Десанка Максимовиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Златен венец.svg Десанка Максимовиќ
Desanka Maksimović u osamdesetim godinama života.jpg
Роден 16 мај 1898
Кралство Србија с. Рабровица (Валево), Кралство Србија
Починал 11 февруари 1993
Југославија Белград, Србија
Занимање поет, прозаист

Десанка Максимовиќ (српски: Десанка Максимовић; 16 мај 1898 - 11 февруари 1993) била српска поетеса, професор по книжевност и член на Српската академија на науките и уметностите.

Биографија[уреди]

Десанка Максимовиќ е родена како најстаро дете на учителот Михаил и Драгиња. По нејзиното раѓање, Михаил Максимовиќ е прекомандуван на друго место, поради што целото семејство се преселува во Бранковина. Тука Десанка го поминува своето детство; гимназија завршува во Валево. Во почетокот на август 1933 година се венча за Сергеј Сластиков. Никогаш нема да има деца.

Студира на Философскиот факултет во Белград, на отсекот за светска книжевност, општа историја и историја на уметностата.

По дипломорањето, најпров работи во гимназијата во Обреновац, а потоа и како суплент во Третата женска гимназија во Белград. Во Париз минува една година како стипендист на француската влада. Од 3 септември 1925 година работи една година во учителска школа во Дубровник, по што повторно се враќа во Белград за да се вработи во Првата женска гимназија. Една од нејзините ученички е и Мира Алечковиќ, која исто така ќе стане поетеса и блиска пријателка на Десанка Максимовиќ. По почетокот на Втората светска војна оди во пензија, но во служба се враќа веќе во 1944 година и во истата школа останува се до нејзиното конечно пензионирање осум години подоцна.

Постојано патува низ сите земји на поранешна Југославија и се спријателува со голем број познати писатели и поети; меѓу нејзините блиски познаници се и Милош Црњански, Иво Андриќ, Густав Крклец, Исидора Секулиќ, Бранко Ќопиќ и многи други.

На 17 декември 1959 година, избрана е за дописен член на Српската академија на науките и уметностите, а на 16 декември 1965 и за нејзин редовен член.

Во четврток, на 11 февруари 1993 година, во својата 95та година, во Белград умира Десанка Максимовиќ. Погребана е на нејзиното родно место - Бранковина кај Валево.

Книжевни дела[уреди]

Десанка Максимовиќ е поет, раскажувач, романсиер, писател за деца, а повремено се занимава и со препејување на поезија од руски, словенечки, бугарски и француски јазик.

Објавува околу педесет збирки поезија, низа песни и прозни дела за деца и младинци, раскази, романсиерска и патеписна проза. Својата прва песна ја објавува во 1920 године ви списанието Мисао („Мисао“).

Нејзината поезија е и љубивна и патриотска, и полетна и младешка, и серизона и чувствителна. Дел од нејзините најпознати песни се: Предосећање („Претчуство“), Стрепња („Трепет“), Пролећна песма („Пролетна песна“), „Опомена“, На бури („На бурата“), Тражим помиловање („Барам помилување”) и Покошена ливада („Искосена ливада“).

Откако ќе разбере дека едно дете е стрелано во Крагуевац на 21 октомври 1941 година, поетесата ја пишува својата најпозната песна „Крвава бајка" - вистински сведок за теророт на окупаторот врз невиното население за време на Втората светска војна. Песната е објавена дури по завршувањето на војната.

Најпознати дела во опусот на Максимовиќ се:

