга, со особен акцент на вино, пиво, жестоки пијалоци, газирани пијалоци, коктели, минерални води и пури. Некои ресторани вработуваат еден сомелиер за вода, еден за виски, еден за пури и тн. Некои од нив пишуваан вински водичи и изведуваат јавни пробувања, па така имаат улога мошне слична на новинар.

Видете исто така[уреди]

Надворешни врски[уреди]