  • Песме („Песни“, поезија, 1924)
  • Врт детињства („Градина на детството“, поезија, 1927)
  • Зелени витез („Зелениот витез“, поезија, 1930)
  • Лудило срца („Лудило на срцето“, раскази, 1931)
  • Срце лутке спаваљке и друге приче за децу („Срцето на заспаната кукла и други приказни за деца“, раскази, 1931, 1943)
  • Гозба на ливади („Гозба на ливадата“, поезија, 1932)
  • Како они живе („Како живеат тие“, раскази, 1935)
  • Нове песме („Нови песни“, поезија, 1936)
  • Распеване приче („Распеани приказни“, раскази, 1938)
  • Шарена торбица („Шарена торбичка“, песни за деца, 1943)
  • Ослобођење Цвете Андрић („Ослободувањето на Цвета Андриќ“, поема, 1945)
  • Отаџбина у првомајској поворци („Татковината во првомајската поворка“, поема, 1949)
  • Самогласници А, Е, И, О, У („Самогласките А, Е, И, О, У“, поезија, 1949)
  • Страшна игра („Страшна игра“, раскази, 1950)
  • Отаџбино, ту сам („Татковино, тука сум“, поезија, 1951)
  • Ветрова успаванка („Приспивната песна на ветерот“, поезија, 1953)
  • Отворен прозор („Отворен прозорец“, роман, 1954)
  • Пролећни састанак („Пролетен состанок“, поезија, 1954)
  • Мирис земље („Мирисот на земјата“, избрана поезија, 1924)
  • Ако је веровати мојој баки („Ако може да ѝ се верува на мојата баба“, раскази, 1959)
  • Заробљеник снова („Заробеник на сонот“, поезија, 1960)
  • Говори тихо („Зборувај тивко“, поезија, 1961)
  • Патуљкова тајна („Тајната на џуџето“, раскази, 1963)
  • Тражим помиловање („Барам помулувањ“, лирска дискусија, 1964)
  • Хоћу да се радујем („Сакам да се радувам“, раскази 1965)
  • Ђачко срце („Детско срце“, поезија, 1966)
  • Прадевојчица („Прадевојка“, роман, 1970)
  • На шеснаести рођендан („На шеснаесеттиот роденден“, поезија, 1970)
  • Празници путовања („Празници на патувањето“, патеписи, 1970)
  • Немам више времена („Немам веќе време“, поезија, 1973)
  • Летопис Перунових потомака („Хроника на потомците на Перун“, поезија, 1976)
  • Песме из Норвешке („Песни од Норвешка“, поезија, 1976)
  • Међаши сећања („Меѓите на сеќавањето“, поезија, 1983)
  • Слово о љубави („Збор за љубовта“, поезија, 1983)
  • Памтићу све („Ќе запамтам сѐ“, поезија, 1989)
  • Небески разбој („Небесен разбој“, поезија, 1991)

Поезија[уреди]

Најчест мотив во поезијата на Десанка Максимовиќ е љубовта, зашто според неа, секоја нејзина форма самата по себе е поезија. Често и обилно користи алитерации и внатрешни рими. Нејзино основно поетско мото е дека поезијата треба да биде разбирлива, јасна, искрена, отворена кон човекот и животот.

Многу од нејзините песни претставуваат повик кон човекот да стане добар, племенит, горд, благороден, да ги почитува луѓето со други верувања и сфаќања, мислења, бои и вери и да биде строг спрема своите маани како и кон туѓите. Од вредностите во животот кои Максимовиќ ги велича, особено се истакнуваат, покрај љубовта, и преданоста, храброста, добротата и некористољубивоста.

Во подоцнежниот период од нејзиниот живот, лириката на Десанка Максимовиќ добива еден посмирен, потивок и поспокоен дух. Нејзината поезија, расказите, романите, книгите за деца и низа нејзини есеи се преведени на огромен број светски јазици, а исто така поединчни песни од нејзиното творештво се влезени во голем број светски антологии.

Награди и признанија[уреди]

Десанка Максимовиќ има добиено голем број на книжевни награди, а меѓу нив особено се истакнуваат Вуковата, Његошевата (1984) и Наградата АВНОЈ. Избрана е за почесен граѓанин на Валево.

Првото свое признание го добива во 1925 година на конкурсот за најдобра песна на списанието на Мисао („Мисла“).

Во 1985 година реновирано е основното училиште во Бранковина каде има учено Десанка Максимовиќ и каде и нејзиниот татко бил учител. Ова училиште денес го носи името „Десанкина школа", како што околното население и пред преименувањето го нарекувало.

Во 1988 година, Десанка Максимовиќ е одликувана со Златен венец на Струшките вечери на поезијата. Уште во текот на нејзиниот живот, во Валево, подигнат е споменик во нејзина чест. Споменикот го открива Матија Бечковиќ на 27 октомври 1990 година. Поетесата не била многу задоволна од овој чин, но го прифатила откако била убедена дека тоа е споменик на поезијата со нејзин лик.

На 12 февруари 1993, владата на Србија донесува одлука нејзиното име и дело трајно да остане запаметено преку основањето на Фондацијата Десанка Максимовиќ која ја доделува Наградата „Десанка Максимовиќ“. Одлуката на владата е реализирана со иницијатива на министерството за култура на Србија, како и на Народната библиотека [1]. Фондацијата е основана на 19 март 1993 годниа. Со основачки акт и статут се назначува дека фондацијата треба да „створи услови за трајно зачувување и негување на споменот за Десанка Максимовиќ, еден од најголемите поети на српски језик во XX век”.

По повод стогодишнината од нејзиното раѓање, Унеско ја прогласува Десанка Максимовиќ за личност на културата во 1998 година.

На 23 август 2007 година, откриен е споменик на Десанка Максимовиќ во Белград на Ташмајданскиот парк [2].

Белешки[уреди]

  1. „Фондацијата Десанка Максимовиќ“. архивирано од оригиналот на 17 декември 2008. http://web.archive.org/web/20081217162422/http://www.desanka.org.yu/fondation_c.html. , „За фондацијата”.
  2. Дневник онлајн, "Откриен е споменик на Десанка Максимовиќ."

Надворешни врски[уреди]